Франкенштајн (филм)
Изглед
Франкенштајн (англиски: Mary Shelley's Frankenstein) — американски филм од 1994 година, во режија на Кенет Брана. Главните улоги ги играат: Роберт де Ниро, Кенет Брана, Хелена Бонам Картер итн. Филмот е снимен според романот на Мери Шели.
Содржина
[уреди | уреди извор]Виктор Франкенштајн (го игра Брана) е опседнат со идејата да создаде живот, но не е свесен за последиците од неговата идеја. Конечно, тој успева да создаде човек (го игра де Ниро), кој изгледа грозно и создава непријатно чувство кај другите луѓе. Откако ќе увиди дека неговиот експеримент предизвикал несакани последици, Виктор го напушта суштеството кое го создал и му се враќа на својот живот.[1] [2]