Тирено-Адријатико 2018 — 53. издание на велосипедската етапна трка Тирено-Адријатико, која се одржала помеѓу 7 и 13 март како седми настан во сезоната на Светската турнеја.[1][2]
Полски возач ја освоил трката првпат,[3] откако возачот на Тим Скај, Михал Квјатковски, ја зел победата на трката; Квјатковски го презел водството на трката откако се здобил со бонус секунди на петтата етапа и го одржувал водството до крајот на трката. Квјатковски завршил 24 секунди пред Дамијано Карузо (Ванти-Груп Гобер), додека подиумот бил заокружен од уште еден возач на Тим Скај, Герајнт Томас, кој каснел 8 секунди зад Карузо.
Во другите пласмани, Јакопо Моска (Вилиер Триестина-Селе Италија) ја освоил портокаловата маичка како победник во бодовниот пласман, додека Никола Баџоли (Нипо-Вини Фантини-Европа Овини) го освоил планинскиот пласман и со тоа зелената маичка. Пласманот за млад возач и белата маичка му припаднале на возачот на Лото-Судал, Тиш Бенот, кој завршил на четвртото место, додека екипниот пласман бил освоен од Астана.
Бидејќи Тирено-Адријатико е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[4] Четири професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 22 екипи.
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (4) |
|
На Тирено-Адријатико 2018 постоеле четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист на крајот на секоја етапа. Постоеле временски бонуси за првите тројца на друмските етапи: етапниот победник добивал десет секунди, додека второпласираниот и третопласираниот добивале шест односно четири секунди, соодветно. Временски бонуси добивале и првите тројца возачи на средниве спринтови — три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал сината маичка. Овој пласман бил сметан за најважен на Тирено-Адријатико 2018 и победникот на пласманот бил сметан за победник на трката.
Бодови за етапна победа
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
8
|
9
|
10
|
Добиени бодови
|
12 |
10 |
8 |
7 |
6 |
5 |
4 |
3 |
2 |
1
|
Дополнително, постоел бодовен пласман, каде била доделувана црвената маичкамаичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршеле во првите десет на етапите. За разлика од бодовниот пласман на Тур де Франс, видот на етапата немало влијание на бодовите кои се добивале – секоја етапа имало подеднаков број на достапни бодови во ист сооднос. Исто така, бодови можеле да се добијат и на средниве спринтови; пет бода за првиот кој ќе ја помине линијата, три бода за вториот, два бода за третиот и еден за четвртиот.
Бодови за планинскиот пласман
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
7
|
Бодови за врвна
|
15 |
10 |
7 |
5 |
3 |
2 |
1
|
Бодови за една категорија
|
5 |
3 |
2 |
1 |
0
|
Имало и планински пласман, а предводникот во пласманот ја добивал зелената маичка. Во планинскиот пласман, бодовите биле добивани доколку се стигне на врвот на искачувањето пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како врвно или со една категорија, при што повеќе бодови биле достапни на врвното искачување. За Монте Терминило, првите седум возачи освојувале бодови, додека на другите искачувања, само првите четворица освојувале бодови.
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележена со белата маичка. Пласманот се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но учествувале само возачи родени на или по 1 јануари 1993 година.
Постоел и екипен пласман, во кој времињата биле додавани времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја етапа; водечка екипа на крајот на трката била онаа со најмало вкупно време.