Прејди на содржината

Везел (округ)

Координати: 51°40′N 6°40′E / 51.67° СГШ; 6.67° ИГД / 51.67; 6.67
Од Википедија — слободната енциклопедија
Везел
округ
Знаме на ВезелГрб на Везел
Карта
Земја Германија
ПокраинаСеверна Рајна-Вестфалија
Адм. подр.Диселдорф
СедиштеВезел
Површина
 • Вкупна1,042,4 км2 (0,4.025 ми2)
Население (31 декември 2023)[1]
 • Вкупно467.511
 • Густина450,000/км2 (1,200,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.WES
Мреж. местоhttp://www.kreis-wesel.de
Административна зграда на Везел

Везел (герм. Wesel) — округ во северозападниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија во Германија. Се граничи со окрузите Боркен, Реклингхаузен, слободните градови Ботроп, Оберхаузен, Дисбург и Крефелд, како и окрузите Фирзен и Клеве.

Историја

[уреди | уреди извор]

Округот е создаден во 1975 г. со спојување на поранешните окрузи Динслакен, Мерс и Рес, формирани во 1816 г. со влегувањето на областа во составот на Прусија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Најважна река што тече низ округот е Рајна.

Грб на округот Везел На грбот е прикажана врба со 13 гранки, што ги симболизираат општините и градовите во округот. Зеленатата боја и дрвото го означуваат фактот што градот е обиколен со зелен појас. Грбот е доделен во 1978 г.

Градови и општини

[уреди | уреди извор]
Градови Општини
  1. Везел
  2. Динсланкен
  3. Камп-Линтфорт
  4. Ксантен
  5. Мерс
  6. Нојкирхен-Флујн
  7. Рајнберг
  8. Ферде
  9. Хаминкелн
  1. Алпен
  2. Зонсбек
  3. Хинксе
  4. Шермбек
  1. „Населеност на местата“. Статистичка служба на Северна Рајна-Вестфалија. 20 јуни 2024. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

51°40′N 6°40′E / 51.67° СГШ; 6.67° ИГД / 51.67; 6.67