Вилнус
Вилнус | ||
---|---|---|
град, општина | ||
Локација на Вилнус | ||
Координати: 54°41′N 25°17′E / 54.683° СГШ; 25.283° ИГД | ||
Површина | ||
• град, општина | 401 км2 (155 ми2) | |
Население (2011) | ||
• град, општина | 554 060 | |
• Густина | 1.391,9/км2 (36,050/ми2) | |
• Метро | 838,852 | |
Час. појас | EET (UTC+2) | |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) | |
Мреж. место | Official website |
[[Слика:Neris river in Vilnius.jpg|280п|мини|десно|Река Вилна ] Вилнус (или Вилна, пол. Wilno) е главен град на Литванија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, близу до белоруската граница. Градот има многу зелени површини и паркови.
Историја
Населбата на местото на Вилнус, прв пат се споменува во 1252 година под името Ворут, легендарен главен град на Миндаугас, а под денешното име во 1323 година. Веќе во 1387 година неслбата на Вилнус ги добива градските права. Во прво време градот се наоѓал во рамките на Големо Кнежевство Литванија. Во почетокот од 16 век оваа државата доживува свој зенит, а средновековниот Вилнус својот процут. Градот се караткеризира со бадемите од 1503 до 1522 со дури девет градски врати и три кули. Владетелот Сигисмунд Август имал свој двор во Вилнус во 1544 година. Универзитето Вилнус го основал градот Стефан Батор во 1579 година. Меѓутоа, постојаните војни со Русија на ситокот на државата довеле до пад на градот под нивна власт и пустошење кон крајот на 17 век. Градот брзо се опоравила и наскоро повторно бил еден од најголемите градови од овој дел на Европа.
Во 1795 година Вилнус потпаднал под власт на Царска Русија. Градот и понатаму ја задржал положбата на важно стопанско средиште, но востанијата и бунтите на Литванија довеле до низа мерки.
Втората светска војна донела бројни последици по сликата на дотогашниот Вилнус. Вилнус и поголемиот дел на Литванија е приклучен во 1939 година на СССР. Имено, руководството на Литванија прифатила присуство на војска на СССР на својата територија во замена на приклучување на Вилнус кон Литванија.
Во 1991 година со Вилнус раководела дотогашната Советска Република Литванија изласано е осамостојување на Литванија. Во 2009 година градот добил Европска престолнина на културата.
Географија
Вилнус се наоѓа во југоисточниот дел на Литванија, на некои 20км од белоруската граница. Од Балтичко Море на западот од земјата градот е оддалечен околу 320км. Од вториот град на Литванија, Каунас, се наоѓа на 102км западно од Вилнус.
Вилнус се наоѓа во западниот дел на пространата Источноевропска низина. Градот е сместен на 112м и надморска височина, во долината на реката Нерис. Градското подрачје завзема 402 km². Градот Вилнус се формирал на местото на влевањето на реката Вилне во значајната река Нерис. Реката меандрира низ градот. На подрачјето на градската управа се наоѓа и низа од мали езерца од ледничко потекло, околу кои денес се сместени градските паркови.
Климата во областа на Вилнус е умерено континентална.
Само 20% од градската површина е изградено подрачје, а останатиот дел се паркови, шуми, полјани и обработливо земјиште. Поради тоа Вилнус е еден од „Најзелениет“ главни градови во Европа.
Демографија
Во градиот живеат околу 533.000 жители (податок од 2003 година), додека густината на населеност изнесува 1350 ж/кm².
Според последниот попис поголемиот дел од населението го сочинуваат Литванци со 58%, но градот има и хетерогена национална и верска структура. Покрај тоа, значаен дел од населението се Полјаци (19%), Руси (15%) и Белоруси (4%). Полјаците до Втората светска војна биле претежно население во градот и околината. До таа војна во град живееле и Евреи и Германци.
Со падот на комунизмот присутно е стално опаѓање на бројот на населението во Вилнус (како и во цела Литванија). Иако последните години процесот е успорен, тој и понатаму е присутен.
Стопанство
Иако во Вилнус живее 15% од целокупното население на Литванија, тој дава дури 35% од државниот приход. Денес Вилнус е главен економски центар на земјата, иако некогашната индустрија била значително помалку присутна во однос на она од пред 20 години. Од друга стра,а терцијалниот сектор диживел вистински процут, најмногу благодарејќи на добивање статус на престолнина и на туризмот, засновам на добро сочуваниот градски алштат.
Образование
Култура
Транспорт
Знаменитости на градот
Градот Вилнус е препознатлив по добро сочуваниот стар градски алштат, еден од најголемите во цела Европа (на површина од околу 3,05кm²). Стариот град и ден денес е опкружен со стари ѕидови и капии, а во средишниот дел се наоѓа катедралата и градската куќа. Посебно интересно доживување за посетителите е сплетот од верски храмови (католички, православни и протестантски цркви, синагоги...), како одраз на бурното минато, кои всушност се наоѓаат на многу мали меѓусеби растојанија.
Збратимени градови
- Салзбург , Австрија
- Софија ), Бугарија
- Пиреј , Грција
- Аaлборг , Данска
- Павија ), Италија
- Тајпеј ), Кина (Тајван)
- Будимпешта , Унгарија
- Дуизбург , Германија
- Ерфурт , Германија
- Осло , Норвешка
- Варшава, Полска
- Краков , Полска
- Медисон , Висконсин, САД
- Чикаго , Илиноис, САД
- Акхисар , Турција
- Киев , Украјна
- Јоенсу , Финска
Надворешни врски