Меѓународен велосипедистички сојуз
Кратенка | UCI |
---|---|
Основана | 1900 |
Вид | Спортска федерација |
Седиште | Егл, Швајцарија |
Регион | цел свет |
Претседател | Пат Меквед |
Главно тело | Конгрес |
Припадност | Меѓународен олимписки комитет |
Мреж. место | uci.ch |
Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) (англиски: International Cycling Union и француски: Union Cycliste Internationale) е светски управно тело за велосипедизмот и ги надгледува меѓународните велосипедистички натпреварувања. UCI има седиште во Егл, Швајцарија.
UCI издава лиценци за натпреварување на возачите и применува дисциплински мерки во врски со допингот. Исто така, UCI ги одредува видовите трки и системот на бодување во различни велосипедистички дисциплини, вклучувајќи ги планинскиот, друмскиот и велодромскиот велосипедизам, било за мажи и за мажи, било аматерски или професионален. Исто така ги надгледува светските првенства.
Историја
[уреди | уреди извор]UCI била основана на 14 април 1900 во Париз од националните велосипедистички организации на Белгија, САД, Франција, Италија и Швајцарија. Ја заменила Меѓународната велосипедистичка асоцијација кога се поставила на спротивната страна во врска со тоа проблемот на Велика Британија, дали треба да биде застапена само со една екипа на Светските првенства или посебни екипи кои ќе ги претставуваат Англија, Ирска, Шкотска и Велс. Британија се почувствувала надитрена и не се приклучила на UCI - под условите кои ги наметнала UCI - до 1903.[1]
Првично кон унијата биле приклучени околу 30 држави. Тие немале еднаква моќ на гласање, а некои немале ни право на глас. Гласовите биле распределени по бројот на патеки или велодроми, кои секоја држава ги поседувала. Франција имала 18 гласови, најмногу гласови, а Германија и Италија по 14 секоја. Британија имала осум, број за кого писателот Бил Милс велел дека се стекнати „со приклучување на многу повеќе сомнителни тревнати патеки“.[2]
Во 1965, под притисок на ИОК (тогаш, Олимпијадата била аматерски настан), UCI создала две посебни тела, Меѓународна аматерска велосипедистичка федерација (Fédération Internationale Amateur de Cyclisme или FIAC) и Меѓународна професионален велосипедистичка федерација (Fédération Internationale de Cyclisme Professionnel или FICP). UCI ја играл улогата на координација помеѓу двете тела.
FIAC имал седиште во Рим, FICP во Луксембург, а UCI во Женева.
FIAC бил поголем од двете организации, со 127 спортски федерации на сите пет континенти. Бил владеен од земјите на Источниот блок кои биле аматерски. FIAC го уредил претставувањето на велосипедизмот на Олимписките игри и велосипедистите од FIAC се натпреварувале против членови на FICP само на ретки настани. Во 1992, UCI ги обединил FIAC и FICP и ги споил повторно во UCI. Потоа, комбинираната организација се преселила во Егл, блиску до ИОК во Лозана.
Во 2004, UCI изградил 200-метарски велодром на новиот Светски велосипедистички центар во близина на седиштето.
Светски првенства
[уреди | уреди извор]UCI ги организира светските првенства во велосипедизам, додека самата администрација е на самите земји-членки. Првите првенства биле само во дисциплините друмски и велодромски велосипедизам. Првично биле доделувани на земји, кои можеле да го организираат натпреварувањето и кои можеле да гарантираат продажба на билетите.[2] Земјата која го добила првенството или серија на првенства била обврзана да ѝ плати на UCI, 30 центи по продаден билет од велодромските првенства и 10 центи по билет во друмскиот. Од оваа сума, UCI задржувал 30 центи, а остатокот го давал на членките во соодветен број на настаните на кои тие земале учество. Најмногу пари од влезници во предвоената ера биле 600.000 франци собрани во Париз во 1903.[3]
Првично имало пет првенства: аматерски и професионален спринт, аматерска и професионална друмска трка и професионална трка водена од мотор. Друмската трка традиционално била со масовен старт, но не значело дека секогаш била организирана на тој начин: Британија го организирала нејзиното друмско првенство пред војната како хронометар, Националната велосипедистичка унија верувала дека е најдобро да се тркаат возачите сам против часовникот и без публика на стартот со избегнување на полициското внимание. Континенталните европски организатори повеќе ги сакале масовните трки на патеките, оградена по текот со цел наплаќање на влезници.
Рекорди
[уреди | уреди извор]Првичните рекорди биле во велодромскиот велосипедизам: без темпо, човечко темпо и механичко темпо. Тие биле предвидени за три класи на велосипед: соло, тандеми и необични машини, каде што возачот се наоѓа во лежечка положба. Растојанијата биле империјални и метрички, од 440 јарди и 500 метри до 24 часа.[2] UCI го забранил лежечкиот велосипед во натпреварувањето и во обидите за рекорд на 1 април 1934. Подоцнежните промени донеле ограничувања на положбата на возачите што имале влијание врз Греам Обри во 1990-тите и забранувањето во 2000 на сите рамки кои не поседуваат цевка на седиштето.
Виножито-маичка
[уреди | уреди извор]На победникот на Светското првенство UCI му се доделува виножито маичка, бела позадина со пет обоени ленти на градите. Оваа маичка може да биде носена само во соодветната дисциплина, специјалност и категорија на натпреварување во која била освоена и трае до денот пред следното светско првенство. Поранешните прваци се обврзани да носат мали виножита на манжетните или крагните на нивната облека.
Секретаријат
[уреди | уреди извор]Претседатели
[уреди | уреди извор]Ова е списокот на претседатело на Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI).[4]
# | Име | Националност | Мандат |
---|---|---|---|
1. | Емил де Бекелер | Белгија | 1900–1922 |
2. | Леон Бретон | Франција | 1922–1936 |
3. | Макс Бурги | Швајцарија | 1936–1939 |
4. | Албан Колињон | Белгија | 1939–1947 |
5. | Ашил Жоанар | Франција | 1947–1958 |
6. | Адријано Родони | Италија | 1958–1981 |
7. | Луис Пуиг | Шпанија | 1981–1990 |
8. | Хен Вербруген | Холандија | 1991–2005 |
9. | Пат Меквед | Ирска | 2005– |
Контроверзи
[уреди | уреди извор]UCI бил обвинет за добивање мито во 1990-тите при воведувањето на кеирин, велосипедска велодромска трка, на Олимпијадата. Истрагата водена од ББС покажала дека UCI добил околу 3 милиони долари од јапонски извори за додавање на трката на олимписката програма, која потоа била негирана од UCI.[5]
Кога Флојд Лендис го признал користење средства за подобрување на резултатите во текот на неговата кариера во мај 2010, го обвинил UCI дека примал мито од Ленс Армстронг за да го покрие неговиот позитивен тест на ЕПО по Тур де Свис 2001.[6]
При разговорите за допинг во 2012, претседателот на UCI Пат Меквед го нагласил фактот дека неговата организација била „првата која ги вовела тестовите на крвта, прв спорт кој го вовел тестот за ЕПО".[7]
Допинг и тужби за клевета
[уреди | уреди извор]UCI бил тужен или под закана за тужби од неколку велосипедисти, новинари и писатели за клевета, откако биле обвинети за корупција или други злодела поврзани со допингот.[8] Многу, иако не сите, од овие тужби биле поднесени во окружниот суд на Веве, Швајцарија[9].
Во 2002, UCI го тужел членот на екипата Фестина Вили Вут за тврдењата во неговата книга Breaking the Chain.[10] Во 2004, UCI го добил случајот,[11] а во 2006 го добил и жалбата.[11] Вут изнесол некои тврдења околу UCI и однесувањето на Вербруген поврзано со случајот на Лорен Брошар на Светските првенства во друмски велосипедизам 1997.[12]
Во 2006, според порталот Cycling News, UCI стапил во контакт со Грег Лемонд по даденото интервју во 2006 за L'Equipe и му се заканила со тужба поради клеветење. Лемонд спомнал за извештајот од UCI, како и Операцијата Пуерто и ја нарекол самата организација „коруптивна“.[8]
Друга тужба била од Хен Вербруген против шефот на светската антидопинг агенција Дик Паунд во швајцарските судови во врска со неговите коментари околу допингот и UCI.[13] Тужбата била решена со спогодба од двете страни во 2009.[14]
Во 2011, UCI го тужела Флојд Лендис во Швајцарија откако Лендис го обвинил телото за неколку злодела, вклучувајќи ги и споменатите наводни прикривања на Ленс Армстронг и Тур де Свис 2001. Во 2012, Cycling News објавил дека окружниот суд одлучил за UCI против Лендис.[15]
Во 2012, претседателот на UCI Пат Меквед и поранешниот претседател Хен Вербруген, како и самата UCI, го тужеле новинарот Пол Кимаге во Швајцарија за клевета. Кимаге бил возач и имал долга историја на истраги за допинг во овој спорт, вклучувајќи и книга и статиите за Sunday Times и L'Equipe, во кои говорел за допингот и UCI.[16] Грег Лемонд[17], Дејвид Волш и други ја изразиле нивната поддршка за Кимаге и отвориле фонд за правна помош со цел одбрана во случајот.[18][19][20]
Дисциплини
[уреди | уреди извор]Друмски велосипедизам
[уреди | уреди извор]Мажи
[уреди | уреди извор]Од 1989 до 2004, UCI го организирал Светскиот друмски куп, целогодишно натпреварување вклучувајќи ги сите големи еднодневни професионални друмски трки. Во 2005, ова било заменето од серијата UCI ProTour, која првично ги вклучувала Гранд Тур друмските велосипедски етапни етапи (како Тур де Франс, Џиро д’Италиа и Вуелта а Еспања) и поширок опфат на други еднодневни и етапни трки. Меѓутоа, трите Гранд Тур трки се повлекле од серијата и во јули 2008, сите големи професионални екипи се заканиле дека ќе ја напуштат серијата, ставајќи ја неговата иднина под сомнеж. ProTour бил заменет како ранг-систем следната година од Светскиот ранкинг, кој ги додал трите Гранд Тур трки, две етапни трки на почетокот на сезоната и уште пет еднодневни класици на останатите 14 ProTour трки.
Со цел ширење на учеството и популарноста на професионалниот друмски велосипедизам низ целиот свет, UCI развил серија трки кои се познати како континентални трки за секој регион на светот.
Жени
[уреди | уреди извор]UCI го поддржува елитното натпреварување за жени од 1959, вклучувајќи го и крунисувањето на светскиот велосипедски првак (друмска трка) и почнувајќи од 1994, се одржува и хронометарска трка на Светските првенства.
Од 1998, Светскиот друмски куп за жени е одржуван како целогодишно натпреварување од еднодневни и етапни трки.
Велодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]Светските првенства во велодромски велосипедизам за мажи и жени нудат поединечни и екипни натпреварувања во неколку велодромски дисциплини.
Паравелодромски велосипедизам
[уреди | уреди извор]Светските првенства во паравелодромски велосипедизам за мажи и жени нудат поединечни и екипни натпреварувања во неколку велодромски дисциплини.
Велокрос
[уреди | уреди извор]Секоја спонзорирана UCI трка влегува во целогодишното натпреварување познато како Светски куп во велокрос. Исто така, серија на еднодневни трки се одржуваат секоја година како дел од Светските првенства во велокрос.
Планински велосипедизам
[уреди | уреди извор]Во планинскиот велосипедизам, Светските првенства во планински велосипедизам се најважните и најзначаен настан секоја година. Ова ги вклучува дисциплините на крос-кантри, спуст и фор-крос.
Светскиот куп во планински велосипедизам се одржува во серија трки во текот на годината, почнувајќи од 1991.
BMX
[уреди | уреди извор]Целогодишното натпреварување е познато како Светски куп во суперкрос, додека еднаш годишно се одржуваат Светски првенства во BMX.
Велосипедизам во затворено
[уреди | уреди извор]UCI спонзорира светски првенства за уметнички велосипедизам и велобол како годишни настани, познати како Светски првенства за затворен велосипедизам.
Членство
[уреди | уреди извор]Континентални конфедерации
[уреди | уреди извор]Националните федерации ги создаваат конфедерации по континент:
- Азиска велосипедистичка конфедерација – ACC
- Европска велосипедистичка конфедерација – UEC
- Океаниска велосипедистичка конфедерација – OCC
- Панамериканска велосипедистичка конфедерација – COPACI
- Африканска велосипедистичка конфедерација – CAC
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ The Bicycle, 16 September, 1942, p6
- ↑ 2,0 2,1 2,2 The Bicycle, 16 September 1942, p6
- ↑ The Bicycle, 16 September 1942, p7
- ↑ UCI Presidents UCI.ch
- ↑ McGrath, Matt (27 јули 2008). „Cycling cash linked to Olympics“. BBC News. Посетено на 28 јули 2012.
- ↑ Johnson, Greg (20 May 2010). „Landis confesses to doping, implicates Armstrong and Bruyneel“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јули 2012.
- ↑ Weislo, Laura (26 јули 2012). „McQuaid disavows UCI responsibility in Armstrong case“. Cyclingnews.com. Посетено на 28 јули 2012.
- ↑ 8,0 8,1 UCI's failure to silence LeMond Daniel Benson and Susan Westemeyer, 4 октомври 2012
- ↑ Vaughters defends Kimmage ahead of UCI case, Daniel Benson, cyclingnews.com, 28 септември 2012
- ↑ Вести за 10 март 2002, cyclingnews.com, „UCI wants damages from Voet“
- ↑ 11,0 11,1 UCI wins legal battle against Voet Anthony Tan, cyclingnews.com, 20 мај 2006
- ↑ The Secret Race: Inside the Hidden World of the Tour de France. By Daniel Coyle, Tyler Hamilton, Random House Digital, Inc., 5 септември 2012, страница 94
- ↑ [1], BBC Sport - Cycling, 23 септември 2006
- ↑ [2] Архивирано на 14 ноември 2016 г., Velonews, 17 декември 2009
- ↑ Swiss court finds in UCI's favour in Landis defamation case, Cycling News, 4 октомври 2012
- ↑ Cycling chiefs spin the wheels of justice, Irish Independent, 29 јануари 2012, independent.ie
- ↑ Sport Saturday Greg LeMond interview Архивирано на 9 октомври 2012 г., newstalk.ie, 6 октомври
- ↑ UCI provides clarification regarding its case against Kimmage, 2 октомври 2012, Cycling News
- ↑ Kimmage humbled by defense fund support, Daniel Benson, Cycling News, 23 септември 2012
- ↑ Kimmage receives UCI subpoena , Cycling News, 20 септември 2012
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|