Прејди на содржината

Мен и Лоара

Координати: 47°20′N 1°40′W / 47.333° СГШ; 1.667° ЗГД / 47.333; -1.667
Од Википедија — слободната енциклопедија
Мен и Лоара
Maine-et-Loire
Француски департман
Паркот на префектурата во Анже
Паркот на префектурата во Анже
Знаме на Мен и Лоара Maine-et-LoireГрб на Мен и Лоара Maine-et-Loire
Местоположба на Мен и Лоара во Франција
Местоположба на Мен и Лоара во Франција
ДржаваФранција
РегионЛоарски Крај
ПрефектураАнже
ПотпрефектуриШоле
Сомир
Сегре-ан-Анжу Бле
Управа
 • Претседател на Советот на департманотФлоранс Дабен[1] (Мешана десница)
Површина1
 • Вкупна7.107 км2 (2,744 ми2)
Население (2019)
 • Вкупно818.273
 • Ранг28-ми
 • Густина120/км2 (300/ми2)
Час. појасСЕВ (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)СЕЛВ (UTC+2)
Број на департманот49
Арондисмани4
Кантони21
Општини1777
^1 Француски катастар на земјиште кој не ги вклучува естуарите, езерата, вештачките езера и ледниците поголеми од 1 км2.

Мен и Лоара (француски: Maine-et-Loire) — департман во Лоарската Долина во регионот Лоарски Крај во Западна Франција. Името го добил по двете реки, Мен и Лоара. Се граничи со Мајен и Сарт на север, Атлантска Лоара на запад, Ендр и Лоара на исток, Вјена и Де Севр на југ, Вандеја на југозапад и Ил-ет-Вилен на северозапад. Исто така, се граничи со Ил-ет-Вилен на север за само 19 метри, најкратката граница на департманот во Франција. Нејзина префектура е Анже; нејзини потпрефектури се Шоле, Сомир и Сегре-ан-Анжу Бле. Во 2019 година департманот брое 818.273 жители,[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Мен и Лоара е еден од првичните 83 департмани создадени за време на Француската револуција на 4 март 1790 година, главно вон јужниот дел на поранешната провинција Анжу.[3] Првично се викал Мајен и Лоара, но во 1791 година му било променето името во Мен и Лоара. Името го носи според реките Мен и Лоара, кои течат низ департманот.

Географија

[уреди | уреди извор]

Мен и Лоара е дел од сегашниот регион Лоарски Крај. Негов главен град е Анже, седиште на епископија и апелационен суд.[3]

Има разновиден крајолик, со пошумени ридови на југ и север, разделени со долината на Лоара. Највисоката точка е Колин де Гард (Colline des Garde) со надморска висина од 210 метри. Дел од Лоарската Долина, светско наследство на УНЕСКО се наоѓа во Мен и Лоара.[4]

Областа има многу пловни реки како што се Лоара, Сарт, Мајен, Лоар и Отион.

Поголеми градови

[уреди | уреди извор]

Најнаселена општина е Анже, која воедно е префектура на департманот. Од 2019 година, има 6 општини со повеќе од 20.000 жители:[2]

Општина Население (2019)
Анже 155.850
Шоле 54.037
Сомир 26.467
Севрмоан 25.162
Бопрео-ан-Мож 23.419
Шемије-ан-Анжу 20.828

Демографија

[уреди | уреди извор]

Движење на населението од 1801 година:

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1801375,544—    
1806404,134+7.6%
1821442,859+9.6%
1831467,871+5.6%
1841488,472+4.4%
1851515,452+5.5%
1861526,012+2.0%
1872518,471−1.4%
1881523,491+1.0%
1891518,589−0.9%
1901514,658−0.8%
1911508,149−1.3%
1921474,786−6.6%
1931475,991+0.3%
1936477,69+0.4%
1946496,068+3.8%
1954518,241+4.5%
1962556,272+7.3%
1968584,704+5.1%
1975629,849+7.7%
1982675,321+7.2%
1990705,882+4.5%
1999733,813+4.0%
2006766,659+4.5%
2011790,343+3.1%
2016810,934+2.6%

Политика

[уреди | уреди извор]

Претседател на Советот на департманот е Флоранс Дабен, избрана во јули 2021 година.

Тековни претставници во Народното собрание

[уреди | уреди извор]
Изборна единица Член [5] Партија
1-ва изборна единица во Мен и Лоара Матје Орфелен Екологија Демократија Солидарност
Втората изборна единица на Мејн и Лоара Стела Дипон Републиката напред!
Третата изборна единица на Мен и Лоара Жан-Шарл Тогурдо Републиканците
4-та изборна единица на Мен и Лоара Летисија Сен-Пол Републиката напред!
5-та изборна единица на Мен и Лоара Денис Масеља Републиката напред!
6-та изборна единица на Мен и Лоара Никол Дибре-Шира Републиката напред!
7-ма изборна единица во Мен и Лоара Филип Боло МоДем

Замоци на Лоара

Анжујски традиции

  • Најголемото лозје во долината на Лоара.
  • The boule de fort, традиционалната игра boules во Анжу

Анже и околината:

Сомир и околината:

Шоле и околината:

Сегре и околината:

  1. „Répertoire national des élus: les conseillers départementaux“. data.gouv.fr, Plateforme ouverte des données publiques françaises (француски). 4 May 2022.
  2. 2,0 2,1 Populations légales 2019: 49 Maine-et-Loire, INSEE
  3. 3,0 3,1  Chisholm, Hugh, уред. (1911). „Maine-et-Loire“ . Encyclopædia Britannica. 17 (11. изд.). Cambridge University Press. стр. 441.
  4. „The Loire Valley between Sully-sur-Loire and Chalonnes“. whc.unesco.org (англиски). UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 2018-02-12.
  5. Nationale, Assemblée. „Assemblée nationale ~ Les députés, le vote de la loi, le Parlement français“. Assemblée nationale.
  6. „Château de Montsoreau-Contemporary Art Museum - Les Châteaux de la Loire“. Les Châteaux de la Loire (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-03-29. Посетено на 2018-10-06.
  7. „Visit Chateau de Montsoreau-Museum of contemporary art on your trip to Montsoreau“. www.inspirock.com (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-10-06. Посетено на 2018-10-06.
  8. „Practical Information“. Château de Montsoreau-Museum of Contemporary Art (англиски). Архивирано од изворникот на 2019-03-21. Посетено на 2018-09-15.
  9. „Snapshots of the Loire The Montsoreau flea market“. TVMONDE (англиски). Посетено на 2018-09-17.
  10. „Discover the World's 500 Best Flea Markets“. Fleamapket (англиски). Посетено на 2018-09-17.
  11. „Largest Art & Language Collection Finds Home - artnet News“. artnet News (англиски). 2015-06-23. Посетено на 2018-02-12.
  12. „MACBA banks on History“. Artinamericamagazine.com. 2011.
  13. „Art & Language Uncompleted“. macba.cat. 2014. Архивирано од изворникот на 2017-07-29. Посетено на 2023-01-12.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]