Go to the page content

Волја или биологија: Кој управува?

За да ослабете ќе треба да јадете помалку и да се движите повеќе. Но многу аспекти од нашиот избор на храна и физичка активност се одредени од сложен биолошки систем што е надвор од нашата волја.

Секој ден носиме стотици одлуки, големи и мали. Многу од нив се добри, но понекогаш подоцна сфаќаме дека сме донесле погрешна одлука, дури и во моментот кога ја носиме одлуката. 

Ова често се случува кога станува збор за нашиот однос кон храната. Се обвинуваме себеси дека не сме ја донесле вистинската одлука за да ја постигнеме нашата целна телесна тежина. Се обидуваме да јадеме помалку и да се движиме повеќе, но не успеваме во тоа секогаш.

Но што ако имаме многу помалку слободна волја отколку што мислиме?

Брзо и бавно мислење

Можеме да му се заблагодариме на бихевиоралниот економист Даниел Канеман кој ни помага да разбереме дека имаме помалку свесна контрола над донесувањето одлуки отколку што мислиме дека имаме. Всушност, ние донесуваме многу одлуки без да сме свесни за тоа.

Тој ова го нарекува Систем 1 на размислување, којшто е брз, интуитивен и несвесен, како што е одбирање блуза од плакар или врзување врвки на чевлите.

Системот 2 функционира поинаку. Да речеме дека имате важен состанок. Може да потрошите многу време во пробување различна облека и бaрање совет од вашите пријатели. Ова е Систем 2 на размислување – бавен и промислен.

Систем 1 и Систем 2 во регулирање на телесната тежина

Како функционираат Систем 1 и Систем 2 кога се во прашање телесната тежина и регулацијата на апетитот?

Многу луѓе долго и напорно размислуваат за нивната целна тежина и за храната што сакаат да ја јадат. Ова може да значи дека се на диета или се трудат да не земаат дополнителни порции. Тоа е она што повеќето луѓе го сметаат за волја. Волјата функционира под влијание на Системот 2.

Меѓутоа, држењето до целите во врска со храната и телесната тежина е отежнато поради влијанието на Системот 1. Тие влијанија се регулирани од правилата на играта за преживување којашто повеќе не е релевантна. Правилата за преживување му даваат предност на земањето високоенергетска храна и силно нè штитат од намалување на телесната тежина.

„Комбинација од различни терапии и пристапи кои вклучуваат повеќе механизми за регулација на телесната тежина веројатно е и најефикасен начин за справување со дебелината."

-Berthoud HR et al. Blaming the Brain for Obesity: Integration of Hedonic and Homeostatic Mechanisms.

Пресметајте го вашиот BMI (индекс на телесна маса)

cm
ft
in
kg
st
lb

Вашиот BMI:

__

Класификација на вашата телесна тежина:

__

@




A link with your BMI result has been sent to the email address.
An error has occured. The email wasn't sent.
A woman at the gym planking

Работете на вашата биологија

Науката докажала дека ако сакаме да ослабеме и да ја одржиме телесна тежина, волјата не е единствениот фактор што има влијание. Всушност, таа има многу помала улога кога станува збор за регулирање на телесната тежина отколку што ние мислиме. 

Телесната тежина ја контролираат многу процеси и некои од нив се надвор од нашата свесност. Поради тоа, комбинација од различни терапии и пристапи кои вклучуваат повеќе механизми веројатно е и најефикасен начин за справување со дебелината според група истражувачи од Државниот универзитет во Луизијана. 

За среќа, не мора да се справувате сами со ова. Закажувањето преглед кај обучен здравствен работник за ваш личен план за третман претставува важен прв чекор во справувањето со предизвикот и поттикнувањето на вашата биологија да дејствува во ваша корист.

Референци
  • Berthoud HR, Münzberg H, & Morrison CD. Blaming the Brain for Obesity: Integration of Hedonic and Homeostatic Mechanisms. Gastroenterology 2017; 152:1728–1738.
  • Hall K & Hammond RH. Dynamic Interplay Among Homeostatic, Hedonic, and Cognitive Feedback Circuits Regulating Body Weight. American Journal of Public Health 2014; 104:7.
  • Nair P. QnAs with Daniel Kahneman. PNAS 2013; 110(34),13696.

ПОВРЗАНИ ТЕМИ

ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Како управуваат хормоните со нашиот апетит и со навиките во исхраната
ХОРМОНИ   БИОЛОГИЈА   РЕГУЛАЦИЈА НА АПЕТИТОТ | 5 min. read

Како управуваат хормоните со нашиот апетит и со навиките во исхраната

Во крвта постојат хемиски гласници кои ја помагаат контролата на нашиот апетит. Затоа треба да го разбереме начинот на којшто тие функционираат за да може да ја разјасниме улогата на биологијата во регулацијата на телесната тежина. Така ќе сфатиме зашто треба да преземеме мерки кои влијаат на биолошките процеси за да можеме успешно да се справиме со дебелината.

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина
ТРЕТМАНИ   СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА | 2 min. read

Научно докажани опции за регулирање на телесната тежина

Без разлика дали станува збор за бихеjвиорална терапија, лекови против дебелина или баријатрична хирургија, постојат повеќе различни начини за третман на дебелината. Здравствен работник кој е едуциран за дебелината може да ви помогне да подготвите план за справување со телесната тежина што ќе биде соодветен за вас, комбинирајќи повеќе различни третмани коишто функционираат на различни начини.

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар
ТРЕТМАНИ   ГРИЖА ЗА ДЕБЕЛИНАТА   МЕДИЦИНСКА ПОДДРШКА | 5 min. read

Ајде да разговараме: 13 прашања за дебелината што може да му ги поставите на вашиот лекар

Да почнете разговор за дебелината може да биде тешко, дури и со вашиот лекар.