Прејди на содржината

29 мај

Од Википедија — слободната енциклопедија
<< мај >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04
05 06 07 08 09 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31
2024

29 мај — 149-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (150-и во престапна година). Остануваат 216 денови до крајот на годината.

Настани:

1453  Турскиот султан Мехмед II успева по скоро двомесечна опсада да го освои Цариград, по што градот претрпел уште едно пљачкосување и разурнување.
1953  Едмунд Хилари и шерпасот Тенцинг Норгај први во историјата на човештвото се искачија на највисокиот врв на земјата, „покривот на светот“ Монт Еверест, висок 8.848 метри.
1996  Република Македонија во Хелсинки и формално пристапи кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.
1996  Во Будимпешта, Република Македонија е примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт (ЦЕМТ).

Родени:

1439  Пиј IIIримски папа.
1489  Мимар Синан — прочуен отомански архитект.
1917  Џон Кенедипретседател на САД.
1923  Олга Спиридоновиќ — југословенска театарска и филмска глумици.
1928  Фреди Ред — американски џез-музичар.
1929  Питер Хигс — британски теоретски физичар, познат по фундаменталната честичка Хигсов бозон, наречена и „божја честичка“.
1927  Димитрие Османли — македонски филмски и театарски режисер.
1934  Есад Бајрам — македонски поет.
1935  Боро Драшковиќ — српски режисер, сценарист и универзитетски професор.
1937  Ирмин Шмит — германски рок-музичар.
1940  Таихо Коки — јапонски сумо-борач.
1958  Марина Перазиќ — југословенска и хрватска поп-пејачка.
1965  Саша Митрев — македонски универзитетски професор.
1967  Ноел Галагер — англиски рок-музичар, член на групата „Оејзис“.
1970  Роберто ди Матео — италијански фудбалер и тренер.
1971  Зоран Витанов — македонски политичар и економист.
1971  Габриела Конеска Трајковска — вицепремиер на Македонија.
1976  Џенифер Капријати — американска тенисерка.
1977  Масимо Амброзини — италијански фудбалер.
1980  Антон Рјаков — узбекистански кану-спринтер.
1981  Андреј Аршавин — руски фудбалер.
1984  Кармело Ентони — американски кошаркар.
1990  Тибо Пино — француски велосипедист.
1991  Аријан Адеми — хрватско-македонски фудбалер со албанско потекло.
1995  Никола Пепефудбалер од Брегот на слоновата коска.
1998  Остин Ривс — американски кошаркар.
1999  Виталиј Миколенко — украински фудбалер

Починале:

1453  Константин XI Палеолог — последниот римски (византиски) цар.
1979  Мери Пикфорд — канадско-американска филмска глумица.
1982  Роми Шнајдер — австриска филмска глумица.
1997  Џеф Бакли — американски рок-музичар.
2014  Миљенко Прохаска — хрватски композитор, музички продуцент и диригент.