Лувр
Дворецот Лувр (Ришелјеево крило) | |
Грешка во Lua во package.lua, ред 80: module 'Module:Infobox dim' not found | |
Основан | 1793 |
---|---|
Место | Palais Royal, Musée du Louvre, 75001 Париз, Франција |
Координати | 48°51′37″N 2°20′15″E / 48.860339° СГШ; 2.337599° ИГД |
Тип | музеј на уметност, дезени/текстил, историско место |
Посетеност | 8,8 милиони (2011)[1]
|
Директор | Анри Лојрет |
Кустос | Мари Лор де Рошебрин |
Јавен превоз | |
Мреж. место | www.louvre.fr |
Музејот Лувр (француски: Musée du Louvre) во Париз, Франција, е најголемиот музеј во светот. Сместен е во Луврскиот дворец. Изграден е како утврдена палата за Филип Августус во центарот на Париз во оската на Елисејските Полиња. Делови од Лувр за првпат биле отворени за јавноста како музеј на 8 ноември 1793, за време на Француската револуција. Средишниот двор, во кој се наоѓа Луврската пирамида изградена во 1989, служи како влез во музејот.
Музејот ги чува некои од најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза, Девицата и Детето со Св. Ана на Леонардо да Винчи и Венера од Милос на Александрос од Антиок.
Во 2005, Лувр прими рекордни 7,3 милиони посетители, во голема мера заради успехот на новелата Кодот на Да Винчи на Ден Браун.
Изградба и архитектура
[уреди | уреди извор]Првиот кралски "Замок Лувр" бил основан од Филип Август во 1190, како тврдина за одбрана на Париз од нападите на Викинзите од запад. Во 14-от век, Шарл V го претворил во палата на уметности, но Франсоа I и Анри II го срушиле за да изградат вистинска палата; темелите на првичната тврдина сега се наоѓаат под Салата на Каријатидите (собата на Каријатидите).
Постоечкиот дел од дворецот Лувр бил започнат во 1535. Архитектот Пјер Леско на Париз му го претставил новиот ренесансен дизајн, кој бил развиен во замоците на Лоара. Крилото на стариот замок ја дефинирало неговата состојба, како првиот меѓу кралските палати. Андруе ди Серсо исто така работел на Лувр.
За време на неговото владеење(1589-1610), Кралот Анри IV ја додал Големата галерија. Повеќе од 400 метри долга и 30 метри широка, ова голема галерија била изградена по брегот на реката Сена и во тоа време била најдолг градба во светот. Анри IV, промотор на уметноста, поканил стотици уметници и мајстори на живеат и работат на долните спратови на градбата. Оваа традиција продолжила уште 200 години додека Наполеон III не ја прекинал.
Луј XIII (1610-1643) го довршил Деноновото крило, кое било почнато од Катерина Медичи во 1560. Денес е реновирано како дел од програмата за реновирање на Лувр.
Ришелјевото крило исто така било изградено од Луј XIII. Било дел од Министерството за Економија на Франција, кое го заземало поголемиот дел од северното крило на палатата. Министерството било преместено, а крилото реновирано и претворено во прекрасни галерии во 1993, на 200тата годишнина на Музејот Лувр.
Со дозвола на Луј XIV, архитектот Клод Перо го изградил источното крило (1665-1680), заедно со италијанска балустрада покрај очигледниот не-француски рамен покрив. Неговиот дизајн бил избран пред дизајнот на големиот Бернини, кој дошол во Париз за таа цел. Перо го превел римскиот архитект Витрувиј на француски. Сега ритмички спарените столбови формираат колонада со централeн педиментиран влез со триумфална капија подигнат на висок, дефанзивен подрум, во воздржан класицистички барок стил што ќе биде модел за големите зданија во Европа и САД|Америка за вековите што ќе следат. Така на пример, музејот Метрополитан во Њујорк го отсликува Пералтовиот дизајн на Лувр.
Наполеон I ја изградил Малата Триумфална Капија во 1805 за да ги прослави своите победи и Jardin du Carrousel. Во тоа време оваа градина била влез во Палатата Тилери.
Лувр сѐ уште бил доградува од Наполеон III. Новото крило од 1852-1857, од архитектите Висконти и Хектор Лефуел, ја прикажува второ империската верзија на необарокот, полно со детали и исполнет со скулптури. Изградбата продолжила до 1876.
Лувр
[уреди | уреди извор]Стаклената Луврскатапирамида е проектирана од Јео Минг Пеи и била претставена во 1989. Ова било првото реновирање на Лувр од Големиот Лувр Проект. Галеријата Carre, каде се наоѓала Мона Лиза исто така била реновирана. Пирамидата е 20.6 метри високи, а квадратната основа има страни долги 35 метри. Пирамидата го покрива мезанинот во Лувр и формира дел од новиот влез во музејот.
Обратната Пирамида
[уреди | уреди извор]La Pyramide Inversee е светларник конструиран во подземен трговски центар пред Лувр. Може да се гледа како мал брат на попознатата Луврска пирамида, свртен наопаку; свртената основа лесно може да се забележи однадвор.
Пирамидата означува пресек на двата главни пата и ги ориентира посетителите кон влезот на музејот. Затегната со 30-тонска, 13,3 метарска квадратна метална рамка, инверзната пирамида во ламинирано стакло покажува надолу кон подот. Врвот на пирамидата е 1,4 метри над подот. Поединечните стаклени страни во пирамидата, дебели 30 mm, се поврзани со кртовидни спојки од челик долги 381 милиметар. Навечер, структурата се осветлува од серија рефлектори.
Идни проекти
[уреди | уреди извор]Лувр - Ленс
[уреди | уреди извор]Бидејќи голем дел од уметничките дела во Лувр не се изложени, било одлучени да се изгради продолжение во северот на Париз. Проектот треба да биде завршен до 2009; градбата треба да содржи меѓу 500 и 600 дела. Оваа нова градба треба да прима околу 500,000 посетители годишно. Имало шест градови кандитати за проектот: Амјен, Арас, Булоњ, Кале, Ленс, и Валансјен. На 29 ноември 2004, францускиот премиер Жан-Пјер Рафарен одбрал Ленс да биде локациајта на новата градба на Лувр. Името Le Louvre-Lens било избрано за музејот.
Новата градба, под администрација на Регионалниот совет на Север Па де Кале ќе има полупостојан простор за изложби од најмалку 5000 м2. Ќе има и простор за привремени национални и меѓународни изложби. Градбата ќе биде комбинација од стаклени и алуминиумски згради во средината на голема градина. Планираните трошоци за градбата се 117 милиони евра. На 26 септември 2005 било потврдено дека Кацујо Сеџима и Рјуе Нишизава ќе ја проектираат градбата.
Музејот
[уреди | уреди извор]Лувр содржи многу уметнички наследства на францускиот народ од раните Капетијански кралеви преку Првото Француско Царство на Наполеон Бонапарт до 1848. Подоцнежните дела се прикажани во Музејот Орсе, а современата уметност се наоѓа во Центарот Помпиду.
Лувр долго време бил управуван од француската држава како Reunion des Musees Nationaux. Во поново време добил права за само-управување како Etablissement Public Autonome (Владина Корпорација) со цел подобро управување со неговото растење. Од 14 септември 2005, музејот Лувр постепено забранил сликање на неговите уметнички дела. [2]
Меѓу илјадниците бесценети слики се наоѓа и Мона Лиза на Леонардо Да Винчи, веројатно најпознатата слика во целиот свет, сместена во Salle des Etats во климатски-контролирана состојба позади заштитно стакло. Изложени се и дела на уметници како Фрагонард, Рембрант, Рубенс, Титијан, Пусен, и Давид. Меѓу познатите скулптури во колекцијата се и Крилата Победа на Самотраки и Венера од Милос.
Колекцијата на Баронот Едмонд де Ротшилд (1845-1934), дадени на Лувр во 1935, се сместени во изложбена соба. Таа содржи повеќе од 40.000 гравури, скоро 3.000 цртежи и 500 илустрирани книги.
Покрај уметнички, Лувр има и многу други видови на експонати, вклучувајќи археолошки, историски, и архитектонски. Има и голема колекција на мебел, каде најспектакуларен објект бил Bureau du Roi (Кралската Канцеларија) од 18от век, сега вратен во Версај.
Познати дела
[уреди | уреди извор]Познати дела во Лувр:
- Дамата од Осер
- Крилестата Победа од Самотраки (илустрирана)
- Венера од Милос
Познати слики
[уреди | уреди извор]13-ти до 15 век
[уреди | уреди извор]- The Madonna and Christ Child enthroned with angels, Cimabue (околу 1270)
- Saint Francis of Assisi receives the stigmata, Giotto (околу 1290-1300)
- Portrait of John II the Good, анонимен автор (околу 1350). Купена од Луј XV, дел од кралската колекција.
- The Virgin with Chancellor Rolin, Jan van Eyck (околу 1435). Запленета во Француската револуција (1796)
- Portrait de Charles VII, Jean Fouquet (1445-1448). Купена во 1838
- The Condottiero, Antonello da Messina (1475). Купена во 1865
- St. Sebastian, Andrea Mantegna (1480)
- Ship of Fools, Hieronymus Bosch (1490-1500)
- Self-Portrait with flowers, Albrecht Durer (1493). Купена во 1922
16 век
[уреди | уреди извор]- Mona Lisa, Leonardo da Vinci (1503-1506), acquired by Francis I in 1519
- The Virgin and Child with St. Anne, Leonardo da Vinci (1508)
- The Virgin and Child with Saint John the Baptist, called la Belle Jardiniere, Raphael (1508). Belonged to the royal collection, acquired by Francis I
- Portrait of Balthazar Castiglione, Raphael (about 1515), acquired by Louis XIV from the estate of Mazarin
- The Wedding at Cana, Paolo Veronese (1562-1563). It hung 2.5 metres from the floor in the San Giorgio Maggiore monastery for 235 years, until it was plundered by Napoleon in 1797
17 век
[уреди | уреди извор]- Saint Joseph charpentier, Georges de la Tour (1642), donated in 1948
- The club foot, Joseph de Ribera (1642), bequeathed in 1869
- The pilgrims of Emmaus, Rembrandt (1648), seized in the French Revolution in 1793
- Le young mendicant, Murillo (about 1650), bought by Louis XVI about 1782
- Bathsheba at Her Bath, Rembrandt (1654, bequeathed in 1869
- Ex Voto, Philippe de Champaigne (1662), seized in the French Revolution in 1793
- The Lacemaker, Johannes Vermeer, (1669-1670), bought in 1870
- Et in Arcadia ego, Nicolas Poussin (1637-1638)
18 век
[уреди | уреди извор]- Portrait of Louis XIV, Hyacinthe Rigaud (1701)
- The Embarkation for Cythera, Antoine Watteau (1717)
- La Raie, Jean-Baptiste-Simeon Chardin (before 1728)
- Oath of the Horatii, Jacques-Louis David (1784)
- Master Hare, Joshua Reynolds (1788-1789)
19 век
[уреди | уреди извор]- Bonaparte visitant les pestiferes de Jaffa, Antoine-Jean Gros (1804)
- The Raft of the Medusa, Theodore Gericault (1819)
- Liberty Leading the People, Eugene Delacroix (1830)
- The Turkish bath, Ingres (1862)
Лувр во уметноста и во популарната култура
[уреди | уреди извор]Лувр е кратко спомнат во една шега на Робин Вилијамс во „Во живо на Бродвеј“. Лувр, неговата уметност, поточно онаа сместена во подрумот - неизложената, е тема на една сцена во „Кејт и Леополд“, каде Леополд зборува за приватна тура на подрумот за да видат „вистинско богатство“. Лувр инспирал виртуелна сцена во играта „Tomb Raider: The Angel of Darkness“, со Лара Крофт.
Лувр и многу од неговите дела често се спомнуваат во новелата „Кодот на Да Винчи“ на Ден Браун и „филмската адаптација“. Лувр е главната локација во прологот и првите неколку заглавија од книгата и делови на филмот. Во музејот се одвива и сцената во која Јак Сауниер бил убиен од мистериозна личност наречена Силас. На истата локација се наоѓа и погребаното тело на Марија Магдалена.
Една песна на полскиот поет Збигњев Херберт се вика „Господинот Когито ја среќава во Лувр статуата на Големата мајка“.[3]
Филмска продукција
[уреди | уреди извор]Кодот на Да Винчи бил целосно снимен на локација. Оригинално, режисерот Рон Хауард не можел да добие дозвола да снима во Лувр, откако претходно бил одбиен и од Westminster Abbey. Сепак, францускиот претседател Жак Ширак го поканил Хаурад дома на ручек, каде го информирал дека ќе му донесе дозвола и Хаурад може да го бара во случај на понатамошни проблеми (TIME, април 2006).
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Le Louvre a accueilli 8,8 millions de visiteurs en 2011“. Radio-Canada with Agence France-Presse. 3 January 2012. Посетено на 15 April 2012.
- ↑ „Забрането фотографирање во Лувр“. Архивирано од изворникот на 2007-09-21. Посетено на 2006-07-13.
- ↑ Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 128.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Лувр“ на Ризницата ? |
- (француски) Официјално мрежно место на Лувр на француски јазик Архивирано на 19 ноември 2005 г.
- (англиски) Официјално мрежно место на Лувр на англиски јазик Архивирано на 15 октомври 2005 г.
- (англиски) Фото галерија од Лувр Архивирано на 25 јули 2008 г. — Фотографии од скоро сите скулптури, слики и објекти кој се наоѓаат во музејот
- (англиски) Информации за пат до Лувр Архивирано на 11 април 2006 г.
- (француски) Louvre.edu образовна страница
- (англиски) Историјата на Лувр
- (англиски) Извадок од книгата на Мајкл T. Канел за I.M. Pei — ја дискутира контраверзијата околу пирамидата.
- (англиски) Musee du Louvre – Музејот Лувр Архивирано на 16 август 2007 г. – Повеќе од 10.000 слики
- (англиски) Фотографии и информации Архивирано на 8 септември 2007 г.
- (англиски) Мрежно место за археолошките ископувања во Музејот Лувр Архивирано на 18 март 2006 г.
|