Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови
против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни
начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за
дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со
телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе
различни третмани коишто функционираат на различни начини.
Дебелината е сложена болест со многу причини. Па според тоа, како што
вели професор Арија Шарма: „Не постои ниту една стратегија за
справување со телесната тежина која би одговарала за сите пациенти.“
Тој е научен директор на здружението за дебелина во Канада (Obesity
Canada) и клиничар кој специјализирал за третман
на дебелината во последните 20 години.
„Секој успешен план за третман вклучува долготрајни стратегии за
справување кои им помагаат на пациентите да ја намалат телесната
тежина и да спречат повторно враќање на изгубените килограми“, додава
тој. На луѓето што живеат со дебелина потребен им е персонализиран
план за третман, направен специјално за нив.
Планот може да вклучува повеќе различни терапевтски опции. И како
што напредувате на патот кон регулирање
на вашата телесна тежина, различни видови третмани може да
станат повеќе или помалку релевантни. Поради тоа, вашиот план за
справување со телесната тежина треба да биде приспособен согласно
вашите потреби и тој може да се менува со текот на времето.
Првиот чекор е да најдете здравствен работник кој е едуциран за
третман на дебелината. Сè повеќе здравствени работници се запознаени
со науката која стои зад оваа болест
и знаат како треба ефикасно да ја третираат, па затоа не откажувајте
се ако ви треба малку повеќе време за да успеете да најдете здравствен
работник кој е запознаен и едуциран за третман на дебелината. Ако не
сте сигурни како да започнете разговор, овој
водич може да ви даде идеја како да го направите тоа.
Па ајде да погледнеме неколку научно докажани терапевтски опции што
ги имаат на располагање здравствените работници.*
Здрава
исхрана – Разберете „како“ и „зошто“ кога станува збор за
вашиот однос кон храната
Заборавете на чудотворна диета. Кога станува збор за дебелината,
промената на начинот на исхрана подразбира многу повеќе од само
внесување помало количество калории по секоја цена. Наместо тоа,
лекарот ќе ги земе предвид вашите навики и времето кога јадете при
изработка на вашиот план за справување со телесната тежина.
На пример, дали постои одредено време од денот кога сте најизложени
на ризик од прејадување или јадење нездрава храна?
Каде обично јадете? Дали јадете кога сте уморни, под стрес или
тажни? И како го доживувате чувството на ситост по оброкот? Сите овие
прашања откриваат важни информации што може да ви помогнат да
воспоставите поодржлив однос кон храната.
Не треба да трчате маратон секој ден. За почеток внесете малку повеќе
движење во секојдневниот живот и со тоа може да постигнете значајна
промена. Ако седите долго во текот на денот, станете и раздвижете се
наоколу неколку минути на секој час. Тоа може да направи разлика, исто
како и пешачењeто до продавница или качување по скали, секогаш кога
сте во можност да го правите тоа.
Важно е да наоѓате начини како да бидете физички активни секој ден,
притоа уживајќи. Целта е да постигнете 150 минути физичка активност во
текот на неделата. Започнете полека кон остварување на оваа цел и
постепено внесувајте нови рутини
за физичка активност во вашиот живот што ќе можете да ги одржите со
текот на времето.
Бихеjвиорална терапија
Нашето тело и мозокот се длабоко поврзани. Бихеjвиоралните терапевти
работат со психолошките
аспекти во регулацијата на телесната тежина, помагајќи ви да ги
откриeте шемите на размислувања, емоциите и навиките, како, на пример,
што ве наведува да јадете и со тоа да се здебелите. Тоа може да се
големината на порциите и/или честите ужинки и/или јадењето/пиењето
кога не сте гладни.
Фокусот на бихеjвиоралната терапија е да ве охрабри да развиете
вештини за надминување на тие навики и шеми и да ви помогне да го
одржите намалувањето на телесната тежина на долг рок и да го подобрите здравјето.
Заменски оброк/нискоенергетска исхрана
Заменските оброци се производи со ограничени калории кои ги содржат
есенцијалните хранливи состојки, витамини и минерали. Заменските
оброци вообичаено имаат висок процент протеини и мало количество масти
и јаглехидрати.
Заменските оброци може да бидат дел од клинички надгледуван план за
исхрана кој подразбира замена на еден или повеќе оброци секој ден со
храна или формулации кои содржат точно определен број калории, на
пример помеѓу 800 и 1200 калории дневно.
Лекови против дебелина
Исто како што не можеме да ја контролираме телесната температура со
моќта на нашите мисли, не можеме ни свесно да контролираме некои
биолошки процеси кои влијаат на нашиот апетит. Во тој случај лековите
против дебелина имаат влијание, делувајќи на тие различни биолошки процеси.
Различни лекови делуваат на различен начин. Некои лекови против
дебелина помагаат во регулацијата на апетитот и го намалуваат
количеството храна што ја внесуваме. Ова помага да јадете помалку и ја
олеснува промената на животниот стил.
Лековите против дебелина, исто така, може да го спречат враќањето
на изгубените килограми преку одржување на вашиот биолошки
одговор на намалувањето на телесната тежина, како што е постојано
зголемен глад. Други лекови помагаат во намалување на телесната тежина
така што го менуваат начинот на којшто вашето тело ја апсорбира
храната. На пример го намалуваат количеството на масти што се
апсорбираат во вашето тело.
Баријатрична хирургија
Генерално, овој тип операции го намалуваат апетитот и количеството
храна којашто може да ја изеде пациентот за еден оброк и притоа да се
чувствува сито. Докажано е дека се случуваат метаболички и хормонални
промени, кои имаат голема улога во регулирањето на телесната тежина.
Хормоналните промени кои настануваат спречуваат враќање на изгубените килограми.
Пронајдете третмани што вам ви одговараат
Вашиот лекар ќе ви помогне да направите персонализиран план
за справување со телесната тежина. Но тој не може да предвиди
како ќе реагирате на различните третмани што ви ги предложил. Сите ние
сме различни, па според тоа нашиот одговор на третманот ќе биде многу индивидуален.
Поради тоа лекарот може да го приспособи вашиот план за справување
со телесната тежина со текот на времето, во зависност од одговорот на
вашето тело и вашите здравствени потреби.
Плато на телесната тежина
Без разлика кој терапевтски пристап сте го избрале во вашиот план за
справување со телесната тежина, во еден момент намалувањето на
телесната тежина ќе престане и ќе стагнира. Тоа се нарекува
постигнување „плато на телесната тежина“. Ова е неизбежен дел на патот
кон намалување на телесната тежина што може да ве фрустрира и обесхрабри.
Платото е резултат на природната адаптација на намалувањето на
телесната тежина (од аспект на еволуцијата, намалувањето на телесната
тежина не е поволно за преживување и размножување). Поради тоа, телото
на намалувањето на телесната тежина реагира така што постепено и често
несвесно го зголемува внесот на храната и ја забавува потрошувачката
на енергија. Студиите покажале дека ова може да трае со години. Не е
ни чудно тоа што 8 од 10 луѓе ги враќаат изгубените килограми на долг
рок. Ова е уште еден доказ дека и покрај нашите најдобри намери во
обид да ослабеме, нашата биологија
често функционира на механизми развиени низ милиони години природна селекција.
Луѓето коишто постигнале плато често велат: „Која е поентата? Ова
повеќе не функционира!“ или „Заглавен/на сум. Затоа што моите напори
повеќе не даваат резултати, подобро е да се откажам“.
Но она што често не го разбираме е дека одржувањето на намалената
телесна тежина е подеднакво тешко и претставува многу големо достигнување,
земајќи ги предвид големиот број фактори кои имаат улога во
справувањето со телесната тежина. Поради тоа, многу лекари велат дека
одржувањето на платото треба да се цени и прослави.
Имајте предвид дека вашиот третман и понатаму дејствува во заднина
за да ги „скроти“ бурните биолошки процеси, иако не гледате подобрени
резултати кога се мерите на вага. Но што ако намалувањето на телесната
тежина што сте го постигнале не е доволно за да забележите подобрување
на вашето здравје и квалитет на живот што сте ги очекувале? Всушност,
треба подеднакво да се гордеете со напорот и посветеноста што сте ги
вложиле за да стигнете онаму каде што сте денес. Продолжете со добрата
работа и напредок и закажете термин кај вашиот лекар за да го
прегледате планот за справување со телесната тежина и да видите дали
терапевтскиот пристап треба да се интензивира или приспособи.
*Некои третмани може да предизвикаат несакани ефекти. Информациите
во овој текст не треба да се разберат како совет за третман или
препораки. Секогаш консултирајте се со вашиот лекар за совет за
третман.
Референци
Puhl RM & Heuer CA. Obesity Stigma: Important
Considerations for Public Health. American Journal of Public
Health 2010; 100:6:1019-1028.
Freedhoff Y. &
Sharma A.M. Best Weight – A practical guide to office-based
obesity management. Canadian Obesity Network 2010.
Wadden TA et al. Overview of the Treatment of Obesity in Adults.
In: Thomas A. Wadden & George A. Bray (eds.). Handbook of
Obesity Treatment. New York: Guilford Press 2018;283-308.
Kushner RF & Kahan S. The Emerging Field of Obesity
Medicine. In: Thomas A. Wadden & George A. Bray (eds.). Handbook
of Obesity Treatment. New York: Guilford Press 2018;413-452.
Berthoud H, Münzberg H., & Morrison, C.D. Blaming the brain
for obesity. Gastroenterology 2017;152(7):1728-1738.
American Association of Clinical Endocrinologists. Empower
your health: Guide to physical activity:
https://www.empoweryourhealth.org/sites/all/files/EmPower-Physical-Activity-Guide.pdf
[Accessed July 2019].
Gomez-Rubalcava S, Stabbert K &
Phelan S. Behavioral Treatment of Obesity.In: Thomas
A Wadden & George A Bray (eds.). Handbook of Obesity
Treatment. New York: Guilford Press 2018.
Forman E
& Butryn M. Effective Weight Loss: An Acceptance-Based
Behavioral Approach - Treatments That Work (Workbook Ed.). New
York: Oxford University Press 2016.
Butryn ML, Webb V &
Wadden TA. Behavioral treatment of obesity. Psychiatric
Clinics 2011; 34(4):841-859.
Li M & Cheung BMY.
Pharmacotherapy for obesity. British Journal of Clinical.
Pharmacology 2009; 68:804–810.
Stefanidis A &
Oldfield BJ. Neuroendocrine mechanisms underlying bariatric surgery:
Insights from human studies and animal models. Journal of
Neuroendocrinology 2017; 29:e12534.
Schmidt JB et al.
Effects of RYGB on energy expenditure, appetite and glycaemic
control: a randomized controlled clinical trial. International
Journal of Obesity 2016; 40:281–290.
Xulong S et al.
From Genetics and Epigenetics to Precision treatment of obesity:
Gastroenterology Report 2017; 5(4):266–270.
Vanwormer FM et al. Weight-Loss Outcomes: A Systematic Review
and Meta-Analysis of Weight-Loss Clinical Trials with a Minimum
1-Year Follow-Up. J Am Diet Assoc. 2007. 107:1755-1767.
Rosenbaum M et al. Long-term persistence of adaptive
thermogenesis in subjects who have maintained a reduced body weight.
Am J Clin Nutr. 2008; 88:906–912.
Schwartz A &
Doucet É. Relative changes in resting energy expenditure during
weight loss: a systematic review. Obesity Reviews. 2010;
11:531–547.
Hall KD & Kahan S. Maintenance of lost weight
and long-term management of obesity. Medical Clinics of North
America 2018; 102(1):183-197.
Tsai AG & Wadden TA.
Treatment of Obesity in Primary Care. In: Thomas A Wadden &
George A Bray (eds.). Handbook of Obesity Treatment. New
York: Guilford Press 2018; 453-465.
Индексот на телесна маса (BMI) го претставува односот на висината и
тежината, според кој возрасната популација се категоризира во група на
потхранети (со недоволна телесна тежина), со прекумерна телесна тежина
или со дебелина.
Дебелината е сложена болест, но нејзиниот третман не мора да биде.
Здравствените работници едуцирани за третман на дебелината поседуваат
знаење и алатки за да направат план за третман што вам ќе ви одговара.