Амолјани
Амолјани Αμμουλιανή | |
---|---|
Поглед на Амолјани | |
Координати: 40°19.58′N 23°55.17′E / 40.32633° СГШ; 23.91950° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Халкидички |
Општина | Аристотел |
Општ. единица | Стагира-Акант |
Надм. вис. | 5 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 529 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Амолјани или Амулјани (грчки: Αμμουλιανή) — остров и село во Лариговско, Егејска Македонија, денес во општината Аристотел на Халкидичкиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Селото Амолјани брои 529 жители (2011).
Географија
[уреди | уреди извор]Островот се наоѓа во северозападниот крај на Светогорскиот Залив, меѓу вториот и третиот крак на полуостровот Халкидик. Оддалечен е 3 морски милји од пристаништето Трипити на Светогорскиот Полуостров.[2]
Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името води потекло од македонскиот поим *Молјане од топонимот или хидронимот Мол, изведен од мол-, во подмол, „дупка во брег под водата“. Од овој корен се поимот мил (слично на тиња) и имињата на селата во Вардарска Македонија како Подмол (во Прилепско) и Подмоље (во Охридско). Сето ова укажува на словенското/македонското минато на островот.
Историја
[уреди | уреди извор]Островот во минатото бил метох (посед) на еден од светогорските манастири.[3] Црквата „Св. Никола“ е изградена во 1860 г.[4]
По Балканските војни во 1913 г. островот е припоен кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1922 г. тука се доведени грчки доселеници од Мала Азија и островите Мраморното Море — Галими, Пасалимани и Скупија.[2] Во 1928 г. Амолјани е заведено како доселеничко место со 496 жители од 145 семејства.[5]
Во 1940 г. Амолјани имало 613 жители, кои во 1951 г. се намалиле на 536.[3] Во 1961 г. броело 554 лица, а во 1971 г. имало 554 жители, за во 1981 г. да се смалат на 449. На пописот од 1991 г. е забележан пораст на 606 жители, но населението подоцна повторно опаднало, и тоа на 542 во 2001 и 529 во 2011 г.
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 613 | 536 | 554 | 445 | 499 | 606 | 542 | 529 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
[уреди | уреди извор]Покрај рибарството, маслинкарството и овоштарството, населението се занимава со туризам, кој е најдоходовната гранка.[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Νήσος Αμμουλιανή“. Δήμος Αριστοτέλη. Посетено на 21 јуни 2014.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 357.
- ↑ „ΕΙΚΟΝΕΣ-ΙΕΡΑ ΛΕΙΨΑΝΑ-ΠΑΝΗΓΥΡΕΙΣ“. Ιερά Μητρόπολη Ιερισσού, Αγίου Όρους και Αρδαμερίου. Архивирано од изворникот на 2014-06-06. Посетено на 7 јуни 2014.
- ↑ „Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928“. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 20 јуни 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Амолјани на Ризницата ?
- Портал на Амолјани (грчки)
|
|