Прејди на содржината

Сент Питер Порт

Координати: 49°27′20″N 2°32′12″W / 49.4555° СГШ; 2.5368° ЗГД / 49.4555; -2.5368
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сент Питер Порт
Saint Peter Port
Saint-Pierre-Port
парохија
Поглед на Сент Питер Порт
Поглед на Сент Питер Порт
Местоположба на Сент Питер Порт во рамките на Гернзи
Местоположба на Сент Питер Порт во рамките на Гернзи
Координати: 49°27′20″N 2°32′12″W / 49.4555° СГШ; 2.5368° ЗГД / 49.4555; -2.5368
Крунски поседГернзи, Каналски Острови
Површина
 • Вкупна6,5 км2 (25 ми2)
Надм. вис.&100000000000000000000000 м
Население (2014)
 • Вкупно18.207
 • Густина280/км2 (730/ми2)
Час. појасGMT
 • Лето (ЛСВ)UTC+01 (UTC)
Пошт. бр.GY1-GY9
Мреж. местоstppcons.com

Сент Питер Порт (англиски: Saint Peter Port, француски: Saint-Pierre-Port) — главен град и парохија на островот Гернзи и негово главно пристнаиште. Во 2001 г. населението броело 16.488 жители. На гернзискиот дијалект на нормандскиот и фраnцуски (некогаш службен јазик на Гернзи). Додавката „Порт“ го разликува од Сен Пјер ди Боа („Свети Петар Шумски“).

Градот е мал и претежно се состои од стрмни тесни улички со скалила. Познато е дека местото постоело како трговска населба уште пред римско време, но неговото претхристијанско име денес е изгубено.

Прекарот на жителите е les Villais (граѓани) или cllichards на гернзиски.

Географија

[уреди | уреди извор]

Сент Питер Порт е сместен на источниот брег на Гернзи. Се граничи со парохиите Сент Сампсонс на север, Вале на северозапад, Сент Ендрус на запад и Сент Мартин на југ.

Крајбрежниот дел на градот гледа кон островот Херм на исток преку протокот Мал Расел, и островите Сарк и Бреку уште поисточно преку протокот Голем Расел помеѓу нив и Херм. Во Мал Расел е сместена тврдината Брехонска кула, меѓу Сент Питер Порт и Херм.

Теренот северно од пристаништето е низински, но јужниот дел е многу повисок (но не колку Сент Мартинс или Форест). Забележителни се спилите на брегот меѓу Кевлет и Фермен.

Административна поделба

[уреди | уреди извор]
Замокот Корнет

Сент Питер Порт е поделен на четири кантони:[1]

  1. Кантон 1 или Северен кантон
  2. Кантон 2 или Северозападен кантон
  3. Кантон 3 или Југозападен кантон
  4. Кантон 4 или Јужен кантон

Во парохијата спаѓаат и островите Херм и Жету,[2] но не припаѓаат на ниеден кантон.

Изборни единици

[уреди | уреди извор]

Сент Питер Порт се состои од изборни единици: Сент Питер Порт Југ и Сент Питер Порт Север.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „St. Peter Port Parish, Canton Boundaries“. Stppcons.com. 2007-11-14. Архивирано од изворникот на 2011-10-06. Посетено на 2012-10-04.
  2. „Bailiwick of Guernsey“. Crwflags.com. Посетено на 2012-10-04.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]