Прејди на содржината

Мишнајски хебрејски јазик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мишнаички хебрејски јазик
לשון חז"ל
Застапен воИзраел
Јазично семејство
ПисмоМишнаичка хебрејска азбука
Јазични кодови
ISO 639-3

Мишнаичкиот хебрејски јазиксемитски јазик и еден од директните потомци на Библискиот хебрејски јазик кој бил зборуван од страна на евреите по Вавилонскиот плен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Поимот „мишнајски хебрејски јазик“ или „мишнајски период“ често се употребува за хебрејските дијалекти кои се користат во Талмуд, освен за директните цитати од Еврејската Библија. Овие дијалекти се делат на две групи, односно: мишнајски хебрејски (ранотрабински хебрејски или танаимски) кој е говорниот јазик и амораимски хебрејски (доцнорабински хебрејски) кој е всушност пишаниот јазик. Најраните делови на Талмудот се мишнајски и биле напишани во 200 година, иако голем дел од самите приказни се одвиваат многу порано. Овој дијалект или форма на хебрејски се наоѓа и во свитоците од Мртвото Море. Денес понекогаш се смета дека мишнајскиот е еден од дијалектите на класичниот хебрејски кој функционирал како жив јазик во Израелската Земја. Транзициона форма на јазикот настанала во другите дена на танаимската книжевност, кои датираат еден век пред Мишнах. Овие дела се Мидраш халаха, Мидраш (Сифра, Мехилта на Рабин Ишмаел, итн) и проширената колекција на материјали поврзани со Мишнах познати како Тосефта. Талмудот содржи исечоци од овие дела.

Еден век откако се објавила Мишна, мишнајскиот хебрејски престанал да се користи како говорен јазик. Така, подоцнежмната секција на Талмудот позната како Гемара дава општи коментари за Мишнах и Бараитот на арамејски. Како и да е, хебрејскиот, иако не се користел за секојдневна комуникација, преживеал како литургиски и книжевен јазик во форма на амроаимски хебрејски. Бидејќи уште времето кога се препишувала Тората, јазикот имал висока функција и се сметал за јазик на израелската вера, историја и национална гордост. Дури и кога престанал да се користи како секојдневен јазик, сепак јазикот се користел како „лингва франка“ меѓу еврејските трговци од различни земи.[1]

  1. Languages of the World (Hebrew) Архивирано на 17 јануари 2009 г.

Поврзано

[уреди | уреди извор]