Прејди на содржината

Црква „Св. Елевтериј“ - Пирги

Координати: 40°35′37″N 22°57′28″E / 40.59361° СГШ; 22.95778° ИГД / 40.59361; 22.95778
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Елевтериј
Αγίου Ελευθερίου
Карта
40°35′37″N 22°57′28″E / 40.59361° СГШ; 22.95778° ИГД / 40.59361; 22.95778
МестоСолун
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Архит. типтрикорабна базилика
Изградба1948 – 1962
Управа
ЕпархијаСолунска

Свети Елевтериј (грчки: Ι. Ν. Αγίου Ελευθερίου) — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Се наоѓа на истоимениот плоштад „Агиос Елевтериос“ во населбата Пирги (Депо).[1][2]

На местото на денешниот храм во 1916 г. Националниот раскол, Привремената влада за национална одбрана на Елефтериос Венизелос го изградила храмот „Св. Елевтериј“ како одговор на дејствијата на приврзаниците на кралот Константин I по обновата на црквата „Св. Константин и Елена“, сместена на територијата на корпусот на НАТО на улиците „Стратос“ и „3 Септември“. Црквата е осветена во 1929 г. Бидејќи не била доволно за зголеменото население, решено е да се изгради нов храм. Камен-темелникот е поставен во 1948 г. од митрополитот Генадиј Солунски заедно со темелникот на Првото основно училиште во соседството. Старата црква не е срушена, а новата трикорабна базилика е изградена околу неа. Изградбата привршила во 1957 г. и и стариот храм во внатрешноста е отстранет. Отворена е од митрополитот Пантелејмон I Солунски на 27 мај 1962 г.[2]

Во црквата се чуваат мошти на Свети Елевтериј, вредна икона Света Богородица и една света икона на Свети Елевтериј.[3]

Под црквата е параклисот „Св. Христофор“ подигнат во 1950-тите. Во парохијата влегува и параклисот „Св. Василиј“ во дворот на обласната управа на Централна Македонија.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Άγιος Ελευθέριος“. Ιερά Μητρόπολη Θεσσαλονίκης. Архивирано од изворникот на 2022-07-22. Посетено на 17 октомври 2016.
  2. 2,0 2,1 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 51.
  3. 3,0 3,1 Τερμεντζόγλου, Γεώργιος Κ (2013). Εγκαίνια νεότερων ναών της Θεσσαλονίκης (1912-2011) (PDF). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης, Θεολογική Σχολή, Τμήμα Ποιμαντικής και Κοινωνικής Θεολογίας. стр. 52.