Конија
Конија | |
---|---|
Град | |
Местоположба на Конија на картата на Турција | |
Координати: 37°52′N 32°29′E / 37.867° СГШ; 32.483° ИГД | |
Земја | Турција |
Регион | Централна Анадолија |
Покраина | Конија |
Управа | |
• Градоначалник | Тахир Акјурек (АКП) |
Површина | |
• Вкупна | 38,873 км2 (15,009 ми2) |
Надм. вис. | 1.200 м |
Население (2014)[1] | |
• Вкупно | 1,220,795 |
• Густина | 50/км2 (100/ми2) |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Поштенски код | 42XXX |
Повик. бр. | (+90) 332 |
Регистарски таблички | 42 |
Мреж. место | www.konya.bel.tr |
Конија (турски: Konya; грчки: Ικόνιον — град во Централна Анадолија во Турција и главен град на истоимената провинција. Според податоци од 2014 година, градот има население од 1.174.536 жители[1]. Конија е економски и индустриски развиен град[2][3][4], и историска престолнина на Селџуците и Караманидите.
Историја
[уреди | уреди извор]Конија во класичната антика и во текот на средновековниот период бил познат под името Иконион на грчки јазик или Иконија на латински јазик.
Античка историја
[уреди | уреди извор]Ископувањата покажале дека регионот бил населен во текот на доцното бакарно време, во околу 3.000 година п.н.е.[5] Градот бил под контрола на Хетитите во околу 1.500 година п.н.е., додека под контрола на морски народи бил во околу 1.200 година п.н.е.
Бригите го воспоставиле своето кралство во Централна Анадолија во VIII век п.н.е. Ксенофонт ја опишал Иконија како последен град во Фригија. Регионот бил освоен од страна на Кимеријците во 690 година п.н.е., за да потоа биде освоен од Персија и по поразот на Дариј III од Александар Македонски биде вклучен во составот на Македонско Кралство во 333 година п.н.е.
По смртта на Александар, неговото кралство се распаднало на повеќе делови, а градот потпаднал под власта на Селевк I Победникот. За време на хеленистичкиот период, градот бил управуван од страна на кралевите на Пергам. По смртта на Атал III, последниот крал на Пергам, тој не оставил свој машки наследник, и неговото царство било вклучено во составот на Римската Република. За време на Римското Царство и царот Клавдиј, името на градот беше променето во Клавдиокониум, додека во времето на царот Адријан, градот бил познат како Колонија Алија Хадријана.
Апостолите Павле и Варнава проповедале во Иконија за време на Првото мисионерско патување во околу 47-48 година[6], и биле прогонети во Антиохија, но Павле и Сила веројатно го посетиле повторнорадот во текот на Второто мисионерско патување во околу 50 година.[7][8]. Нивната посета на еврејската синагога во Иконија го поделила градот на еврејски и нееврејски заедници меѓу оние кои верувале во пораката на Павле и Варнава и оние кои не верувале, по кое началниците сакале да ги каменуваат. Тие избегале во Листра и Дервија, градови на Ликаонија. Според Алберт Барнес, Тимотеј бил присутен со Павле во Иконија, како и во Листра Антиохија[9]. Градот станал седиште на епископија, кој во 370 година бил издигнат во митрополија, а за прв митрополит бил избран Свети Амфилохиј Икониски[10].
Според христијанската традиција, врз основа на апокрифните Дела на Павле и Текла, Иконија била родното место на Света Текла, кој го спасила градот од нападот од страна на Исавријанците.[10].
Во рамките на Византија, градот бил дел од Тема Анадолија. Во текот од 8 до 10 век, градот и околните тврдини биле цел на чести арапски напади како дел од Византиско-арапските војни[10].
Селџучки период
[уреди | уреди извор]Првите напади на Селџуците во регионот започнале во 1069 година, додека по Битката кај Манцикерт во 1071 година започнало освојувањето на Централна Анадолија. Конија од Селџуците бил освоен во 1084 година. Во периодот од 1097 до 1243 година градот бил престолнина на Иконискиот Султанат. Во 1097 година градот бил окупиран за кратко од страна на Годфрид Бујонски, и Фридрих Барбароса (18 мај 1190 година), по Битката кај Иконија во 1190 година. Областа во следниот период била повторно освоена од страна на Турците.
Името на градот во тоа време било променето во Конија (персиски: قونیه qawniyya) од страна на Месуд I во 1134 година. Градот својата златна доба ја доживеал во втората половина на 12 век, кога Селџуците ги покориле речиси сите анадолски бејлици и воспоставиле својата власт над речиси сите територии од Источна Анадолија. во тој период биле освоени и неколку пристанишни градови по должината на Средоземјето (вклучувајќи ја Аланија) и Црно Море (вклучувајќи го Синоп).
Голем број на Персијци и Турци од Персија и Средна Азија се преселила во анадолските градови бегајќи од инвазијата на Монголците[11]. Во текот на 1220-тите години во градот се населиле бегалци од Хорезмиското Царство. Султанот Кајкубад I за одбрана на градот изградил палата на врвот на тврдината. Во 1228 година тој ги поканил Бахаедин Велед и неговиот син Руми, да се населат во Конија.
Во 1243 година, Селџуците доживеале пораз од Монголците во Битката кај Ќоседаг, и градот Конија бил освоен од Монголците. Во текот на 13 век, персискиот јазик бил главен јазик кој го користиле населението од градот[12][13] . Поради големиот број на бегалци од Персија, во овој период се зацврстила и персиската култура во градот, која е присутна и денес преку архитекттурните градби и исламскиот мистицизам.
Караманидски период
[уреди | уреди извор]По падот на Селџуците во 1307 година, градот станал престолнина на Караманија. Во 1420 година Караманија била освоена од страна на Отоманското Царство, и градот станал престолнина на Караманскиот пашалак.
Отомански период
[уреди | уреди извор]Време на османлиското владеење, градот бил управуван од страна на синовите на султанот (шехзаде), започнувајќи со Шехзаде Мустафа и Шехзаде Џем (синови на султанот Мехмед II), а подоцна и идниот султанот Селим II. Помеѓу 1483 и 1864 година, градот бил административна престолнина на Караманскиот пашалак. За време на периодот на Танзиматот, градот станал седиште на вилаетот Конија.
Републикански период
[уреди | уреди извор]За време на Турската војна за независност, во Конија се наоѓала голема воздушна база[14]. Во 1922 година, воздухопловните сили биле преименувани како Инспекторат за воздухопловни сили со седиште во Конија[15][16].
Географија
[уреди | уреди извор]Конија се наоѓа на околу 200 километри јужно од Анкара, во Централна Анадолија. Како престолнина на најголемата провинција во Турција, Конија е еден од најголемите градови во земјата, како седми најгусто населен[17] . Надморската височина на градот е 1.027 метри, додека оклината зазима површина од 38.873 квадратни метри. Во околината на градот се наоѓаат планини високи околу 2.300 метри.
Клима
[уреди | уреди извор]Конија има ладна полусува клима и топла летна континентална или океанска клима[18].
Летните температури се во просек до 30 °C. Највисоката температура која била измерена во Конија била 40,6 °C на 30 јули 2000 година. Зимските температури се во просек -4,2 °C. Најниската температура која била измерена во Конија била -26,5 °C на 6 февруари 1972 година.
Климатски податоци за Конија (1950 - 2014) | |||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Месец | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | Годишно |
Највисока забележана °C (°F) | 17.6 (63.7) |
23.8 (74.8) |
28.9 (84) |
31.5 (88.7) |
34.4 (93.9) |
37.2 (99) |
40.6 (105.1) |
39.6 (103.3) |
36.1 (97) |
31.6 (88.9) |
25.2 (77.4) |
21.8 (71.2) |
40.6 (105.1) |
Прос. висока °C (°F) | 4.8 (40.6) |
7.1 (44.8) |
11.9 (53.4) |
17.5 (63.5) |
22.3 (72.1) |
26.7 (80.1) |
30.2 (86.4) |
30.1 (86.2) |
26.0 (78.8) |
19.8 (67.6) |
12.9 (55.2) |
6.6 (43.9) |
17.99 (64.38) |
Сред. дневна °C (°F) | 0.0 (32) |
1.4 (34.5) |
5.7 (42.3) |
11.1 (52) |
15.7 (60.3) |
20.2 (68.4) |
23.6 (74.5) |
23.1 (73.6) |
18.6 (65.5) |
12.4 (54.3) |
6.1 (43) |
1.7 (35.1) |
11.63 (52.96) |
Прос. ниска °C (°F) | −3.9 (25) |
−3.2 (26.2) |
0.0 (32) |
4.5 (40.1) |
8.7 (47.7) |
12.8 (55) |
16.1 (61) |
15.7 (60.3) |
11.1 (52) |
6.0 (42.8) |
0.8 (33.4) |
−2.3 (27.9) |
5.53 (41.95) |
Најниска забележана °C (°F) | −25.8 (−14.4) |
−26.5 (−15.7) |
−15.8 (3.6) |
−8.6 (16.5) |
−1.2 (29.8) |
3.2 (37.8) |
6.0 (42.8) |
6.6 (43.9) |
0.4 (32.7) |
−7.6 (18.3) |
−20.0 (−4) |
−22.4 (−8.3) |
−26.5 (−15.7) |
Прос. врнежи мм (ин) | 35.9 (1.413) |
28.0 (1.102) |
27.5 (1.083) |
32.3 (1.272) |
43.3 (1.705) |
24.3 (0.957) |
6.6 (0.26) |
5.3 (0.209) |
11.8 (0.465) |
30.1 (1.185) |
32.6 (1.283) |
42.0 (1.654) |
319.7 (12.588) |
Прос. бр. врнежливи денови | 9.8 | 8.6 | 8.9 | 9.4 | 10.8 | 6.7 | 2.3 | 1.5 | 3.1 | 6.3 | 6.8 | 9.9 | 84.1 |
Сред. бр. сончеви часови месечно | 99.2 | 124.3 | 207.7 | 213.0 | 279.0 | 312.0 | 353.4 | 347.2 | 282.0 | 223.2 | 156.0 | 96.1 | 2.693,1 |
Можен удел на сончевост | 32.6 | 40.9 | 56.2 | 53.9 | 63.3 | 70.4 | 78.5 | 82.3 | 75.7 | 64.2 | 51.4 | 32.5 | 58.49 |
Извор: Turkish State Meteorological Service[19] |
Образование
[уреди | уреди извор]Градот Конија е домаќин на центарот за обука на НАТО сојузниците и на воздухопловни сили. Во градот има повеќе од 100.000 студенти. Универзитетот Селчук имал најголем број на студенти, 76.080, од било кој државен универзитет во Турција во текот на академската 2008-09 година[20]. Универзитетот бил основан во 1975 година додека универзитетот Неџметин Ербакан бил основан во 2010 година[21].
Во градот постојат и неколку приватни академии како универзитетот КТО Каратај и универзитетот Мевлана.[22][23].
Економија
[уреди | уреди извор]Градот е рангиран помеѓу т.н. Анадолски Тигри во највисоко ниво[2][3][4]. Постојат голем број на индустриски капацитети во градот и околината[24] In 2012 Konya's exports reached 130 countries.[24]. Во 2012 година извозот од градот достигнал во 130 земји[24]. Во градот седиште има компанијата Комбасан Холдинг[25].
Земјоделството е едно од водечките гранки во регионот за развој на економијата, но во градот постојат и компании за автомобилската индустрија, машинско производство, хемиска и градежна индустрија, текстил, кожа итн.[24]
Сообраќај
[уреди | уреди извор]Во градот се наоѓа автобуската станица која врши превоз на своите патници до голем број на одредишта, вклучувајќи ги градовите Истанбул, Анкара и Измир. Во градот има изградено и поставено трамвајска мрежна линија, и се користи моделот Шкода 28 Т[26]. Градот Конија исто така има и железничка станица која е поврзана со Анкара, Ескишехир и Истанбул[27][28]. Постојат два аеродроми во Конија, државен аеродром и воена воздухопловна база која исто така се користи од страна на НАТО. Во 2006 година, аеродромот опслужил 262.561 патници[29].
Култура
[уреди | уреди извор]Во градот се наоѓа гробот на Руми (Мевлана). Во 1273 година неговите следбеници во Конија го основале Мевланскиот ред. Градот има репутација на еден од поголемите конзервативни верски центри во Турција. Градот некогаш бил познат како „тврдина на исламот“ и неговите жители сè уште се релативно повеќе побожни од оние од другите градови[30].
Во градот се произведувале теписи кои се извезувале во Европа за време на ренесансата[31][32].
Турски народна песна е наречена „Konyalım“, се однесува на некоја личност од Конија[33].
Локалната кујна вклучува јадења направени од пченицата и јагнешко месо[34]. Едно од најреномираните јадења на градот е етли екмек, слично на лахмаџун и пица.[34]
Знаменитости
[уреди | уреди извор]- Музеј Мевлана
- Џамија Алаедин
- Медреса Инџе минарет
- Медреса Каратај
- Џамија Азизије
- Етнолошки музеј
- Археолошки музеј
- Музеј на Ататурк
- Црква Св. Павле
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Теодул I, охридски архиепископ
- Руми, персиски поет
- Садрудин Кунави, мистик
- Окурт Бујуккоктен, софтверски инженер
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]
Европа |
Америка
|
Западна Азија |
Други делови од Азија |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Turkey: Major cities and provinces“. citypopulation.de. Посетено на 2015-02-08.
- ↑ 2,0 2,1 Financial Times: Reports — Anatolian tigers: Regions prove plentiful
- ↑ 3,0 3,1 root. „Anatolian Tigers“. Investopedia. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ 4,0 4,1 „Zaman: Anatolian tigers conquering the world“. Архивирано од изворникот на 2013-08-21. Посетено на 2016-10-18.
- ↑ „Konya“. Encyclopedia Britannica. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ Дела 13:51, Дела 14: 1-5 и Дела 14:21
- ↑ see William Ramsay, Cities of St. Paul, 315–384; F. F. Bruce, Paul: Apostle of the Heart Set Free Grand Rapids, MI: Eerdmans, 1977. p. 475.
- ↑ Дела 16: 2
- ↑ Barnes, A, Barnes' Notes on the Bible http://biblehub.com/commentaries/barnes/acts/14.htm accessed 6 September 2015
- ↑ 10,0 10,1 10,2 Foss, Clive (1991). „Ikonion“. Во Kazhdan, Alexander (уред.). Oxford Dictionary of Byzantium. London and New York: Oxford University Press. стр. 985. ISBN 978-0-19-504652-6.
- ↑ Mango, Andrew, Discovering Turkey, Hastings House, 1972, page 61
- ↑ همایی، جلال الدین: مولوی نامه/مولوی چه میگوید؟ (مجموعه دو جلدی). صفحه 1004: ".. زبان فارسی چندان رواج و شیوع داشت که در حکم زبان بومی شمرده میشد و همگان آن را درمیافتند و فهم میکردند. بهترین دلیل ما بر این دعوی گفتهٔ سلطان ولد فرزند برومند مولوی که است که در همان قونیه متولد شده و همانجا نشو و نما یافته و آثار ادبی خود را بوجود آورده بود. وی در منظومهٔ ولدنامه بعد از چندبیت که بعربی ساخته است میگوید: فارسی گو که جمله دریابند. گرچه زین غافلاند و در خوابند
- ↑ «فارسی، زبان مردم کوچه بازار قونیه بوده است». سایت خبری ایران بالکان. بایگانیشده از نسخهٔ اصلی در ۲۶ ژانویه ۲۰۱۳. بازبینیشده در ۳۰ خرداد ۱۳۸۹.
- ↑ Turkic:Kuva-yı Havaiye Müfettişliği
- ↑ „Bir Hata Oluştu“. Архивирано од изворникот на 2015-09-07. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ Utkan Kocatürk, Atatürk ve Türkiye Cumhuriyeti tarihi kronolojisi, 1918-1938, Türk Tarîh Kurumu Basımevi, 1983, p. 674.
- ↑ http://www.citypopulation.de/Turkey-RBC20.html December 2012 address-based calculation of the Turkish Statistical Institute as presented by citypopulation.de
- ↑ Updated world map of the Köppen-Geiger climate classification - Hydrology and Earth System Sciences Discussions
- ↑ „Meteoroloji“ (турски). Посетено на 8 January 2016.
- ↑ About Turkey and Konya Архивирано на 18 октомври 2014 г., Konya Livestock Congress, 2014
- ↑ „Konya Necmettin Erbakan Üniversitesi“. Архивирано од изворникот на 2015-04-27. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ „KTO Karatay Üniversitesi“. Karatay.edu.tr. Посетено на 2011-09-16.
- ↑ A Fuat Mercan. „Mevlana Üniversitesi | Mevlana University“. Mevlana.edu.tr. Архивирано од изворникот на 2011-09-23. Посетено на 2011-09-16.
- ↑ 24,0 24,1 24,2 24,3 „General Overview Of The Konya Economy“. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ „History « Kombassan Holding“. Архивирано од изворникот на 2015-05-25. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ (англиски) „Škoda Transportation wins Konya tram contract“. Архивирано од изворникот на 2017-08-30. Посетено на 2013-09-05.
- ↑ „Opening of Ankara - Konya fast line completes strategic link“. Railway Gazette. 24 August 2011. Архивирано од изворникот на 2020-08-13. Посетено на 2013-02-12.
- ↑ „Invensys commissions ERTMS solution on Turkish High Speed Line“. European Railway Review. 7 September 2011. Архивирано од изворникот 2011-12-20. Посетено на 20 December 2011.
- ↑ (турски) Konya Hava Meydanı at DHMİ (State Airports Authority)
- ↑ „BBC NEWS - Europe - 'Islam problem' baffles Turkey“. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ King, Donald and Sylvester, David. The Eastern Carpet in the Western World, From the 15th to the 17th century, Arts Council of Great Britain, London, 1983, ISBN 0-7287-0362-9. pp. 26-27, 52-57.
- ↑ Campbell, Gordon. The Grove Encyclopedia of Decorative Arts, Volume 1, "Carpet, S 2; History (pp. 187–193), Oxford University Press US, 2006, ISBN 0-19-518948-5, ISBN 978-0-19-518948-3 Google books. p. 189.
- ↑ „Konyalım“. Архивирано од изворникот на 2015-04-24. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ 34,0 34,1 „Konya Büyükşehir Belediyesi“. Архивирано од изворникот на 2018-08-08. Посетено на 25 May 2015.
- ↑ Kyoto İle Kardeş Şehir Protokolü İmzalandı, Heyet Japon Parkı'nı Gezdi Архивирано на 16 октомври 2014 г., Konya Büyükşehir Belediyesi (2010)
- ↑ 36,0 36,1 „Rumi Remembered in Birthplace of Shams“. Архивирано од изворникот на 2015-04-07. Посетено на 21 March 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Конија“ на Ризницата ? |
- Encyclopædia Britannica: Konya
- More information about Konya Архивирано на 29 декември 2017 г.
- Emporis: Database of highrises and other structures in Konya
- Detailed Pictures of Mevlana Museum Архивирано на 5 декември 2008 г.
- Pictures of the city, including Mevlana Museum and several Seljuk buildings Архивирано на 16 октомври 2007 г.
- 600 Pictures of the city and sights
- Extensive collection of pictures of the Mevlana museum in Konya
- Cities of St. Paul, 316-384
- ArchNet.org. „Konya“. Cambridge, Massachusetts, USA: MIT School of Architecture and Planning. Архивирано од изворникот на 2012-10-23. Посетено на 2016-10-19.
- „Konya“. Islamic Cultural Heritage Database. Istanbul: Organization of Islamic Cooperation, Research Centre for Islamic History, Art and Culture. Архивирано од изворникот на May 16, 2013.
|