14 август
Изглед
14 август — 226-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (227-и во престапна година). Остануваат 139 денови до крајот на годината. Предлошка:Август 2025
Настани:
1457 | Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја - „Мајнчки псалтир“ (на сликата) отпечатена во црвена и црна боја. |
1784 | На островот Кодијак покрај Алјаска основана е првата руска колонија. Во 1867 година САД ја купуваат Алјаска од Царска Русија за 7,2 милиони долари. |
1893 | Франција воведува регистрација на моторните возила. |
1941 | Втора светска војна: Официјално е објавен текстот на Атлантската повелба потпишана од британскиот премиер Винстон Черчил и американскиот претседател Франклин Рузвелт . |
1945 | Јапонија ги прифаќа условите за предавање на сојузниците во Втората светска војна. |
1947 | Пакистан добива независност од британската Индиска империја под администрација на Велика Британија и се приклучува на Комонвелтот. |
1949 | Формиран е Македонскиот фудбалски сојуз. |
2009 | За 7 часа 42 минути и 32 секунди македонскиот пливачки маратонец Томи Стефановски го преплива каналот Ламанш. По Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година, тој е третиот Македонец што го препливал каналот кој го дели Британскиот Oстров од останатиот дел од Европа. |
Родени:
Починале:
1464 | Пиј II — римски папа. |
1484 | Сикст IV — римски папа. |
1931 | Златко Шнајдер — хрватски и југословенски комунист, секретар на СКОЈ. |
1941 | Пол Сабатје — француски хемичар, добитник на Нобеловата награда. |
1942 | Алексеј Троицки — руски шаховски композитор. |
1956 | Бертолт Брехт — германски писател. |
1958 | Фредерик Жолио-Кири — француски физичар и Нобелов лауреат. |
1977 | Александар Лурија — руски невролог и психолог. |
1988 | Енцо Ферари — италијански конструктор на спортски автомобили. |
1994 | Елијас Канети — германско-британски писател, добитник на Нобеловата награда во 1981 година. |
2004 | Чеслав Милош — полски писател и нобеловец. |