Прејди на содржината

Хакан Чалханоглу

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хакан Чалханоглу
Чалханоглу со репрезентацијата на Турција во 2016
Лични податоци
Полно име Хакан Чалханоглу
Роден на 8 февруари 1994(1994-02-08)(30 г.)
Роден во Манхајм, Германија
Висина &100000000000001780000001,78 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Интер
Број 20
Младинска кариера
Туранспор Манхајм
Полизеи СЦ Манхајм
2001–2009 Валдхоф Манхајм Валдхоф Манхајм
2009–2011 Карлсруе Карлсруе
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2011–2013 Карлсруе Карлсруе 50 (17)
2013–2014 Хамбургер Хамбургер 32 (11)
2014–2017 Бајер Леверкузен Бајер Леверкузен 79 (17)
2017–2021 Милан Милан 120 (19)
2021- Интер Интер 6 (1)
Репрезентација
2010 Турција 16 6 (1)
2010–2011 Турција 17 11 (1)
2011–2013 Турција 19 15 (5)
2012–2013 Турција 20 8 (1)
2012–2014 Турција 21 2 (0)
2013– Турција 62 (14)

Хакан Чалханоглу (роден на 8 февруари 1994 во Манхајм, Германија) — турски професионален фудбалер кој настапува како играч од среденот за Интер и турската репрезентација. Тој е познат по својата способност да постигнува голови од слободен удар.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Својата кариера тој ја започнал во Карслуе во 2010 година, за да подоцна се пресели од другата страна на Хамбург во тимот на Хамбургер две години подоцна, поминувајќи уште една сезона во својот прв клуб на позајмица. Неговите настапи во својата прва сезона во Бундеслигата му го донела трансферот од 14,5 милиони евра во Бајер од Леверкузен во 2014 година.

На 3 јули 2017 година, Чалханоглу потпишал четиригодишен договор со ФК Милан[1]. Надоместокот бил пријавен како првични 20 милиони евра, зголемувајќи се на 24 милиони евра[2]. Својот прв официјален натпревар за Милан го остварил еден месец подоцна во вториот дел од третото квалификациско коло на Лигата на Европа, заменувајќи го Сусо на последните 25 минути со победа од 2-0 над Крајова во Сан Сиро[3]. Тој го постигнал својот прв гол за Милан во победата од 5-1 против Австрија Виена во групната фаза на 14 септември, исто така, обезбедувајќи и две асистенции[4]. На домашен терен, својот прв официјален натпревар за Милан го остварил на 20 август, играјќи 90 минути од победата од 3-0 против ФК Кротоне[5]. Чалханоглу го постигнал својот прв гол во лигата на 25 октомври во победата од 4:1 над Киево, со што станал првиот Турчин кој постигнал погодок во Серија А по Емре Белозоглу во 2003 година.

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Роден во Германија, Чалханоглу се одлучил да ја претставува Турција на репрезентативно ниво, со што своето деби го остварил во 2013 година.

  1. A.C. Milan (3 јули 2017). "OFFICIAL: CALHANOGLU IS NOW RED AND BLACK". Соопштение за печат.
  2. „AC Milan sign Hakan Calhanoglu from Bayer Leverkusen“. ESPN. 3 July 2017. Посетено на 7 September 2017.
  3. „AC Milan 2 CSU Craiova 0 (3-0 agg): Cutrone's first goal seals Europa League progress“. FourFourTwo. 3 August 2017. Посетено на 7 September 2017.
  4. „Austria Vienna 1–5 AC Milan“. BBC Sport. 14 September 2017. Посетено на 10 October 2017.
  5. „Patrick Cutrone catches the eye as AC Milan start with convincing win at Crotone“. ESPN FC. PA Sport. 21 August 2017. Посетено на 10 October 2017.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]