Харцгероде
Харцгероде | |
Градска куќа | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија-Анхалт |
Округ | Харц |
Градоначалник | Хорст Шене |
Основни податоци | |
Површина | 165 км2 |
Надм. височина | 400 м |
Население | 7.698 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 47 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | HZ |
Пошт. бр. | 06493 |
Повик. бр. | 039484 |
Портал | www.harzgerode.de |
Местоположба на град Харцгероде во рамките на округот Харц | |
Координати | 51°38′32″N 11°8′39″E / 51.64222° СГШ; 11.14417° ИГД |
Харцгероде (германски: Harzgerode) — град во округот Харц во Саксонија-Анхалт, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Во него влегуваат следниве:
- Харцгероде
- Алексисбад
- Данкероде
- Гинтерсберге
- Кенигероде
- Мегдешпрунг
- Нојдорф
- Шило
- Зилберхите
- Зиптенфелде
- Штрасберг
Харцгероде се наоѓа во источниот дел од планините Харц, јужно од Кведлинбург. Поврзан е со Гернроде преку железничка линија со тесни колосеци наречена железничка линија Долина Зелке (Selketalbahn).
Историја
[уреди | уреди извор]Населбата била изградена во врска со Бенедиктанската опатија Хагенроде во долината на Зелке, во која кралот Ото III ѝ доделил пазарни, монетарни и царински права во 993. Следната година местото било спомнато како Хацаканрот (Hazacanroth). Ги изгубило своите монетарни права во 11-от век, но неговите градски права ги повратило во 1338.
Со обновениот суверенитет на Анхалт во 1535, градот станал административен центар на двојнио Амт за Харцгероде и Гинтерсберге. Истовремено, Анхалт била повторно поделена во неколку кнежевства од синовите на принцот Јоаким Ернест од Анхалт. Како последица, територијата на амтовите на Харцгероде/Гинтерсберге станала шестот кнежевство и Харцгероде станал резиденционале град. Седиштето на принцот бил во замокот Харцгероде, изграден во средината на 16 век. Градот бил седиште на кнежевството Анхалт-Бернбург-Харцгероде од 1635 до 1709.
Замокот Хајнрихсберг се наоѓа во близина на градскиот кварт Мегдешпрунг, како и урнатините на Замокот Анхалт по кој целата покраина го добила нејзиното име.
На 1 август 2009, градовите Гинтерсберге и Харцгероде (со нивните села Алексисбад, Мегдешпрунг (Харцгероде) и Зилберхите) заедно со општините Данкероде, Кенигероде, Шило, Зиптенфелде и Штрасберг станале дел од новиот округ Харцгероде. На 1 септември 2010 Нојдорф (Харц) бил исто така припоен.
Градски пожари
[уреди | уреди извор]Поради својата заштитена локација, градот не страдал многу од многуте воени конфликти, но бил постојано уништуван од пожари. Пред 1503 имало голем пожар. Во 1635 (на денот на летото) секоја зграда во градот била разорена со исклучок на седум куќи. На 30 јуни 1722, 42 куќи изгореле. На 23 октомври 1817 година, 52 куќи изгореле.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население по општини на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба на Саксонија-Анхалт. јуни 2023. (германски)
|
|
|
Оваа статија за место во округот Харц е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |