Прејди на содржината

Radiohead

Од Википедија — слободната енциклопедија
Radiohead
Radiohead (од лево кон десно): Том Јорк, Џони Гринвуд, Колин Гринвуд, Ед О‘Брајан и Фил Селвеј
Основни информации
ПотеклоАбингдон, Оксфордшир, Англија
ЖанрАлтернативен рок, електронска музика, експериментален рок
Активност1985–денес
ИздавачXL, TBD, Parlophone, Capitol
Други
групи и точки
Atoms for Peace
Мреж. местоradiohead.com
Моментални членови
Том Јорк
Џони Гринвуд
Ед О‘Брајан
Колин Гринвуд
Фил Селвеј

Radiohead (се чита: Рејдиохед) е англиска музичка група од Абингдон, Оксфордшир која свири алтернативен рок. Групата е формирана во 1985 година и се состои од Том Јорк (водечки вокали, ритам гитара, пијано), Џони Гринвуд (водечка гитара, клавијатура, други инструменти), Ед О‘Брајан (гитара, помошни вокали), Колин Гринвуд (бас гитара, синтисајзери) и Фил Селвеј (тапани, перкусија).

Radiohead го издале својот прв сингл, „Creep“, во 1992. Песната отпрвин била неуспешна, но станала хит ширум светот неколку месеци по издавањето на нивниот деби-албум „Pablo Honey“ (1993). Популарноста на Radiohead се зголемила во Обединетото Кралство со издавањето на нивниот втор албум, „The Bends“ (1995). Третиот албум на Radiohead, „OK Computer“ (1997), ги издигна во поголема меѓународна слава. Вклучувајќи во себе експанзивен звук и теми на модерно оттуѓување, „OK Computer“ честопати се спомнува како еден од позначајните албуми на 1990-тите.

Kid A“ (2000) и „Amnesiac“ (2001) обележуваат еволуција во музичкиот стил на Radiohead, како што групата вклучува влијанија од електронска музика, краутрок, пост-панк и џез. „Hail to the Thief“ (2003), мешавина од рок предводен од гитара, електроника и текстови инспирирани од војна, е последниот албум за нивната голема издавачка куќа, EMI. Првите шест албума на групата, издадени преку EMI, се продадени во повеќе од 25 милиони копии до 2007.[1] Radiohead независно го издадоа нивниот седми албум, „In Rainbows“ (2007), првобитно како дигитално преземање од интернет за кое купувачите можеле самите да си ја постават цената, а подоцна и во физичка форма кој довел до успех кај критичарите и топ-листите. Radiohead го издадоа нивниот осми албум, „The King of Limbs“ (2011), во повеќе формати.

Делата на Radiohead се имаат појавено во голем број на слушателски анкети и списоци на музички критичари.[2][3] На пример, во 2005 година Radiohead беа рангирани како 73. во списокот на списанието „Rolling Stone“' за „најголемите уметници на сите времиња“[4] Додека првите албуми на групата беа влијателни на британската рок и поп-музика,[5] музичари од широг опсег на жанрови имаат имаат примено влијание од нивните подоцнежни дела.[6] Настапите во живо на Radiohead исто така имаат добиено признание. Во 2004 година читателите на магазинот „Q“ го изгласале настапот на групата на Гластонбуршкиот фестивал во 1997 како најголемата британска свирка на сите времиња,[7] а во 2008 година групата беше рангирана 14. на списокот на магазинот „Classic Rock“: „50 најдобри настапи во живо на сите времиња“[8]

Историја

[уреди | уреди извор]

Формирање и први години (1985–1991)

[уреди | уреди извор]
Училиштето „Абингдон“ каде што се формирала групата

Музичарите кои го формирале Radiohead се запознале додека престојувале во јавното училиште „Абингдон“, училиште само за момчиња во Абингдон, Оскфордшир, Англија.[9] Том Јорк и Колин Гринвуд биле во иста генерација, Ед О‘Брајан и Фил Селвеј биле една година повозрасни, а Џони Гринвуд бил две години помлад од неговиот брат. Во 1985 година ја формирале групата „On a Friday“ (англиски: во петок), името се однесувало на најчестиот ден за вежбање на групата во музичката соба на училиштето.[10] Групата ја имала својата прва свирка при крајот на 1986. во локалот Jericho Tavern во Оксфорд;[11] Џони Гринвуд првобитно се придружил како свирач на хармоника, а потоа на клавијатура, но наскоро станал водечкиот гитарист.[10]

Иако Јорк, О‘Брајан, Селвеј и Колин Гринвуд го напуштиле Абингдон до 1987. за да одат на факултет, групата продолжила да вежба на викенди и на празници.[12] Во 1991, кога сите членови освен Џони дипломирале, On A Friday се регрупирал и почнале да снимаат демо-снимки како „Manic Hedgehog“ и настапувале во живи свирки околу Оксфорд и Оксфордшир каде што имало независна музичка сцена во доцните 1990-ти, но се фокусирала на шугејзинг-групи како што биле Ride и Slowdive; On a Friday никогаш не се вклопиле во овој тренд и коментирале дека го пропуштиле додека да се вратат од факултет.[13]

Сепак, како што се зголемувал бројот на свирки во живо на On a Friday, така се зголемувал и интересот на продуцентски куќи и продуценти. Крис Хафорд, продуцентот на Slowdive и косопственикот на Courtyard Studios од Оксфорд, присуствувал на еден од раните концерти на On a Friday во Jericho Tavern. Импресиониран од групата, тој и неговиот партнер Брајс Еџ продуцирале една демо-снимка и станале нивни менаџери;[12] тие останале како менаџери на групата и до денешен ден. По една средба меѓу Колин Гринвуд и претставникот од EMI, Кит Возенкрофт, во музичката продавница каде што Гринвуд работел, групата потпишала договор за снимање на шест албуми со продуцентската куќа при крајот на 1991.[12] По барање на EMI, групата го сменила своето име: тие го избрале името Radiohead, инспирирани од насловот на една песна од албумот „True Stories“ на групата Talking Heads.[12]

Влијанија и музички стил

[уреди | уреди извор]

Меѓу најраните музички влијанија врз членовите на Radiohead се набројуваат Скот Вокер и Елвис Костело; пост-панк групи како Joy Division, R.E.M., Pixies, The Smiths и Sonic Youth.[10][12][14][15] До средината на 1990-тите, Radiohead почнале да стекнуваат интерес во електронска музика, особено онаа на DJ Shadow, за која групата вели дека имала влијание врз делови од „OK Computer“.[16] Мајлс Дејвис, Енио Мориконе и групи од 1960-тите, како Битлсите и The Beach Boys, исто така имале влијание врз албумот.[10][17] Електронскиот стил на „Kid A“ и „Amnesiac“ бил резултат на восхитувањето на Том Јорк кон глич музика, амбиентално техно и интелигентна денс музика, претставена од музичари на Warp Records како Autechre и Aphex Twin.[18] Џезот на Чарлс Мингус, Џон Колтрејн и Мајлс Дејвис како и краутрок-групи од типот на Can и Neu! претставувале други крупни влијанија за време на овој период.[19] Интересот на Џони Гринвуд во класична музика од 20 век исто така имала улога, а влијанието на композиторот Оливиер Месијанен била очигледна; во неколку песни на „OK Computer“ и на идни албуми, Гринвуд има свирено на ондес Мартенот, ран електронски инструмент кој станал популарен благодарејќи на Месијанен.[12] Додека работеле на „Hail to the Thief“, Radiohead одново ставиле нагласок на рок со гитари.[20] Битлсите, Ролинг Стоунс и особено Нил Јанг се наведени извори за инспирација на групата во ова време.[21][22] Од почетокот на снимањето на „In Rainbows“, членовите на Radiohead имаат спомнато разновидност од рок, електронски, хип-хоп и експериментални музичари како влијанија, вклучувајќи ја Бјорк, Liars, Modeselektor и Spank Rock.[23][24]

Уште од нивното формирање, Radiohead биле предводени во пишувањето на текстовите од Јорк, но композирањето на музиката било заеднички труд и е забележано во интервјуа дека сите членови на групата имаат свој удел во процесот.[25] Како резултат на ова, заслугите за авторството на сите песни официјално се водат под „Radiohead“. Сесиите при снимањето на Kid A/Amnesiac довеле до промена во музичкиот стил на Radiohead и во дури порадикални промени во работниот метод на групата.[25] Откако групата ја направи промената од стандардни рок-инструменти кон нагласок на електронскиот звук, членовите на групата имале поголема флексибилност и сега редовно ги менуваат инструментите во зависност од барањата од одредената песна.[25] На „Kid A“ и “Amnesiac“ Јорк има свирено на клавијатура и бас, додека Џони Гринвуд свирел на ондес Мартенот наместо на гитара, басистот Колин Гринвуд работел на семплирање, а О‘Брајан и Селвеј се прошириле кон дигитални манипулации, исто така пронаоѓајќи начини да ги вклучат нивните основни инструменти, гитара и тапани, соодветно, во нов звук.[25] Релаксираните сесии за снимање на „Hail to the Thief“ во 2003 довело до различна динамика во Radiohead, но Јорк признал во интервјуа дека „[неговата] моќ во групата била поголема и дека [тој] подоцна ќе ја изедначи моќта на сите членови по секоја цена. Но... односот меѓу членовите сега е многу поздрав, подемократски отколку што некогаш е бил.“[26]

Соработници

[уреди | уреди извор]
Лого со „видоизменета мечка“ за „Kid A“ од Стенли Донвуд и Tchock (Том Јорк)

Групата одржува близок однос со нивниот продуцент Најџел Годрих и со графичкиот уметник Стенли Донвуд. Годрих се има прославено со Radiohead и има работено со нив уште од „The Bends“, а како продуцент од „OK Computer“.[27] Тој понекогаш е именуван како „шестиот член“ на групата, алудирајќи на Џорџ Мартин кој е наречен „петтиот од Битлсите“.[27] Донвуд, како друг долгогодишен соработник со групата, е одговорен за создавањето на сите обвивки на албумите на Radiohead, како и на друга визуелна уметност уште од 1994.[28] Заедно со Јорк, Донвуд има добиено Греми во 2002 за едно специјално издание на „Amnesiac“ спакувано како книга од библиотека.[28] Меѓу другите соработници се вбројуваат Дили Џент и Питер Клеменс. Џент е одговорен за издавањето на сите музички спотови за Radiohead уште од „OK Computer“ и има соработувано со групата во пронаоѓањето на режисер соодветен за секој од проектите.[29] Питер Клеменс или „Plank“ е техничарот на групата и има работено со нив уште пред „The Bands“, спремајќи ги нивните инструменти и за студиски снимања и за настапи во живо.[10]

Членови на групата

[уреди | уреди извор]
Дополнителни членови за настапи во живо
  • Клајв Димер – тапани, перкусија, помошни вокали (2011-денес)

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Награди и номинации

[уреди | уреди извор]
  1. Sherwin, Adam (2007-12-28), „EMI accuses Radiohead after group's demands for more fell on deaf ears“, Тајмс, Архивирано од изворникот на 2011-06-16, Посетено на 2008-01-29 (англиски)
  2. Radiohead gun for Beatles' Revolver, BBC News, 2000-09-03, Посетено на 2008-09-28 (англиски)
  3. Radiohead — In Rainbows Is Overwhelming Critics Choice for Top Album, Contact Music, 2007-12-18, Посетено на 2009-10-03 (англиски)
  4. „The Immortals — The Greatest Artists of All Time: 73) Radiohead“, Rolling Stone, 2005-04-22, Архивирано од изворникот на 2007-11-09, Посетено на 2008-10-03 (англиски)
  5. „The 50 albums that changed music“, The Observer, 2006-07-16, Посетено на 2009-10-03 (англиски)
  6. US Success for Radiohead, BBC News, 2001-06-14, Посетено на 2007-03-22 (англиски)
  7. "100 Greatest Gigs Ever (UK Gigs)" Архивирано на 13 јуни 2013 г.. Q. Јуни 2004. Проверено на 1 август 2010. Архивирано на rocklistmusic.co.uk. (англиски)
  8. 50 Best Live Acts of All Time (април 2008) Архивирано на 20 март 2013 г.. Classic Rock Magazine. Проверено на 18 април 2010.
  9. McLean, Craig (14 јули 2003), „Don't worry, be happy“, The Sydney Morning Herald, Посетено на 25 декември 2007 (англиски)
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 10,4 Randall, Mac (1 април 1998), „The Golden Age of Radiohead“, Guitar World (англиски)
  11. Clarke, Martin (5 мај 2006), Radiohead: Hysterical and Useless, Plexus, ISBN 0859653838 (англиски)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 12,4 12,5 Ross, Alex (20 август 2001), „The Searchers“, The New Yorker, Архивирано од изворникот на 2008-02-14, Посетено на 24 декември 2007 (англиски)
  13. 13,0 13,1 Kent, Nick (1 јуни 2001), „Happy now?“, Mojo Грешка во наводот: Неважечка ознака <ref>; називот „KENT“ е зададен повеќепати со различна содржина.
  14. Reynolds, Simon (јуни 2001), „Walking on Thin Ice“, The Wire (англиски)
  15. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-12-26. Посетено на 2010-09-06.
  16. Gillespie, Ian (1997-08-17), „It all got very surreal“, London Free Press (англиски)
  17. DiMartino, Dave (1997-05-02), „Give Radiohead to Your Computer“, Yahoo! Music - LAUNCH (англиски)
  18. Smith, Andrew (2000-10-01), „Sound and Fury“, The Observer, Посетено на 2007-03-17 (англиски)
  19. Zoric, Lauren (2000-10-01), „Fitter, Happier, More Productive“, Juice (англиски)
  20. „Radiohead: Hail to the Thief (2003): Reviews“, Metacritic, Архивирано од изворникот на 2007-09-26, Посетено на 2007-03-17
  21. Duno, Borja (2003-05-30), „Ed & Thom interview“, Mondosonoro (англиски)
  22. Белешки од пакувањето на „Hail to the Thief“, 2003.
  23. „Radiohead's Secret Influences, from Fleetwood Mac to Thomas Pynchon“. Rolling Stone. 2008-01-24. Архивирано од изворникот на 2009-06-12. Посетено на 2008-02-06. (англиски)
  24. Kent, Nick (2006-08-01). „Ghost in the Machine“. Mojо. стр. 74–82. |access-date= бара |url= (help) (англиски)
  25. 25,0 25,1 25,2 25,3 Eccleston, Danny (2000-10-01), Q Отсутно или празно |title= (help) (англиски)
  26. Dalton, Stephen (2004-04-01), „Are we having fun yet?“, The Age, Посетено на 2007-03-26 (англиски)
  27. 27,0 27,1 McKinnon, Matthew (24 јули 2006), „Everything In Its Right Place“, CBC, Архивирано од изворникот 2007-07-03, Посетено на 8 март 2011 (англиски)
  28. 28,0 28,1 Stanley Donwood, Eyestorm, Посетено на 8 март 2011 (англиски)
  29. Dilly Gent videography, mvdbase.com, Архивирано од изворникот на 2013-01-18, Посетено на 18 June 2007 (англиски)

Дополнителна литература

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]