Хламур
Хламур Φλαμούρι | |
---|---|
Координати: 40°51.21′N 23°14.0′E / 40.85350° СГШ; 23.2333° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солунски |
Општина | Лагадина |
Надм. вис. | 795 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Хламур (грчки: Φλαμούρι, Фламури) — поранешно село во Лагадинско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Лагадина на Солунскиот округ, Грција.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало високо на средиштето на Богданска Планина, на 5 км северно од селото Сухо.
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во XIX век Хламур било големо турско село во Лагадинската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хламур (Hlamour) било село со 300 домаќинства на 760 жители муслимани.[1] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Хламур живееле 1.600 Турци.[2]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Втората балканска војна селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920-тите населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Хламур е претставен како чисто дојденско село со 303 жители (100 семејства).[3]
Селото е напуштено во 1961 г.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 152–153. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 170. ISBN 954430424X.
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
|