Прејди на содржината

Хијака (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хијака
Хаумеја (во средина) и Хијака
Откривање
ОткривачМајкл Бруан,
Чед Трухиљо,
Дејвид Рабиновиц и др.
Откриено26 јануари 2005
Ознаки
(136108) 2003 EL61 I
S/2005 (2003 EL61) 1
Орбитални особености[1]
49.880 ± 198 км
Занесеност0,0513 ± 0,0078
49,12 ± 0,03 дена
Наклон126,356 ± 0,064
Месечина наХаумеја
Физички особености
Среден полупречник
160 км[1]
Маса(1,79 ± 0,11)⋅1019 кг[1] (0,45 % од Хаумеја)
Средна густина
1 г/см3
~9,8 ч[2]
Албедо0,8 ± 0,07[1][3]
Температура32 ± 3 K
20,3 (3,0 разлика од главната — 17,3)[3]

Хијака (хавајски: Hiʻiaka) — поголемата надворешна месечина на џуџестата планета Хаумеја. Наречена е по божицата Хијака, една од ќерките на Хаумеја и заштитничка на Големиот Остров на Хаваите. Прави едно свртување за 49,12 ± 0,03 дена, при растојание од 49.880 ± 198 км. Има занесеност од 0,0513 ± 0,0078 и наклон од 126,356 ± 0,064. Претпоставувајќи дека има пречник од 300 км, таа е четврта или петта по големина месечина на заднептунско тело, по Харон, Дисномија (месечина), Вант, многу веројатно Илмаре/Варда, а можеби и Актеја.

Откривање

[уреди | уреди извор]

Ова е првата откриена месечина на Хаумеја, забележана на 26 јануари 2005 г. Пред да биде усвоено официјалното име, го носела прекарот „Рудолф“ по еден од елените на Дедо Мраз.

Физички особености

[уреди | уреди извор]

Големина и сјајност

[уреди | уреди извор]

Хијака има измерена сјајност од 5,9 ± 0,5 %, што значи дека има пречник 22 % од џуџестата планета, односно околу 320 км, претпоставувајќи слично инфрацрвено албедо.[1] За споредба, кога Хијака би била во астероидниот појас, таа би била поголема од сите освен четирите најголеми астероиди (1 Церера, 2 Палада, 4 Веста и 10 Хигија). И покрај нејзината големина, проучувањата на нејзината светлинска крива укажуваат дека Хијака не е гравитациски сплеснат сфероид; they further suggest that Хијака не е во гравитациски зафат и има вртежен период од околу 9,8 часа.[2]

Масата на Хијака се проценува на (1,79 ± 0,11)⋅1019 кг користејќи прецизна релативна астрометрија од вселенските телескопи „Хабл“ и „Кек“, и применувајќи го трителесниот масеноточкест модел врз Хаумеиниот систем.[1]

Спектар и состав

[уреди | уреди извор]

Во близуинфрацрвениот спектар на Хијака преовладуваат впивни појаси кои упатуваат на површина сочинета од замрзната вода во кристален облик. Засега не е познато зошто мразот не добил аморфен облик, што би се очекувало поради постојаното дејство на космичките зраци.[4]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Ragozzine, D.; Brown, M. E. (2009). „Orbits and Masses of the Satellites of the Dwarf Planet Haumea (2003 EL61)“. The Astronomical Journal. 137 (6): 4766–4776. arXiv:0903.4213. Bibcode:2009AJ....137.4766R. doi:10.1088/0004-6256/137/6/4766.
  2. 2,0 2,1 Hastings, Danielle M.; Ragozzine, Darin; Fabrycky, Daniel C.; Burkhart, Luke D.; Fuentes, Cesar; Margot, Jean-Luc; Brown, Michael E.; Holman, Matthew (декември 2016). „The Short Rotation Period of Hiʻiaka, Haumea's Largest Satellite“. The Astronomical Journal. 152 (6): 12. arXiv:1610.04305. Bibcode:2016AJ....152..195H. doi:10.3847/0004-6256/152/6/195. OCLC 6889796157. OSTI 22662917. 195.
  3. 3,0 3,1 Wm. Robert Johnston (17 септември 2008). „(136108) Haumea, Hiʻiaka, and Nāmaka“. Посетено на 18 септември 2008.
  4. Dumas, C.; Carry, B.; Hestroffer, D.; Merlin, F. (2011). „High-contrast observations of (136108) Haumea“. Astronomy & Astrophysics. 528: A105. arXiv:1101.2102. Bibcode:2011A&A...528A.105D. doi:10.1051/0004-6361/201015011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]