Флеш Валон
Лого на трката | |
За трката | |
---|---|
Датум | крај на април |
Регион | Валонија, Белгија |
Месно име | La Flèche Wallonne (француски) |
Дисциплина | Друмски велосипедизам |
Натпреварување | Светска турнеја на UCI |
Вид | Еднодневен класик |
Организатор | Amaury Sport Organisation |
Историја | |
Прво одржување | 1936 |
Одржувања | 86 (до 2022) |
Прв победник | Филип Демерсман (БЕЛ) |
Најмногу победи | Алехандро Валверде (ШПА) (5 победи) |
Неодамнешен победник | Дилан Тенс (БЕЛ) |
Флеш Валон или Валонска стрела (француски: La Flèche Wallonne) — професионална велосипедска друмска трка за мажи, која се одржува на крајот на април секоја година во Валонија, Белгија.
Првиот од двата белгиски арденски класици, Флеш Валон (Валонска стрела) најчесто се одржува во средината на неделата помеѓу Амстел Голд Рејс и Лиеж-Бастон-Лиеж. Едно време, Флеш Валон и Лиеж-Бастон-Лиеж се возеле една по друга, викенд именуван како „Le Weekend Ardennais“ (обете трки се организирани од Amaury Sport Organisation). Само седум возачи имаат постигнато победи на „Арденскиот двоец“ со победа на двете трки во истата година: Ферди Кублер двапати (во 1951 и 1952), Стан Окерс (1955), Еди Меркс (1972), Морено Арџентин (1991), Давиде Ребелин (2004), Алехандро Валверде (2006) и Филип Жилбер (2011).
Историја
[уреди | уреди извор]Флеш Валон бил создаден за зголемување на продажбата на весникот Les Sports во текот на 1930-тите и првпат била возена во 1936. Иако можеби не е сметана како една од класичните 'монументи', трката е широка прифатена како класик и се вбројувала во Светскиот друмски куп UCI и UCI ProTour. Станала дел од календарот на Светскиот ранкинг во 2009.
Како многу велосипедски трки, текот на трката била значително менувана низ годините, како во должината, така и самата рута. Настанот бил првпат возен на патиштата од Турне до Лиеж (растејќи од 236 километри до 300 километри - најголемото растојание - во 1938), но потоа Монс станал почетна точка. Од 1948, трката започнувала од Шарлерој; од 1960 трката била возена во обратна насока, започнувајќи го ЛИеж и завршувајќи го Шарлерој (или од 1965, Марсинел). Неколку години трката започнувала и завршувала во истото место: Вервие (1974–1978) или Хуи (1983–1985). Од 1986, трката започнувала во Спа и завршувала во Хуи. Од 1990, растојанието на трката не преминало повеќе од 210 километри.
Денес, трката започнува во Шарлерој и оди кон исток до Хуи, каде возачите прават три круга на тешкото искачување Мур де Хуи, со неколку секции стрмни повеќе од 15%. Крајот е на врвот на Мур по третото искачување.
Само четири воачи ја имаат трката трипати, двајца од нив Белгијци и двајца Италијанци. Сепак, белгиските возачи доминирале раните години на настанот, победувајќи ги првите 11 изданија на трката и малку повеќе од половината изданија вкупно (38 победи, вклучувајќи ја 2011). Италијанците ја освоиле трката 18 пати.
Победници
[уреди | уреди извор]Победници по националност
[уреди | уреди извор]# на победи | Држава |
---|---|
39 | Белгија |
18 | Италија |
11 | Франција |
8 | Шпанија |
3 | Швајцарија |
2 | Данска |
1 | Германија |
1 | Холандија |
1 | САД |
1 | Луксембург |
1 | Австралија |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Флеш Валон“ на Ризницата ? |
- Официјална страница
- Достигнувања на Cycling Archives
|