Прејди на содржината

Месјеов каталог

Од Википедија — слободната енциклопедија

Месјеов каталогкаталог на астрономски објекти попишани за првпат од францускиот астроном Шарл Месје во 1771 г.[1] Изворниот повод за каталогот е фактот што Месје бил ловец на комети и негодувал кога ќе забележел објекти што личеле на комети, но се испоставувало дека не биле комети. Затоа составил список на овие објекти,[2] во соработка со неговиот помошник Пјер Мешен.

Италијанскиот астроном Џовани Батиста Ходиерна објавил сличен ваков список уште во 1654 г., но истата не извршила никакво влијание и веројатно не му била позната на Месје.[3]

Списоци и изданија

[уреди | уреди извор]

Во првото издание се содржат 45 објекти, со броеви од M1 до M45. Конечниот список во издание на Месје содржел вкупно 103 објекти, но истиот потоа претрпел последователни дополнувања од страна на други астрономи, наведувајќи ги издавачите да ставаат прибелешки за тоа дали Месје и Мешен знаеле за објектот. Првата ваква додавка ја направил Камил Фламарон во 1921 со објектот Месје 104 откако ја пронашол Месјеовата забелешка во неговиот примерок на каталогот од 1781 г. Во 1947 г. Хелен Соер Хог ги додала објектите M105 до M107, проследена од Овен Џинџерич, кој во 1960 г. ги додал M108 и M109 и Кенет Глин Џонс со M110.[4] Мешен го забележал објектот M102 и му го соопштил на Месје. Подоцна самиот Месје признал дека таков објект не постои, туку дека се работи за повторно набљудување на објектот M101. Некои извори ја споменуваат галаксијата NGC 5866 како M102, но нејзиниот опис не одговара на забелешките на Мешен.

Конечниот каалог на Месје бил вклучен во Connaissance des Temps 1784 („Познавање на времето“, обј. 1781).[5][6] Овие објекти и денес се познати по нивниот „Месјеов број“ од овој список.

Бидејќи Месје живеел и работел во Франција (што е на северната полутопка), неговиот список содржи само објекти од северниот небесен пол, до небесна ширина од околу − 35,7°. Во списокот не стојат голем број импресивни објекти од јужното небо како Големиот и Малиот Магеланов Облак.

Сите Месјеови објекти се видливи со двоглед или мал телескоп (при поволни услови) и затоа уживаат популарност кај аматерите. Во рана пролет астрономите понекогаш прават собири наречени „Месјеови маратони“, кога таа вечер можат да се забележат сите тие објекти.[7]

Краток преглед на астрофизиката на секој Месјеов објект може да се најде во книгата Concise Catalog of Deep-sky Objects.[8]

Ѕвездена карта на Месјеовите објекти

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Каталогот на маглини и ѕвездени јата на Шарл Месје“. SEDS. 15 јуни 2007. Архивирано од изворникот на 2000-12-03. Посетено на 8 мај 2010. (англиски)
  2. „Месјеовиот каталог“. SEDS - База на Месјеови објекти. SEDS. 25 февруари 2008. Архивирано од изворникот на 2011-09-04. Посетено на 8 мај 2010. (англиски)
  3. Birthday of a star cluster, Astronomy Now, јануари 2011, стр. 20
  4. Patrick Moore (1979). The Guinness Book of Astronomy. Guinness Superlatives. ISBN 09-00-42476-1.
  5. Charles Messier (1781). „Catalogue des Nébuleuses & des amas d'Étoiles“. Connaissance des Temps 1784. стр. 227–267.
  6. „Првичниот Месјеов каталог од 1781 г.“. Првичниот Месјеов каталог од 1781 г. SEDS. Архивирано од изворникот на 2012-06-29. Посетено на 8 мај 2010. (англиски)
  7. „Месјеовиот маратон“. SEDS. 22 јануари 2010. Посетено на 8 мај 2010. (англиски)
  8. W.H. Finlay (2003). Concise Catalog of Deep-sky Objects: Astrophysical Information for 500 Galaxies. Springer. ISBN 1-85233-691-9.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Македонски

[уреди | уреди извор]

Англиски

[уреди | уреди извор]