Оваа интернет страна е креирана да даде податоци за нашата компанија, нашите производи производи и услуги. Оваа политика на приватност се однесува само на оваа веб- страна и опишува како и зошто ние ги собираме вашите лични податоци.
Повремено, исто така, од вас бараме информации што на моменти можат да бидат лични и приватни. Како резултат на тоа, информациите што ги прибираме може да се поделат во две главни категории:
Ние не ги поврзуваме збирните статистички податоци за посетителите со личните информации.
Кога ја посетувате нашата веб-страница, ние собираме општи
информации за вашиот компјутер и неговата локација, како и за
веб-страницата од каде што доаѓате доколку е применливо. Овие
информации не можат да се користат за да ве идентификуваат како
индивидуа. Овие информации се користат само во збирна форма за да нè
известат од каде потекнуваат нашите посетители, што гледаат и како
постапуваат и каде трошат најмногу време.
Податоци што ги собираме:
Понекогаш, потребно ни е да прибереме повеќе лични информации за вас. Некои области/делови на нашата веб-страница може да бараат да се регистрирате за да се најавите; може да побараме информации за вашата возраст и занимање за подобро да ја разбереме целта на вашата посета и да го подобриме искуството на посетителот. Во секој случај, секогаш кога ќе побараме од вас лични податоци што можат да ве идентификуваат како индивидуа, ќе побараме ваша согласност и секогаш ќе даваме објаснување зошто ги прибираме информациите, како ги прибираме, како ги чуваме и како планираме да ги третираме и користиме.
Ние ќе собираме и чуваме лични податоци преку кои ќе може да ве идентификуваме само за целта која е наведена во текот на процесот на собирање на податоците. Откако ќе ги обработиме податоците за наведената цел, ќе ги избришеме и уништиме податоците за да ја заштитме вашата приватност.
На оваа страна ние не собираме или чуваме чувствителни лични податоци во врска со вашето здравје, етничко потекло, религиозни убедувања или политичко убедување итн. Во ретки случаи кога сакаме да собереме други чувствителни податоци, тоа ќе го сториме во строга согласност со локалниот закон за приватност на податоците.
Ново Нордиск нема намера да собира информации за лична идентификација на деца (дете се дефинира како помладо лице од 18 години) без дозвола на родителот или законскиот старател. Деца НЕ треба да доставуваат информации за лична идентификација до Ново Нордиск без експлицитна дозвола од нивниот родител или законски старател.
Кога е соодветно, ќе ги инструираме децата да не доставуваат лични податоци. Ако вашето дете доставило лични податоци и вие би сакале да побарате да се отстранат ваквите информации, ве молиме контактирајте нè преку нашето сандаче за приватност [email protected].
Личните податоци се собираат на оваа интернет страна само онолку колку што е потребно. Под никакви околности собраните податоци не се продаваат на трети лица поради која било причина.
Сите лични податоци што ги собираме може да се споделат во рамки на Ново Нордиск на светско ниво. Ние имаме интерни политики со цел да се обезбеди соодветно ниво на заштитa, без разлика каде во Ново Нордиск се лоцирани вашите лични податоци.
Дознајте повеќе за нашите залагање за заштита на личните податоци
овде.
Ние никогаш нема да пренесуваме ниту да продаваме информации за лична идентификација за нашите посетители на трети лица.
Генерално, ќе споделуваме информации само со договорените даватели
на услуги и советници. Меѓутоа, со цел да се усогласат со законските
обврски, да се заштитат правата, имотот или безбедноста на Novo
Nordisk, неговите вработени и други, или во случај да продадеме или
ликвидираме кој било дел од деловната активност или имотот, може да се
споделат лични податоци. Секое такво споделување ќе биде во согласност
со законот за приватност на податоците.
Во согласност со правилата за заштита на лични податоци, ви ги имате следниве права:
Доколку имате дополнителни прашања или барања во врска со овие права, може да ни се обратите на: [email protected].
Во Ново Нордиск користиме колачиња кои се неопходни за да ви овозможат да се движите низ страницата или за да ви обезбедат одредени основни функции. Користиме колачиња за да ја подобриме функционалноста на веб-страницата со тоа што ги складираме вашите преференци. Исто така, користиме колачиња за да ни помогнат да ги подобриме перформансите на нашата веб-страница за да ви овозможиме подобро корисничко искуство.
Повеќе општи информации за колачињата може да дознаете овде.
Веб-страницата не ви дава совети или препораки од каков било вид и
не треба да се смета како основа за каква било одлука или акција. Ви
препорачуваме да се консултирате со професионални советници во
соодветната област во однос на применливоста на кој било посебен
аспект на содржината. Особено поради фактот што ништо на оваа
веб-страница не претставува покана или понуда за инвестирање или
зделка во хартии од вредност на Ново Нордиск. Понатаму, страницата
обезбедува избрани информации за болестите и нивното лекување. Таквите
информации не се наменети за медицински совет. Таквите информации не
се замена за советите на здравствен работник. Ако имате или се
сомневате дека имате какви било здравствени проблеми, треба да се
консултирате со вашиот матичен лекар или друг квалификуван давател на
здравствени услуги.
Информациите на оваа страница се дадени „како што е“ и Novo Nordisk
не тврди ниту гарантира, изречно или имплицитно, ниту пак дава
имплицирани гаранции за трговска размена, соодветност за одредена цел
или непочитување. Ново Нордиск не дава никакви застапувања или
гаранции за комплетноста, точноста, навременоста, достапноста,
функционалноста и усогласеноста со важечките закони. Со користење на
оваа веб-страница, го прифаќате ризикот информациите да бидат
нецелосни или неточни или да не ги исполнуваат вашите потреби или
барања.
Ниту Ново Нордиск ниту нашите даватели на содржини нема да бидат
одговорни за каква било штета или повреда што произлегуваат од вашиот
пристап до, или неможноста за пристап до оваа страница или заради
потпирање на какви било информации дадени овде. Ново Нордиск се
одрекува од секаква одговорност за директна, индиректна, случајна,
последователна, казнена и специјална или друга штета, изгубени
можности, изгубена добивка или каква било друга загуба или штета од
каков било вид. Ова ограничување вклучува оштетувања или вируси, што
може да влијаат на вашата компјутерска опрема.
Оваа веб-страница содржи врски до други страници кои не се во
сопственост или под контрола на Ново Нордиск; Ве молиме, бидете свесни
дека не сме одговорни за политиките за приватност на овие веб-страници
ниту пак имаме контрола над нив. Оваа изјава за приватност се однесува
само на информациите прибрани на оваа страница. Силно ве охрабруваме
да ги прочитате изјавите за приватност на секоја веб-страница што ја
посетувате, а којашто прибира информации што можат лично да ве
идентификуваат.
Ново Нордиск не ги одобрува веб-страниците што водат до страниците
на Ново Нордиск. Ново Нордиск не е одговорен за содржината на овие
допаднати страници ниту за контрола над информациите што корисниците
може да одлучат да ги обезбедат на овие страници.
Ново Нордис го задржува своето право да ја измени, модификува,
замени или избрише која било содржина или може да го ограничи
пристапот или да ја прекине дистрибуцијата на оваа страница во кое
било време и по сопствено дискреционо право.
Содржината на оваа веб-страница е сопственост на Ново Нордиск и е
заштитена со закони за авторски права. Заштитените трговски марки,
услужните марки, трговските имиња, логоата и производите прикажани на
оваа страница се заштитени низ целиот свет и не смеат да се користат
без претходна писмена согласност од Ново Нордиск. Добредојдени сте да
ја преземете содржината на оваа веб-страница, сепак, само за ваша
лична и некомерцијална употреба. Не е дозволена промена или
понатамошна репродукција на содржината. Содржината не смее поинаку да
се копира ниту да се користи на кој било друг начин.
Какви било прашања, коментари, предлози или какви било други
комуникации, вклучително и идеи, пронајдоци, концепти, техники или
know-how што може да ги проследите до оваа страница или на друг начин
до Ново Нордиск, по електронски пат или на кој било друг начин, се на
не-доверлива основа и ќе станат сопственост на Ново Нордиск, којашто
без ограничување може да ги користи на кој било начин и за какви било
цели, вклучително и за развој, производство и/или маркетинг на стоки
или услуги.
Вашиот пристап и употреба на оваа веб-страница и содржината на
истата ќе бидат регулирани и толкувани во согласност со законите на
Република С. Македонија.
Контактирајте нé доколку:
Ве молиме контактирајте нé на нашата е-адреса: [email protected] или на телефонскиот број: +389 2 2400 202.