Прејди на содржината

Хоругва

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гонфалон со грб на италијанската општина Монтебуоно.
Врв на гонфалон од Еглинтонскиот турнир во 1839 година што бил одржан во Еглинтонскиот замок во Шкотска.

Гонфалонот, гонфанон, гонфалоне (од раното италијанско конфалоне — вид на хералдичко знаме и банер. На македонски се вика хоругва (од старословенски: знаме.)

Хоругвата претставува квадратно знаме обесено на хоризонтална пречка (Г- јарбол), со продолжетоци во форма на опашка на ластовичка или пламеници украсни слични како римскиот вексилум. Прво бил усвоен од италијанските средновековни општини, а подоцна и од месните еснафи, корпорации и области. Разликата помеѓу гонфанон со долги опашки и стандардот е во тоа што гонфанонот го прикажува поимот на неопашената област, а стандардот прикажува значки по целата должина на знамето.[1]

Гонфалоне првично било името дадено на средба во соседството во средновековна Фиренца, секоја населба имајќи свое знаме и грб, што довело до тоа зборот гонфалоне на крајот да се поврзе со знамето. Хоругвата е можне популарна и во Хрватска каде најголем дел од општините имаат своја хоругва. Гонфалонот може да вклучува грб со надворешен украс. Денес, секоја италијанска комуна (општина) има гонфалон со својот грб.

Гонфалонот долго време се користел за црковни церемонии и поворки. Папскиот „омбрелино“, симбол на папата, честопати е нарекуван „гонфалоне“ од Италијанците затоа што церемонијалниот чадор на папата бил често прикажан на банерот. Гонфалоните исто така се користат во некои универзитетски церемонии, како што се оние на Колеџот Њу Џерси, Чикашки универзитет,[2] Рованскиот универзитет,[3] Ратгерскиот универзитет,[4] Принстонскиот универзитет, Торонтскиот универзитет, Лојолов универзитет во Њу Орлеанс, Универзитетот „Свети Tома“,[5] и Западноонтариовскиот универзитет.

Државниот гонфалон (холандски: Rijksvaandel или Rijksbanier) е дел од регалијата на Холандија. Хоругвата е направена од свила и е насликан со грбот на суверениот. Државниот гонфалон се користи при полагање заклетва на новиот крал или кралица.

Сликата на гонфалон е хералдичко фигура во грбот на Палатинските грофови од Тибинген и нивните кадетски гранки.[6]

Верско значење

[уреди | уреди извор]

Хоругвата кај нас се користи како ритуално знаме. Тие се направени од платно обесени на Т јарбол од задната страна со долга рачка за време на церемонии и поворки. Најчесто на нив с еприкажани слики од светците патрони и заштитници, сликани со темпера или маслени бои, најчесто од една страна.

За време на обредите, хоругвата се носи од знаменосец. Се верувало дека овој посветен чин на носење на хоругва во обред е свет чин на обожавање и со надеж дека тој чин ќе даде божествена наклоност од Бога, Исус, Марија и светците прикажани на хоругвата. Од тринаесеттиот до шеснаесеттиот век се произведувале хоругви за чумата и биле носени во поворки како начин да се измоли божествено застапништво за да се спречи или излечи чумата.

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Општи извори

[уреди | уреди извор]
  1. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 12 септември 2012. Посетено на 26 март 2021.
  2. „Alumni Procession“. Flickr. Посетено на 26 март 2021.
  3. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 8 април 2013. Посетено на 26 март 2021.
  4. „Presidential Inauguration: Pageantry and Color“. Rutgers University. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 26 март 2021.
  5. „Commencement Video Archives“. University of St. Thomas. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 2013-08-20.
  6. attested since the 14th century; it has been suggested that the gonfalon in the Tübingen coat of arms originates as a re-interpretation of the tripod symbol found on ancient coins. Hildebrecht Hommel: Antike Spuren im Tübinger Wappen. Zur Frage der Verwertung und Umdeutung numismatischer Motive. Vorgelegt am 13. Juni 1981. Sitzungsberichte der Heidelberger Akademie der Wissenschaften, Philosophisch-Historische Klasse. Bericht Jg. 1981, 9.