Go to the page content

Како управуваат хормоните со нашиот апетит и со навиките во исхраната

Во крвта постојат хемиски гласници кои ја помагаат контролата на нашиот апетит. Затоа треба да го разбереме начинот на којшто тие функционираат за да може да ја разјасниме улогата на биологијата во регулацијата на телесната тежина. Така ќе сфатиме зашто треба да преземеме мерки кои влијаат на биолошките процеси за да можеме успешно да се справиме со дебелината.

Па ние и не решаваме дали ќе бидеме гладни или сити по оброк, зар не? Едноставно имаме едно од овие две чувства во некој период од денот, и притоа реагираме.

Не можеме дури ни да сфатиме зошто повеќе сакаме чоколадо отколку зелено јаболко за ужинка, доцна навечер, кога наутро стануваме со цврста намера дека ќе истраеме во намерата да направиме здрав избор. 

Па, ако нашите навики во исхраната и изборот на храна не се целосно под наша свесна контрола и ако понекогаш се во спротивност со нашите намери, кои други сили се во игра, како функционираат и зошто често изгледа дека ги „саботираат“ нашите планови?

Хемиските гласници прават да се чувствуваме гладни или сити

„Потребата да се пронајде гориво за создавање енергија е длабок поттик во биологијата на сите живи организми: на сите ни треба храна за да преживееме. Значи, не е изненадувачки фактот дека нашето тело има толку сложен систем за контрола на внесот на храна што го предводат хормони“, објаснува Џозеф Пројето, професор по медицина на Универзитетот во Мелбурн.

Се чини дека хормоните дејствуваат како хемиски гласници помеѓу телото и мозокот, и тие ги усогласуваат нашите навики за јадење и изборот на храна.

Хормоните циркулираат низ крвта и доаѓаат од ткивата во различни делови на телото кои се вклучени во внесот и складирањето на енергијата, вклучувајќи ги цревата (каде што доаѓа и се вари храната), масното ткиво (каде што енергијата се складира во облик на маст) и панкреасот (каде што се создаваат хормоните вклучени во складирањето на енергијата, а таков е инсулинот).

„Потребата да се пронајде гориво за создавање енергија е длабок поттик во биологијата на сите живи организми: на сите ни треба храна за да преживееме. Значи, не е изненадувачки фактот дека нашето тело има толку сложен систем за контрола на внесот на храна што го предводат хормони.“

-Professor Joseph Proietto, University of Melbourne

Некои хормони се одговорни за стимулација на гладот (нив ги нарекуваме „хормони на глад“), додека пак други се одговорни да се чувствуваме сити (нив ги нарекуваме „хормони на ситост“).

Подолу е прикажан поедноставен преглед на хормоните вклучени во регулирањето на апетитот. Тука може да видите каде се ослободуваат различните хормони во телото и како влијаат на нашиот апетит.

Кога е полн, желудникот ни ја намалува желбата за јадење така што ослободува помалку хормон на глад и му испраќа порака на мозокот да престанеме да јадеме. Истовремено, нивото на хормоните на ситост се зголемува и достигнува пик помеѓу 30 и 60 минути по оброкот.

Ова активно меѓудејство на пораките од хормоните за глад и за ситост помага мозокот да ги регулира нашите навики во исхраната. Друга група хормони може да влијае на нашиот избор на храна и да нè мотивира да јадеме дури и кога не чувствуваме глад.

Како влијае намалувањето на телесната тежина на нашите хормони

Се чини дека нивото на хормоните се менува и при намалувањето на телесната тежина. Неколку студии покажале дека намалувањето на телесната тежина предизвикано од диета тесно се поврзува со хормонски промени што водат кон враќање на телесната тежина.

По намалување на телесната тежина, нивото на хормоните на ситост се намалува, а нивото на хормоните на глад се зголемува. Овие промени водат кон постојано зголемување на гладот, намалено чувство на ситост и согорување на помалку калории. Овие промени може да траат до три години и веројатно се причината зошто 8 од 10 луѓе ја враќаат изгубената тежина на долг рок.

Овие откритија укажуваат на тоа дека потиснувањето на гладот по намалување на телесната тежина може да им помогне на луѓето да ја одржат саканата телесна тежина.

По намалување на телесната тежина, нивото на хормоните на ситост се намалува, а нивото на хормоните на глад се зголемува. Овие промени водат кон постојано зголемување на гладот, намалено чувство на ситост и согорување на помалку калории.

-Hall KD & Kahan S., Maintenance of Lost Weight and Long-Term Management of Obesity

Заобиколете го начинот на којшто функционираат вашите хормони

Важно е да знаеме дека не можеме да ги контролираме нашите хормони. Кога чувствуваме глад, навистина е многу тешко да не јадеме, без разлика колку не сакаме. Но знаењето како функционираат нашите хормони може да ни помогне да разбереме каков тип интервенции и стратегии може да ни требаат за успешно да се справиме со телесната тежина. 

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.
Референци
  • Proietto J. Chemical messengers: how hormones make us feel hungry and full. The Conversation 2015: https://theconversation.com/chemical-messengers-how-hormones-make-us-feel-hungry-and-full-35545 [Accessed July 2019].
  • Berthoud HR, Münzberg H, & Morrison CD. Blaming the Brain for Obesity: Integration of Hedonic and Homeostatic Mechanisms. Gastroenterology 2017; 152:1728–1738.
  • Hall KD & Kahan S. Maintenance of Lost Weight and Long-Term Management of Obesity. Med Clin N Am 2018; 102:183–197.
  • Purcell, K et al. The effect of rate of weight loss on long-term weight management: a randomized controlled trial. Lancet Diabetes Endocrinol 2014; 2:954-962.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Волја или биологија: Кој управува?
ХОРМОНИ   БИОЛОГИЈА   РЕГУЛАЦИЈА НА АПЕТИТОТ | 4 min. read

Волја или биологија: Кој управува?

За да ослабете ќе треба да јадете помалку и да се движите повеќе. Но многу аспекти од нашиот избор на храна и физичка активност се одредени од сложен биолошки систем што е надвор од нашата волја.

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?
ДЕБЕЛИНА   БИОЛОГИЈА   МИСЛЕЊЕ ОД ЕКСПЕРТ | 6 min. read

Голема дебата: Дали е дебелината навистина болест?

Сè повеќе експерти ја препознаваат дебелината како болест. За некого ова претставува изненадување, а за други олеснување особено за оние што живеат со дебелината.

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.