Прејди на содржината

ISO 639-6

Од Википедија — слободната енциклопедија

ISO 639-6 (Кодови за претставување на имињата на јазиците — Дел 6: алфа-4 код за сеопшт опфат на јазичните варијанти) — предложен меѓународен стандард во низата ISO 639, разработен од ISO/TC 37/SC 2 (Меѓународна организација за стандардизација, Техничка комисија 37, Поткомисија 2: Терминографски и лексикографски методи на работа). Содржи четирибуквени кодови што означуваат варијанти на јазичните семејства. Со ова се овозможува правење разлика помеѓу, на пр. историскиот (glvx) наспроти обновениот (rvmx) мански јазик, додека во ISO 639-3 манскиот е застапен само со glv.

Податоците во прилог на ISO 639-6 се истражени и составени од службата GeoLang на организацијата. ISO 639-6 е објавен во 2009 г. но повлечен во 2014 г.[1] Базата дава врска помеѓу секое јазично семејство и неговото потекло (предци), овозможувајќи му на корисникот да ја следи класификацијата на разни јазици. На пример, еве ги кодовите за предците на англискиот јазик:

Код Јазик
eng англиски
emen раносовремен англиски јазик
emse ран мидлендски и југоисточен средноанглиски јазик
meng средноанглиски јазик
ango англосаксонски
angl англофризиски
nsea северноморски
gmcw западногермански
grmc германски
ineu индоевропски
wrld свет

Базата ги разликува разните писма што ги користи еден ист јазик. На пример, во Османлиското Царство се користеле повеќе писма, поради што османскиот турски јазик е категоризиран на следниов начин:

Код Јазик
ota турски, османски (1500–1928)
otaa турски, османски (1500–1928) ерменска азбука
otah турски, османски (1500–1928) грчка азбука
otap турски, османски (1500–1928) персиска азбука

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  • ISO 15924: Кодови за претставување на имињата на писмата