Прејди на содржината

Волк (соѕвездие)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Волк
лат. Lupus
КратенкаLup
ГенитивноLupi
Симболизамволк
Ректасцензија15,3 ч.
Деклинација−45°
КвадрантSQ3
Површина334 (°)² (46-то)
Главни ѕвезди9
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
41
Ѕвезди со планети5
Ѕвезди посјајни од 3,00m3
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаα Lup (Мен) (2,30m)
Најблиска ѕвездаLHS 397
(19,35 сг, 5,93 пс)
Месјеови објекти0
Соседни
соѕвездија
Рамнило
Скорпија
Шестар
Кентаур
Вага
Водна Змија (агол)
Видливо на ширина од +35° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јуни.

Волк (лат. Lupus, Lup) — соѕвездие на јужното небо, едно од 48-те забележани од римскиот астроном Клавдиј Птоломеј (II век) и до денес претставува дел од 88-те современи соѕвездија. Сместено е помеѓу соѕвездијата Кентаур и Скорпија.

Забележителности

[уреди | уреди извор]
Соѕвездието Волк гледано со голо око

Волк има околу 30 ѕвезди од величина 2 и 3, како и 70 со величина поголема од 6, вклучувајќи ред двојни и повеќекратни ѕвезди.

Највеќето најсјајни ѕвезди во соѕвездието се масивни членови на OB-здружението Скорпија-Кентаур.[1]

Длабоконебесни тела

[уреди | уреди извор]

Кон северниот дел на соѕвездието се наоѓаат збиените јата NGC 5824 и NGC 5986, е близу до нив е и темната маглина B 228. На југ се сместени расеаните јата NGC 5822 и NGC 5749, како и збиеното јато NGC 5927 на источната граница со соѕвездието Рамнило. На западната граница има две спирални галаксии и Волф-Рајеовата планетарната маглина IC 4406, во која се содржат некои од најврелите познати ѕвезди. Маглината IC 4406 (наречена „Мрежница“) е валчеста маглина оддалечена 5.000 светлосни години. Низ средиштето има правливи појаси.[2] Кон средината на соѕвездието се наоѓа и планетарната маглина NGC 5882. Во Волк е сместена и преминувачката вонсончева планета Волк -TR-3b.

ESO 274-1 е спирална галаксија која е видлива странично, и тоа со аматерски телескоп со пречник од барем 30 см. Се наоѓа користејќи се со Ламбда Волк и Ми Волк како обележја, и видлива е само при многу темно небо. По големина зафаќа 9 на 0,7 лачни минути со мало елиптично јадро.[3]

Митологија и историја

[уреди | уреди извор]

Во древноста, соѕвездието се сметало за астеризам во рамките на Кентаур и се поимувало како произволно животно, убиено (или на умирање) од страна на или во име на Кентаур.[4] Ератостен си го претставувал како мешок за вино во раката на Кентаур.[5] Волк почнал да се сметаза посебно соѕвездие во III век п.н.е., кога Хипарх го нарекол „Ѕвер“ (Терион). Овој „ѕвер“ , не се сметал за ниедно конкретно животно сè до преведувањето на Хипарховото дело на латински.

Старогрчкото поимување веројатно води потекло од вавилонската фигура позната како Бесно Куче (УР.ИДИМ), со глава и труп на човек и нозе и опашка на ѕвер (лав, куче, волк итн.) Честопати се среќава заедно со богот на сонцето и уште едно митолошко суштество, наречено „Човек-бик“ (аналогно на грч. Кентаур).[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Preibisch, T., Mamajek, E.; Mamajek (2008). „The Nearest OB Association: Scorpius-Centaurus (Sco OB2)“. Handbook of Star-Forming Regions. 2: 0. arXiv:0809.0407. Bibcode:2008hsf2.book..235P.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  2. Wilkins, Jamie; Dunn, Robert (2006). 300 Astronomical Objects: A Visual Reference to the Universe (1. изд.). Buffalo, New York: Firefly Books. ISBN 978-1-55407-175-3. |access-date= бара |url= (help)
  3. Dalrymple 2013, стр. 41.
  4. Mark R. Chartrand III (1983) Skyguide: A Field Guide for Amateur Astronomers, p. 160 (ISBN 0-307-13667-1).
  5. Chartrand, p. 172.
  6. Babylonian Star-lore by Gavin White, Solaria Pubs, 2008, page 145 & 59ff
  • Dalrymple, Les (May 2013). „Exploring the M83 Galaxy Group“. Sky & Telescope.
  • Ian Ridpath and Wil Tirion (2007). Stars and Planets Guide, Collins, London. ISBN 978-0-00-725120-9. Princeton University Press, Princeton. ISBN 978-0-691-13556-4.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

Координати: Ѕвездена карта &1000000000000001500000015ч &1000000000000001800000018м &1000000000000000000000000с, −&1000000000000004500000045° &1000000000000000000000000′ &1000000000000000000000000″