Фернандо VI (Шпанија)
Фернандо VI од Шпанија бил крал на Шпанија од 1746 година до 1759 година. Фернандо е роден на 23 септември 1713 година во Мадрид, Шпанија. Тој е вториот син на Филип V од Шпанија и неговата прва сопруга Марија Луиза Савојска. По само неколку месеци од неговото раѓање неговата мајка починала а татко му се оженил за Елизабет Фернезе. Во 1729 година Фернандо се оженил за Марија Варбара од Португалија. На 9 јули 1746 година Фернандо се качил на престолот. Тој ја наследил војната која веќе се водела со Австрија. во текот на неговото владеење тој ја повлекол Шпанија во т.н. Војна за Австриско наследство. Тој вовел повеќе реформи како создавање на банка Гиро Реал во 1752 година, ја модернизирал флотата, ги обновил односите со црквата и имал голем придонес во културната обнова на Шпанија. Фернандо починал на 10 август 1759 година.
|