Долина на Марна
Долина на Марна Val-de-Marne | |||
---|---|---|---|
Департман | |||
Местоположба на Долина на Марна во Франција | |||
Држава | Франција | ||
Регион | Ил-де Франс | ||
Префектура | Кретеј | ||
Потпрефектура | Л'ај-ле-Роз Ноже на Марна | ||
Управа | |||
• Претседател на департманскиот совет | Оливје Капитанјо[1] (ЛР) | ||
Површина1 | |||
• Вкупна | 245 км2 (95 ми2) | ||
Население (2019) | |||
• Вкупно | 1.407.124 | ||
• Ранг | 12. | ||
• Густина | 5,700/км2 (15,000/ми2) | ||
Час. појас | СЕВ (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | СЕЛВ (UTC+2) | ||
Департмански број | 94 | ||
Округ | 3 | ||
Кантони | 25 | ||
Комуни | 47 | ||
^1 Според податоци на Францускиот земјиштен регистар, кој ги исклучува естуари и езерата, езерцата и глациерите поголеми од 1 км2 |
Долина на Марна (француски: Val-de-Marne; Вал-де-Марн) ― департман во Франција, сместен во регионот Ил-де-Франс. Именуван по реката Марна, се наоѓа во метрополата Голем Париз југоисточно од градот Париз. Во 2019 година, Долина на Марна имала население од 1,407,124 жители.[2]
Нејзиниот број на Националниот институт за статистика и економски студии, и поштенски број е 94.
Географија
[уреди | уреди извор]Вал-де-Марн е, заедно со Сена-Сен-Дени и Сенски Висови, еден од трите мали департмани во Ил-де-Франс кои образуваат прстен околу Париз, познат како Внатрешен круг (Petite Couronne). Од 1 јануари 2016 година, Вал-де-Марн bila вклучен во Метрополата Голем Париз.
Поважни гратчиња
[уреди | уреди извор]Најнаселена комуна е Витри на Сена ; префектурата Кретеј е втора најнаселена. Од 2019 година, има 5 комуни со повеќе од 60.000 жители:[2]
Комуна | Население (2019) |
---|---|
Витри на Сена | 95.510 |
Кретеј | 93.246 |
Шампињи на Марна | 76.990 |
Сен Мор-де-Фосес | 74.976 |
Иври на Сена | 63.748 |
Администрација
[уреди | уреди извор]Вал-де-Марн е составен од 3 окрузи и 47 комуни:
Историја
[уреди | уреди извор]Вал-де-Марн била создадена во јануари 1968 година, преку спроведување на закон донесен во јули 1964 година. Со положба југоисточно од париската обиколница (и линијата на старите градски ѕидини), таа била создадена од јужно-источниот дел на (претходно многу поголем) департман Сена, заедно со мал дел земен од отцепениот департман Сена и Уаз.
Демографија
[уреди | уреди извор]Развој на населението од 1881 година:
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1881 | 161,607 | — |
1891 | 213,706 | +32.2% |
1901 | 288,879 | +35.2% |
1911 | 386,073 | +33.6% |
1921 | 462,2 | +19.7% |
1931 | 657,322 | +42.2% |
1936 | 685,295 | +4.3% |
1946 | 672,024 | −1.9% |
1954 | 767,729 | +14.2% |
1962 | 974,962 | +27.0% |
1968 | 1,121,319 | — |
1975 | 1,215,713 | — |
1982 | 1,193,655 | — |
1990 | 1,215,538 | — |
1999 | 1,227,250 | — |
2006 | 1,298,340 | — |
2011 | 1,333,702 | — |
2016 | 1,378,151 | — |
Туризам
[уреди | уреди извор]-
Весенскиот замок
-
Розарницата „Долина на Марна“
-
Знаменитост од Фрагонаровиот музев во Алфор
-
Весенската тркачка патека
-
Зоолошката градина Париз (поранешната Зоолошка градина Весен)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 мај 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Populations légales 2019: 94 Val-de-Marne, INSEE
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- (на француски) Префектура
- (на француски) Департмански совет Архивирано на 2 септември 2022 г.
- (на француски) Граѓански блог Архивирано на 3 март 2009 г.
|