Прејди на содржината

Месјеов каталог: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Податотека:Messier.all.750pix.jpg|мини|десно|300п|Збирка од слики на сите 110 Месијеови објекти]]
[[Податотека:Messier.all.750pix.jpg|мини|десно|300п|Колаж на сите 110 Месијеови објекти]]
'''Месијеовиот каталог''' е збирка од [[астрономски објект]]и попишани за прв пат од [[Франција|францускиот]] [[астрономија|астроном]] [[Шарл Месије]] во 1771 г.<ref>
'''Месијеовиот каталог''' е збирка од [[астрономски објект]]и попишани за прв пат од [[Франција|францускиот]] [[астрономија|астроном]] [[Шарл Месије]] во 1771 г.<ref>
{{цмс
{{цмс

Преработка од 07:55, 8 април 2011

Податотека:Messier.all.750pix.jpg
Колаж на сите 110 Месијеови објекти

Месијеовиот каталог е збирка од астрономски објекти попишани за прв пат од францускиот астроном Шарл Месије во 1771 г.[1] Изворниот повод за каталогот е фактот што Месије бил ловец на комети и негодувал кога ќе забележел објекти што личеле на комети, но се испоставувало дека не биле комети. Затоа составил список на овие објекти,[2] во соработка со неговиот помошник Пјер Мешен.

Италијанскиот астроном Џовани Батиста Ходиерна објавил сличен ваков список уште во 1654 г., но истата не извршила никакво влијание и веројатно не му била позната на Месије.[3]

Списоци и изданија

Во првото издание се содржат 45 објекти, со броеви од M1 до M45. Конечниот список во издание на Месије содржел вкупно 103 објекти, но истиот потоа претрпел последователни дополнувања од страна на други астрономи, наведувајќи ги издавачите да ставаат прибелешки за тоа дали Месије и Мешен знаеле за објектот. Првата ваква додавка ја направил Камил Фламарон во 1921 со објектот Месије 104 откако ја пронашол Месијеовата забелешка во неговиот примерок на каталогот од 1781 г. Во 1947 г. Хелен Соер Хог ги додала објектите M105 до M107, проследена од Овен Џинџерич, кој во 1960 г. ги додал M108 и M109 и Кенет Глин Џонс со M110.[4] Мешен го забележал објектот M102 и му го соопштил на Месије. Подоцна самиот Месије признал дека таков објект не постои, туку дека се работи за повторно набљудување на објектот M101. Некои извори ја споменуваат галаксијата NGC 5866 како M102, но нејзиниот опис не одговара на забелешките на Мешен.

Конечниот каалог на Месије бил вклучен во Connaissance des Temps 1784 (објавена 1781).[5][6] Овие објекти и денес се познати по нивниот „Месијеов број“ од овој список.

Бидејќи Месије живеел и работел во Франција (што е на северната полутопка), неговиот список содржи само објекти од северниот небесен пол, до небесна ширина од околу − 35,7°. Во списокот не стојат голем број импресивни објекти од јужното небо како Големиот и Малиот Магеланов Облак.

Сите Месијеови објекти се видливи со двоглед или мал телескоп (при поволни услови) и затоа уживаат популарност кај аматерите. Во рана пролет астрономите понекогаш прават собири наречени „Месијеови маратони“, кога таа вечер можат да се забележат сите тие објекти.[7]

Краток преглед на астрофизиката на секој Месијеов објект може да се најде во книгата Concise Catalog of Deep-sky Objects.[8]

Ѕвездена карта на Месијеовите објекти

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Македонски

Англиски


Предлошка:Месијеов каталог