Прејди на содржината

Насау

Координати: 25°03′36″N 77°20′42″W / 25.06° СГШ; 77.345° ЗГД / 25.06; -77.345
Од Википедија — слободната енциклопедија
Насау
Nassau
Одморалиштето „Атлантис“
Одморалиштето „Атлантис“
Гесло: Напред, нагоре, понатаму, заедно
Насау is located in Бахами
Насау
Насау
Координати: 25°4′N 77°20′W / 25.067° СГШ; 77.333° ЗГД / 25.067; -77.333
Земја Бахами
ОстровПодатотека:Badge of New Providence.png Њу Провиденс
Преграген/Преименуван1695
Површина
 • Вкупна207 км2 (80 ми2)
Население (2010)
 • Вкупно248.948
 • Густина1,200/км2 (3,100/ми2)
 • Метро1.203/км2 (3,120/ми2)
Час. појасEST (UTC−5)
 • Лето (ЛСВ)EDT (UTC−4)
Повик. бр.242

Насау (англиски: Nassau) е главниот и најголемиот град на Бахамските Острови. Во градот живеат 248,948 жители (2010 попис), 70% од целокупното население на Бахамите (353,658). Меѓународниот Линден Пиндлин аеродром, главниот аеродром на Бахамите се наоѓа 16 км западно од центарот на Насау, и има дневни летови до големите градови на Обединетото Кралство, САД, Канада и Карибите. Градот се наоѓа на островот Њу Провиденс, кој функционира како федерален округ. Бидејќи нема локална власт, со него се раководи како со административна дивизија на националната власт. Насау се смета за историско засолниште на пиратите.[1]

Модерниот развој на Насау почнал пред повеќе од 200 години со навалата на илјадници Американски Лојалисти и поробени Африканци на Бахамите по Американската војна за независност. Многу од нив се населиле во Насау (тогаш и денес главниот град на трговијата на Бахамите) и најпосле да ја надминат бројката на нативното население.

Како што населението на Насау растело, така растеле и урбаните области. Денес градот доминира со целиот остров и неговиот сателит, Парадајз Ајленд. Меѓутоа, сè до повоениот период на Втората светска војна, надворешните предградија едвај и да постоеле. Поголемиот дел од Њу Провиденс бил покриен со грмушки сè додека не дошле Лојалистите во 1780те и создале неколку плантажи како Клифтон и Тускулум. Кога Британците ја укинале меѓународната трговија со робови во 1807 илјадници ослободени Африканци од бродовите за робови се населиле во Њу Провиденс (на Аделед, Гамбие, Кармајкл и Сандиленд) и други острови. Најголемата концентрација на Африканци живееле во „Позади ридот“ предградијата на Грантс и Бејн позади Насау, додека поголемиот дел од белците живееле на северното крајбрежје на островот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Во минатото Насау се викал Чарлс Таун. Шпанците го запилиле градот во 1684. Во 1695, Англичаните го промениле името на градот на Насау во чест на за кралот на Англија (Вилијам III).[2] Во 1703 сојузничките сили на Шпанија и Франција на кратко го окупирале Насау.

До 1713, ретко населените Бахами станале рај за водачите на пиратите Томас Бароу и Бенџамин Хорниголд кои го прогласиле Насау за пиратска република, поставувајќи се себеси за „гувернери“, и ним им се придружиле Чарлс Вејн, Калико Џек Ракам и Едвард Тич, озлогласениот „Црнобрад“ заедно со жени пирати како Ен Бони и Мери Рид.

Во 1718, Британците се обиделе да ја вратат контролата врз островите и го назначиле Капетанот Вудс Роџерс како Царски гувернер. Тој успешно ги протерал пиратите, спровел реформи во граѓанската администрација и ја обновил трговијата. Роџерс го исчистил Насау и го изградил од ново пристаништето, што дури отишол до таму да користи свои пари за да ги надмине проблемите. Во 1720 Шпанците оствариле неуспешен обид да го преземат Насау. Во 1776 Битката во Насау резултирала со кратка окупација од Американците за време на Војната за независност: во 1778 Американците се повлекле поради инвазијата извршена над нив иако останале во Насау само 2 дена. Во 1782 Шпанците го зазеле Насау за последен пат кога Дон Хуан де Кахигал генерален гувернер на Куба го нападнал Њу Провиденс со 5000 луѓе. Американски лојалист по име Ендру Дево се обидел да го заземе Насау со околу 220 луѓе и 150 пушки и да се соочи со сила од 600 обучени војници. Дево ги натерал Шпанците да се предадат на 17 Април 1783, без да биде испукан ниеден куршум. Ова го означило последниот пат кога странско знаме се веело над главниот град на Бахамите.

Лорд Дунмор управувал со колонијата од 1787 до 1796 и ја надгледувал конструкцијата на Форт Шарлот во Насау.

Ардастра Гарденс, Центарот за заштита и зоолошката градина бил отворен во 1982 и претставувала првата зоолошка градина на Бахамите. Претходно бил ботаничка градина сè до 1937.

Географија

[уреди | уреди извор]
Пристаништето во Насау

Насау пораснал веднаш позади областа на пристаништето. Њу Провиденс се состои од 200 км2 од релативно рамна и ниска земја пресечена со ниски планински венци (кои не го оневозможувале населувањето). Во центарот на островот има неколку плитки езера.

Близината на градот со САД (290 км источно-југоисточно од Мајами, Флорида) придонела за популарноста на земјата како туристичко одморалиште, особено по укинувањето на Американското патување за Куба. Атлантис одморалиштето близу Парадајз Ајленд придонесува за повеќе прилив на туристи од кој било друг хотел. Мега одморалиштето исто така дава работа на над 6000 Бахамци, и е најголемиот работодавач надвор од владата.

Насау се соочува со тропска монсунска клима со релативно постојани температури во текот на целата година. Температурите во лето ретко надминуваат 33 °C, а во зимските месеци температурите преку ден се движат помеѓу 20 и 27 °C, ретко паѓајќи под 10 °C.

Клима на {{{Место}}}
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек

Урбан состав

[уреди | уреди извор]

За време на 19. век, населението од Њу Провиденс се насочило кон Насау, но растењето од 1950те било надвор од градот. Срцето на градот во 1788 се состоело од само неколку блока згради помеѓу Куќата на владата и пристаништето, но градот постепено се проширувал источно до паркот Малком, јужно до Вулф Роуд, и западно до Насау Стрит. Грантс Таун и Беин Таун јужно од Насау станале главните населби за црнците и сè до пред 30 години биле најнаселените делови од градот. Повеќето од белците граделе куќи покрај брегот, источно најдалеку до Форт Монтагу, западно до Саундерс плажата и покрај гребените на рабовите од градот. Во 20. век се ширел градот источно до Вилиџ роуд и западно до Форт Шарлот и Оукс Филд. Овој полукруг од развој на населбите бил главната област за населување со до по Втората светска војна, и обележува различна фаза во проширувањето на градот. Побогатите граѓани продолжиле да се населуваат источно сè до Ист енд поинт и западно до плажата Кејбл. Во последните 40 години станбениот развој бил прилично различен и се состоел главно од планирани суб-поделби (станбени комплекси) за семејствата од средниот сталеж. Од 1960 евтините, спонзорирани од владата, комплекси биле изградени во Јелоу Елдер, Елизабет комплекси и Пајнвуд Гарденс, сите во надворешниот прстен на развој. Домаќинствата сега се протегаат источно и јужно до морето и западно до Гледстоун Роуд.

Центарот на градот

[уреди | уреди извор]
Бахамскиот парламент

Центарот е средиштето на сите активности во Насау. Илјадници луѓе го посетуваат дневно, за да пазаруваат, вечераат, да разгледуваат и да уживаат во тропската клима на кратод. Најбучниот дел од центарот на градот е главната улица Беј Стрит и Вудс Роџерс Вок, што се наоѓа преку улицата на пристаништето паралелно на Беј, областа се протега неколку блокови во секоја насока. Започнува со Вест Беј, околу областа Џункану плажата. Неколку хотели и ресторани се наоѓаат на Вест Беј или поточно, Компас поинт (Compass Point), Холидеј Ин(Holiday Inn), Куалити Ин(Quality Inn) и Ше Вили(Chez Willie). Следната точка е Бритиш Колониај Хотел(British Colonial Hotel) кој го означува почетокот на вистинската Беј Стрит. Музејот на Пиратите од Насау е точно наспроти Бритиш Колониај Хилтон. Следните неколку блокови ов улицата се бутици со неколку ресторани и клубови помешани помеѓу трговците на мало. Тука, Беј стрит станува Ист Беј.

Преку ридот

[уреди | уреди извор]

И Бејн Таун и Грантс Таун се дел од предградието Преку ридот во Насау. Бил населена од ослободените Африканци и робови. Грантс Таун, населен во 1825 наскоро станал пренаселен и било потребно уште земја за да го прифати брзо-растечкото население, и така Беин Таун настанал поради преголемото население од Грантс Таун.

Во својата рана историја, сепак, Беин Таун бил село. Се наоѓал западно од Грантс Таун и граничел западно со Насау Стрит, источно со Баилу Хил Роуд, северно со Саут Стрит и јужно тоа што денес е Поинциана Драјв. Областа на почетокот била дел од 140 ара (0.57 км2) доделени на Сузана Ветерспун, но подоцна била продадена на Чарлс Х. Беин, црн Бахамски стопанственик во доцните 1840ти. Г. Беин ја поделил земјата на делови и ги продал по средни цени на ослободените Африканци и поранешните робови.

Медоу стрит, Беин Таун, ран дваесетти век

Мал дел од Беин Таун е наречен Конта Бута. Се наоѓал јужно од Мидоу Стир. Розан Адерли цитирала во нејзината доктроска теза „Нови Црнци од Африка“: Култура и Заедница помеѓу ослободените Африканци во Бахамите и Тринидад 1810-1900: „Според усните прекажувачи на возраст помеѓу 50 и 90 години, сè до средината на дваесеттиот век луѓето нарекувале, една мала област јужно од Грантс Таун, „Конта Бута“. Според постарите лица, ова име всушност било создадено од уникатен дијалектен изговор на оригиналното име на населбата Конго Бороу што укажува на првичното население со етничко потекло од Конго, веројатно ослободени Африканци.

Адерли напишала дека еден од прекажувачите „слушнал дека името порано имало негативни конотации бидејќи Јоруба луѓето и другите Африкански етнички групи ги гледале со презир своите Конго соседи. Всушност, починатиот Кливленд Инеас вели за Контабута дека е област јужно од Беин таун каде Конгоанците живееле. Тој кажал исто така дека Јорубанците кои потекнувале од Нигерија и кои исто така живееле во Беин Таун, биле клан и ги презирале Конгоанците. „Тој го сметал за некој кој треба да се избегнува, и одвојувањето и дискриминацијата биле огромни.“ Англиканската Црква била одговорна за образованието во Беин и Грантс Таун во средината на XIX век. Свештеникот на должност во црквата Св. Агнес во 1849 ја зел одговорноста да ги образова децата од Беин Таун во една стара Африканска училиштна зграда која се наоѓала на Маркет и Кокбурн улиците. Религиозните служби исто така биле одржувани таму. Свештеникот Вилијам Џон Вудкок го населдил пречесниот Едвард Џ. Роџерс во Здружението за пропагирање на Госпелот, како свештеник на должност во Св. Агнес во 1848. Раководењето на пречесниот Вудкок, иако кратко било многу важно. Тој работел без престан и поради неговите иницијативи и благородност Бесплатното училиште во Беин Таун (Вудкок Скул) било основано во 1848. Тој умрел во 1851 пред да ги реализира повеќето од неговите планови. Меѓутоа, тој го подарил својот имот на училиштата што тој ги основал. Д-р Инеас во ценетата книга, Беин Таун, ги опишал луѓето и нивните блиски односи со Фокс Хил. Божиќниот период бил славен со многу јадење и Џункану.

Плажата Кејбл

[уреди | уреди извор]

Плажата Кејбл е позната како дистрикт со хотели во Насау. Пет огромни хотели, од кои два со сите можни подобности, се наоѓаат на ова мало место. Областа е позната и по своите опции што ги нуди за ручек и вечера, Кристал Палас Казиното (Crystal Palace Casino) и златните песоци на самата плажа Кејбл. Повеќето од рестораните се наоѓаат или во хотелите или преку улица. BBQ плажата, Андрозиа и Каприцио се три од најдобрите опции за вечера на оваа плажа и секоја од нив нуди уникатен декор, пријатна атмосфера и одлична кујна. Сепак нема многу ноќен живот. Може да одите на шопинг но во Виндам. Два мали засводени ходници има во хотелот. Едниот е над земјата а другиот е на патот помеѓу Виндам и Шератон Хотелите.

Демографија

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
190112.500—    
194329.391+135.1%
196380.907+175.3%
1970101.503+25.5%
1980135.437+33.4%
1990172.196+27.1%
2000202.963+17.9%
Извор: [3]

Насау има население од 126,500 жени и 121,800 мажи и е дом на 59,707 домаќинства на просечни семејства (4,15) според пописот во 2000.[4][5] Големото население во Насау (барем во споредба со остатокот од Бахамите) е резултат на брановите имиграција од островите Фемили во главниот град. Така ова довело до намалување на населението во помалку развиените острови и брз раст на Насау.

Главниот фестивал на градот е Џункану, енергична, шарена улична парада од маскирани луѓе кои играат на ритамот на ѕвончињата од кравите, тапаните и свирчињата. Прославата се случува на 26 Декември и 1 Јануари, започнувајќи во раните утрински часови (1.00 ам) и завршуваат околу 10 ам.

Во популарната култура

[уреди | уреди извор]

Во Насау се снимале неколку филмови, вклучувајќи ги „Операција Гром“ од серијалот за Џемс Бонд и филмот за Битлси „Помош“, и двата излезени во 1960те. Насау повторно бил локација за снимање на Бонд филм од 1983 - „Никогаш не вели никогаш“ (римејк на „Операција Гром“) во главна улога Шон Конери, и исто така бил сетинг за дел од акцијата на Бонд филмот од 2006 „Казино ројал“ со Даниел Крег во главна улога. Во 1981 бил употребен како локација за сцената со океанот (во филмот била претставена како да е во Грција) за „Само за твоите очи“, каде Кристатос (Џулијан Гловер) се обиде да ги елиминира Бонд (Роџер Мур) и Мелина Хавелок (Керол Буке) врзувајќи ги за неговиот брод и влечејќи ги низ коралните води полни со ајкули.[1] Архивирано на 18 јануари 2013 г.

Барем еден брод или авион од различните Џемс Бонд филмови биле потопувани во водите на Насау.

Насау исто така е дел од романот „Тобин во Рајот“ (Tobin in Paradise) од Стенли Морган. Приказната е сконцентрирана околу посетата на Насау и Парадајз островот од страна на Рас Тобин, и смешните случки што следуваат.

Насау бил исто така сетинг за неколку други скорешни филмови како „По зајдисонцето“, „Во синилото“ и „Флипер“.

Насау бил домаќин на игрите од 2004 за натпреварот за Најсилен човек на светот. Островот Атлантис Парадајс бил собиралиште за изборот за „Мис Универзум“ во 2009 г.

  1. Klausmann, Ulrike; Meinzerin, Marion; Kuhn, Gabriel (1997). Women Pirates and the Politics of the Jolly Roger (book)|format= бара |url= (help) (1. изд.). Montreal, Quebec, Canada: Black Rose Books Ltd. стр. 192. ISBN 1-55164-058-9. |access-date= бара |url= (help)
  2. Marley, David (2005). Historic Cities of the Americas: An Illustrated Encyclopedia. ABC-CLIO. стр. 6. ISBN 1576070271.
  3. „historical demographical data of the administrative division“. populstat.info. Архивирано од изворникот на 2011-04-10. Посетено на 2011-01-20.
  4. „PROJECTED MID-YEAR POPULATION BY AGE-GROUP AND SEX“ (PDF). bahamas.gov.bs.[мртва врска]
  5. „Bahamas People and Population Statistics“. thebahamasguide.com. Архивирано од изворникот на 2013-01-21. Посетено на 2011-01-20.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

25°03′36″N 77°20′42″W / 25.06° СГШ; 77.345° ЗГД / 25.06; -77.345