Општина Брвеница
Општина Брвеница | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Регион | Полошки | ||
Година кога е основана | 1913 (во рамки на Кралство Србија), 1996 | ||
Седиште | Брвеница | ||
Населени места | Список
| ||
Управа | |||
• Градоначалник | Јовица Илиевски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 164,3 км2 (63,4 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 13.645 | ||
• Густина | 83/км2 (220/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +044 | ||
Регистарски таблички | TE | ||
Мреж. место | brvenica.gov.mk |
Општина Брвеница — општина во северозападна Македонија. Центар на општината е селото Брвеница. Опшината опстојува како посебна од 1996 и опфаќа 10 села покрај Сува Гора. Населението на општината е воглавно македонско и албанско.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината е формирана во 1996 година со Законот за територијална организација на Република Македонија. Пред 1996 година, територијата на општина Брвеница беше составен дел од општина Тетово. Брвеница е рурална општина и граничи со општините: Тетово, Боговиње, Желино, Гостивар, Врапчиште и Македонски Брод. Низ општината поминува реката Вардар. Покрај реката Вардар, значајни географски форми во општината се Полошката Котлина и планината Сува Гора, која се протега низ целата општина. Во рамките на општината е и дел од езерото Козјак.
Брвеница спаѓа во руралните општини и опфаќа 10 населени места, организирани во 11 месни заедници и тоа: Брвеница, Долно Седларце, Горни и Долни Челопек, Милетино, Радиовце, Блаце, Стенче, Волковија, Теново и Гургурница. Шест од овие месни заедници се рамничарски, четири ридски и едно планинско.
На подрачјето на општината во периодот од формирањето на општината, поточно од 1997 годна со финансиска помош на државата и невладини организаци е изграден водовод во следните населени места: Брвеница и Долно Седларце, Милетино, Стенче и Радиовце.[2]
Стопанство
[уреди | уреди извор]Главни стопански гранки во општината се земјоделството, градинарството и сточарството. Постојат и повеќе мали индустриско-производни капацитети во различни села од општината.
Демографија
[уреди | уреди извор]Според пописот на население од 2002 година, општината има вкупно население од 15.855 жители со густина на население од 96,50 жители на километар квадратен. Етничкиот состав на општината бил следниот:[3][4]
Народ | Број | Удел (%) |
Македонци | 5.949 | 37,53 |
Албанци | 9.770 | 61,62 |
Срби | 78 | 0,49 |
Турци | 2 | 0,01 |
Бошњаци | 1 | 0,01 |
останати | 55 | 0,35 |
Вероисповед | Вкупно |
православни | 5.933 |
муслимани | 9.781 |
католици | 7 |
протестанти | 0 |
останати | 134 |
Јазик | Вкупно |
македонски | 6.005 |
албански | 9.778 |
турски | 0 |
ромски | 0 |
влашки | 0 |
српски | 30 |
бошњачки | 1 |
останати | 41 |
Население по населено место
[уреди | уреди извор]Македонци | Турци | Срби | Бошњаци | Албанци | останати и непознато | |
---|---|---|---|---|---|---|
апсолутно мнозинство | ||||||
релативно мнозинство |
Општина Брвеница | Вкупно | Македонци | Албанци | Турци | Бошњаци | Срби | останати |
Блаце | 344 | 344 | |||||
Брвеница | 2,918 | 2.834 | 1 | 68 | 15 | ||
Волковија | 270 | 270 | |||||
Гургурница | 1556 | 1 | 1,549 | 6 | |||
Долно Седларце | 693 | 690 | 3 | ||||
Милетино | 1,986 | 642 | 1,336 | 2 | 6 | ||
Радиовце | 1,049 | 346 | 691 | 3 | 9 | ||
Стенче | 150 | 149 | 1 | ||||
Теново | 1,602 | 210 | 1,391 | 1 | |||
Челопек | 5,287 | 463 | 4,803 | 2 | 1 | 18 | |
Вкупно | 15,855 100,00% |
5.949 37,53% |
9.770 61,62% |
2 0,01% |
1 0,01% |
78 0,49% |
55 0,35% |
На табелата е прикажан националниот состав на населението во општината низ сите пописни години:[5]
Години | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 8.720 |
1953 | 4.870 | 4.366 | 44 | 4 | — | 102 | ... | 12 | 9.398 |
1961 | 5.079 | 5.003 | 101 | ... | ... | 83 | ... | 61 | 10.327 |
1971 | 5.011 | 6.418 | 99 | 5 | ... | 81 | ... | 71 | 11.685 |
1981 | 5.613 | 7.963 | 43 | — | — | 73 | ... | 142 | 13.834 |
1994 | 5.905 | 8.793 | 3 | — | — | 79 | ... | 13 | 14.793 |
2002 | 5.949 | 9.770 | 2 | 2 | — | 78 | — | 55 | 15.855 |
2021 | 5.715 | 7.377 | — | 1 | — | 40 | 6 | 506 | 13.645 |
Во пописот од 1953 година, Македонците сочинувале 51,8 %, а Албанците 46,4 % од населението во општината. По зголемувањето на бројот на Албанци во општината, нивниот процент се зголемува на 61,2 %, а на Македонците се намалува на 37,5 %.
Иселеништво
[уреди | уреди извор]Населението на општината во однос на пописот е значително намалено, поради иселувањето. Голем дел од албанското население е иселено во странство. Иселувањето на македонското население е нешто помало, и воглавно е во правец село-град и дел во странство.
Општествени установи
[уреди | уреди извор]- Училишта
Во општината функционираат следните централни училишта:
- Цркви
- Црква „Св. Константин и Елена“ - Блаце
- Црква „Св. Троица“ - Блаце
- Црква „Св. Георги"- Блаце
- Црква „Св. Атанасиј“ - Брвеница - изградена во 1922 година, а осветена во 1930 година. Подигната е врз темели на црква од 1628 г.[6]
- Црква „Св. Архангел Михаил“ - Брвеница
- Црква „Св. Атанасиј“ - Радиовце
Самоуправа и политика
[уреди | уреди извор]Градоначалник на општина Брвеница е Енвер Пајазити, кој бил реизбран за трет мандат на локалните избори во 2017 како независен кандидат.[7] Општината има вкупно 15 советници кои го претставуваат 10 села од општината. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според припадноста на политичките партии е следен:
Во склоп на општина Брвеница се следниве села: Блаце, Брвеница, Волковија, Гургурница, Долно Седларце, Милетино, Радиовце, Стенче, Теново и Челопек.
Културни и природни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Стенчевска тврдина
- Ранохристијанска епископија с.Стенче
- Тумба Потсело - неолитска населба
- Градиште - Брежине - населба и некропола од доцноантичкото време;
- Кукул - археолошко наоѓалиште;
- Змијанец - една од 16те ранохристијански базилики во Полог
Личности
[уреди | уреди извор]Некои од поистакнатите личности од општината се:
- Александар Галоски (познат македонски диџеј и продуцент)
- Јован Павловски, Познат македонски писател
- Рајко Аврамовски (†1989), Борец во НОБ,пор. функционер на општина Жеровјане
- Живко Стефановски (†2008), Регионален функционер, писател и публицист
- Душко Милевски (†2005), Примариус д-р, спортски работник
- Бошко Стефаноски (†2005),економист и писател
- Стојчевски Атанас - Спиро (†1943) - жртва во логорот „Јасеновац“
- Софре Ѓорѓевски (? – ?, 1963) - македонски војвода.
- Владо Бучковски (делумно потекло)
- Војо Михајловски политичар
- Кузман Сотировски - Чокалија (16 октомври 1908 - Париз, 25 јуни 1990) - македонски фудбалер и прв македонски олимпиец
- Љубе Бошковски - македонски политичар.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ Civil World Macedonia[мртва врска]
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk Архивирано на 3 февруари 2020 г..
- ↑ „Архиерејска Божествена Литургија во чест на свети Атанасиј Александриски во с. Брвеница“. МПЦ - ОА. 5 февруари 2007. Посетено на 2010-04-29.
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Општина Брвеница во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Службено мрежно место
- Општина Брвеница на „Златна Книга“
- Општина Брвеница Архивирано на 15 април 2012 г. на mojsovetnik.org.mk
|