Магматска карпа
Изглед
Магматска карпа — вид карпи и нивни делови кои настануваат со ладењето или стврднувањето на вулканската лава или магма во самата Земјина кора или на нејзината површина. Кога ладењето е многу брзо, нема време да се создаваат кристали, но ако тоа се случува бавно, колку подолго ќе трае процесот, толку поголеми ќе бидат карпестите кристали. Овие карпи се одликуваат со голема цврстина и имаат голема примена во градежништвото. Тие немаат слоеви и не содржат фосилни остатоци. Магматските карпи се класифицираат на најразлични начини. Ако се поделат според начинот на настанувањето, има:
- плутонски, кои кристализираат внатре во кората и создаваат големи маси на правилни кристали
- насложени, кои се стврднуваат преку пукнатините низ кои магмата си отвора пат и создаваат големи и мали кристали
- вулкански, чијшто начин на стврднување е надвор по вулканските ерупции и создаваат само некои кристали. Се класифицираат според процентот на силициум што го содржат:
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|