Трн (село): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нема опис на уредувањето Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување |
|||
Ред 7: | Ред 7: | ||
| регион = {{грбови|Пелагониски Регион}} |
| регион = {{грбови|Пелагониски Регион}} |
||
| област = [[Пелагонија]] |
| област = [[Пелагонија]] |
||
| население = |
| население = 87<ref name="попис">{{нмс|url=http://www.stat.gov.mk/Publikacii/knigaX.pdf|title=Попис на Македонија |date=2002|publisher=Завод за статистика на Македонија|accessdate=5 октомври 2019}}</ref> |
||
| година = 2002 |
| година = 2002 |
||
| поштенски број = 7204 |
| поштенски број = 7204 |
Преработка од 11:24, 23 декември 2022
Трн | |
Панорама на селото Трн | |
Координати 41°4′23″N 21°24′43″E / 41.07306° СГШ; 21.41194° ИГД | |
Регион | Предлошка:Грбови |
Општина | Битола |
Област | Пелагонија |
Население | 87[1] жит. (поп. 2021)[2]
|
Пошт. бр. | 7204 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 02118 |
Надм. вис. | 573 м |
Слава | Свети Никола Летен |
Трн на општинската карта Атарот на Трн во рамките на општината | |
Трн на Ризницата |
Трн — село во областа Пелагонија, во Општина Битола, во околината на градот Битола.
Потекло на името
Името на селото првпат е забележано во 1468 година. Се верува дека потекнува од трн,[3] односно дека неговата околина има трнеста вегетација.[4]
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Пелагонија, во средишниот дел на Битолското Поле и во северниот дел на територијата на Општина Битола, од десната страна на Црна Река.[5] Селото е рамничарско, на надморска височина од 573 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 10 километри.[5]
Мало полско село на граница помеѓу површините кои понекогаш се поплавуваат. Околни села се Карамани, Добромири и Могила.[6]
Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Бакалица, Брборник, Завој, Шошкојца, Шаржинец, Карапашица, Бучало, Бари, Дупки, Лозја, Јаничарец, Рогачица, Слатина, Сливка, Црквиште и Ефендица.[6]
Селото има збиен тип и одредени куќи се нарекуваат по родовите, како Чавкаровци, Пресилци и слично.[6]
Селото Трн се наоѓа во рамнината на Пелагонија, североисточно од градот Битола.
Историја
Еден километар северно од селото се наоѓа месноста Црквиште, каде се познаваат „темели и камења“. Мештаните веруваат таму се наоѓал манастирот, кој запустел кога дошле Турците.[6]
Денешното село е млада населба, основана од предците на родот Чавкаровци. Кога било основано, селото се наоѓало во месноста Дабје, околу два километри западно од денешната положба. Таму се наоѓаат лозјата на соседното село Карамани. Бидејќи на споменатото место имало змии, мештаните се преселиле на денашната положба. .[6]
Во XIX век, Трн било село во Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Атарот зафаќа простор од 12 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.069 хектари, па затоа селото има полјоделска функција.[5]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Трн живееле 240 жители, сите Македонци.[7] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трн имало 200 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[8]
Селото е мало, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година броело 305 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 120 жители.[5]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Трн живееле 113 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 240 | 200 | 232 | 271 | 305 | 216 | 223 | 188 | 120 | 113 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Трн е македонско село.[6]
Родови во селото се:
- Доселеници: Чавкаровци (7 к.), доселени се од местото Премет во Албанија. Таму живееле двајца браќа Трајче и Павле со мајка им и сестра им, нивната сестра сакале да ја земат некои Арнаути и затоа утепале некој Арнаут и избегале. Најпрво се населиле во селото Цер. Сестра им таму се омажила и останала да живее, додека двајцата браќа дошле во селото Трн. Го знаат следното родословие: Јонче (жив на 80 г. во 1950-тите) Атанас-Јоан-Трајче, еден од браќата кој се доселил; Чукузовци (3 к.), доселени се од селото Добромири; Дурусовци (1 к.), доселени се од селото Трап; Пресилци (9 к.), доселени се од селото Пресил; Жежевци (2 к.), доселени се од некаде; Томановци (2 к.), доселени се од Радобор; Чаљовци (4 к.), доселени се од Добрушево и Пројковци (2 к.), доселени се од Ношпал.
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Битола, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Битола.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Кукуречани.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Логоварди, во која селото Трн, се наоѓале и селата Долно Оризари, Карамани, Логоварди, Оптичари и Поешево. Општината Логоварди постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 0134 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 89 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта[15]
- Голема Тумба — населба од неолитско време;
- Мала Тумба — населба од неолитско време;
- Тумба — населба од неолитско време; и
- Црквиште — наоѓалиште од непознат тип и период.[6]
- Цркви[16]
- Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, изградена во втората половина на XIX век.
Редовни настани
- Свети Никола Летен — селска слава
Иселеништво
Се знае за следниве иселеници: Манчевци (3 к.), Ќентовци (2 к.), Чичкаровци (2 к.) и Ракомет (1 к.), кои живеат во Оптичари; Кајмакановци (1 к.) и Трничани (1 к.), кои живеат во Добромири; Петревци (17 к.), живеат во Ротино; Спировци (1 к.), живеат во Логоварди.[6]
Исто така, од ова село има многу иселеници во селата Горно Оризари и Долно Оризари, како и во градот Битола, но и во Европа и во прекуокеанските земји.[4]
Наводи
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р. Македонија. Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 178.
- ↑ 4,0 4,1 „Мој Роден Крај“. www.mojrodenkraj.com.mk. Посетено на 2019-10-05.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 301. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 239.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 5 октомври 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
Поврзано
Надворешни врски
- Трн (село) на Ризницата ?