Тор Хушовд
Хушовд на Трката околу Калифорнија 2011 | |||||||||||||||
Лични податоци | |||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Цело име | Тор Хушовд | ||||||||||||||
Прекар | Бог на грмотевицата, Бикот од Гримстад | ||||||||||||||
Роден | 18 јануари 1978 Гримстад, Норвешка | ||||||||||||||
Висина | 1,83 м | ||||||||||||||
Маса | 79 кг | ||||||||||||||
Податоци за клубот | |||||||||||||||
Мом. клуб | пензиониран | ||||||||||||||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||||||||||||||
Улога | возач | ||||||||||||||
Вид на возач | универзален возач | ||||||||||||||
Професионални клубови | |||||||||||||||
2000–2008 2009–2010 2011 2012–2014 | Кредит Агрикол Сервело ТестТим Гармин-Сервело Аксент.џобс-Вилемс Веранда | ||||||||||||||
Значајни победи | |||||||||||||||
| |||||||||||||||
|
Тор Хушовд (норвешки: Thor Hushovd; р. 18 јануари 1978) — поранешен норвешки професионален друмски велосипедист, кој се натпреварувал од 2000 година до 2014 година. Познат бил во спринтот и хронометарските трки; Хушовд бил трикратен национален друмски првак (2004, 2010, 2013) и победник на Светското друмско првенство во 2010 година. Тој бил првиот Норвежанец, кој водел на Тур де Франс и првиот Скандинавец, кој победил на друмската трка во велосипедизам на Светското друмско првенство. Исто така, тој е Скандинавец со најмногу етапни победи на големите трки. Тој е сметан како најголем норвешки велосипедист на сите времиња. Се повлекол од велосипедизмот во септември 2014 година.[1]
Личен живот
[уреди | уреди извор]Хушовд моментално престојува во Монте Карло,[2][3] со неговата жена Сузана,[4] и нивната ќерка Изабела (р. 2009).[5] Меѓутоа, семејството поседува и куќа во Гримстад, Норвешка.[6]
„ | „Кога ќе се преселиш во место каде не треба да плаќаш данок на приход, нема потреба да криеш дека тоа многу значи. Но, не е само поради даноците... туки и поради динамичните друштвени настани и исправно“. | “ |
Кариера
[уреди | уреди извор]Хушовд станал светски хронометарски првак за под 23 години и ги освоил верзиите на Париз-Рубе и Париз-Тур за под 23 години пред што станал професионалец во 1998. Тој бил норвешки шампион во хронометар во 2004 и 2005 и друмски првак во 2004 и 2010. Во 2006, тој освоил седум UCI ProTour-трки и две етапи на Тур де Франс. Тој го освоил прологот во Стразбур и водел по првиот ден и покрај исеченицата на раката. Тој продолжил со шавови и повторно ја стекнал жолтата маичка по втората етапа со третото место. Тој ја освоил последната етапа, победувајќи го Роби Мекјуан во спринт. На Вуелта а Еспања 2006 тој ја освоил шестата етапа, ја облекол златната маичка на три етапа и победил во бодовниот пласман.
На Тур де Франс 2008, Хушовд ја освоил втората етапа во масовен спринт во завршницата.[7]
2009
[уреди | уреди извор]Во 2009, Хушовд возел за Сервело ТестТим.[8] Тој ја освоил првата екипна победа во сезоната на третата етапа на Трката околу Калифорнија. На Тур де Франс, тој ја освоил зелената маичка за бодовен пласман по вторпат, пред Марк Кевендиш. Обично спринтерите со најмногу етапни победи го освојуваат бодовниот пласман, но Хушовд имал победа само на една етапа, етапата 6, додека Кевендиш победил на шест. По контроверзната 14. етапа, каде Кевендиш бил потиснат во задниот дел од групата поради попречување на Хушовд, Хушовд нападнал сам на етапата 17, планинска етапа, освојувајќи два средни спринта.[9][10] Хушовд ја освоил третата етапа на Трката околу Мисури – 183 км на ридеста етапа – во септември 2009, во завршен спринт.
2010
[уреди | уреди извор]На 9 мај 2010, Хушовд ја скршил клучната коска на тренинг по судир со млада девојка.[11] На Тур де Франс, Хушовд ја освоил третата етапа, која била необична по возењето на калдрма. Бил подобар во спринтот од пет други возачи.[12] Оваа победа му ја донела зелената маичка, но на крајот ја изгубил од Алесандро Петаки од екипата Лампре-Фарнезе Вини.
На 3 октомври 2010, Хушовд го освоил светското друмско првенство, кое започнало во Мелбурн и завршило во Гилонг, Австралија. Тој бил првиот Норвежанец што го освоил.[13][14] VeloNews напишал: „Хушовд...доминантен на завршниот спринт на крајот на возбудливата трка од 267 километри, победувајќи го Данецот Мати Брешел и Австралиецот Алан Дејвис.“ Фаворитот, Филип Жилбер, бил фатен на три километри пред крајот.[15]
2011
[уреди | уреди извор]Во текот на Тур де Франс 2011, Хушовд ја носел жолтата маичка и на изненадување на сите ја задржал низ неколку ридести етапи, за кои не се очекувало да ги издржи и второпласираниот Кедел Еванс не можел да ја надополни предноста од 1 секунда, која Хушовд ја имал. Хушовд повторно ги изненадил неговите обожаватели на етапата 13, кога бил еден од првите возачи преку врвот од екстра категорија Кол д’Обиск и користејќи ги неговите супериорни вештини за спуштање (едно време се спуштал со брзина од 69 км/ч) ги стигнал и поминал водачите Давид Монкутие и Жереми Роа, со што ја освоил етапата. Тој повторно ги користел неговите вештини за спуштање на етапата 16, кога тој, Едвалд Боасон Хаген и неговиот совозач Рајдер Хесједал заминале први на спустот по Кол де Манс (спуст, кој за возачот во генерален пласман Енди Шлек изгледал преопасно за трката) и го победил Боасон Хаген во последниот спринт, со што ја освоил неговата втора етапа на Трката.
2012
[уреди | уреди извор]Хушовд, страдајќи од тогашен недијагностициран медицински проблем, морал да ја напушти Џиро д’Италија 2012 и да го откаже учеството на Тур де Франс и олимписката друмска трка.[16] Подоцна, медицинското ослабување било опишано како „вирус и воспаление на мускулите“ од тим на доктори.[17] Хушовд едвај да постигнал некој забележлив резултат во сезоната освен 14. место на Париз-Рубе. Во октомври, тој изјавил дека се надева дека ќе ја остави лошата година и вирусот зад него и дека е оптимист и мотивиран за сезоната 2013.[18]
2013
[уреди | уреди извор]Хушовд ја освоил својата прва победа по Трката околу Британија 2011 пред Том-Јелте Слагтер од {{{име на тимот-2013}}} на првата етапа на Тур ду Хаут Вар во февруари. Тоа било негова прва победа со Аксент Џобс-Ванти.[19]
Повлекување
[уреди | уреди извор]Во јуни 2014 година, Хушовд објавил дека ќе се повлече по Светското друмско првенство откако се борел со инфективна монунуклеоза од 2012 година.[20][21] Меѓутоа, откако имал тежок пад на Тур ду Поату-Шарент, Хушовд изјавил дека нема да учествува на Светските првенства.[22] Негова последна трка била ГП Импанис-Ван Петегем во септември.[1]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 1998
- 1. Светски првак во хронометар под 23 години
- 1. Париз-Рубе под 23 години
- 2000
- 7. Поединечен хронометар на Летната Олимпијада
- 2001
- 1. Етапа 5 (ТТТ) Тур де Франс
- 1. Краен пласман Тур де Норманди
- 1. Краен пласман Трка околу Шведска
- 1. Краен пласман Париз-Корез
- 2002
- 1. Етапа 18 Тур де Франс
- 1. Етапа 2 Тур де л’Ен
- 2003
- 1. Етапа 2 Критериум ду Дофине
- 1. Етапа 1 Вуелта а Кастила и Леон
- 2004
- 1. Национален првак во хронометар
- 1. Национален друмски првак
- 1. Етапа 8 Тур де Франс
- 1. Етапа 1 Критериум ду Дофине
- 1. Краен пласман Француско првенство во друмски велосипедизам
- 1. Класик Харибо
- 1. Гран При де Денен
- 1. Тур де Вандеја
- 2005
- 1. Национален првак во хронометар
- Волта а Каталуња
- 1. Бодовен пласман на Тур де Франс
- 1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 2 Критериум ду Дофине
- 3. Милано-Санремо
- 2006
- Тур де Франс
- 1. Пролог
- 1. Етапа 20
- Вуелта а Еспања
- 1. Гент-Вевелгем
- 1. Етапа 7 Критериум ду Дофине
- 1. Етапа 4 Тирено-Адријатико
- Волта а Каталуња
- 1. Бодовен пласман Четири дена на Динкерк
- 2007
- 1. Етапа 7 Џиро д’Италија
- 1. Етапа 4 Тур де Франс
- 2008
- 1. Пролог Волта а Каталуња
- 1. Етапа 1 Волта а Каталуња
- 1. Пролог Париз-Ница
- 1. Етапа 1 Средоземна трка
- 1. Етапа 6 Четири дена на Динкерк
- 1. Етапа 2 Тур де Франс
- 2009
- 1. Етапа 6 Тур де Франс
- 1. Бодовен пласман
- Етапа 17 Награда за борбеност
- Трка околу Мисури
- 1. Етапа 3 Трка околу Калифорнија
- 1. Омлоп Хет Ниувсблад
- Волта а Каталуња
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 4 Тур ду Поату Шарент
- 3. Париз-Рубе
- 3. Милано-Санремо
- 2010
- 1. Светски друмски првак
- 1. Национален друмски првак
- 1. Етапа 3 Тур де Франс
- 1. Етапа 6 Вуелта а Еспања
- 2. Париз-Рубе
- 2011
- Тур де Франс
- 1. Етапа 4 Тур де Свис
- 1. Етапа 4 Трка околу Британија
- 8. Париз-Рубе
- 2013
- 1. Национално друмско првенство
- 1. Краен пласман Арктичка трка на Норвешка
- Трка околу Полска
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 3 Трка околу Австрија
- 1. Етапа 1 Трка околу Пекинг
- 2. Национално хронометарско првенство
- 4. Гран при д’Исберг
- 5. Краен пласман Тур ду Хаут Вар
- 1. Етапа 1
- 6. ГП Уест-Франција
- 8. Ватенфал Класик
- 2014
- 9. Гент-Вевелгем
Распоред на резултатите на Гранд Тур
[уреди | уреди извор]2001 | 2002 | 2003 | 2004 | 2005 | 2006 | 2007 | 2008 | 2009 | 2010 | 2011 | 2012 | 2013 | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Тур | ДНФ | 112 | 118 | 104 | 116 | 120 | 138 | 96 | 106 | 111 | 68 | ДНЕ | ДНЕ |
Освоени етапи | 0 | 1 | 0 | 1 | 0 | 2 | 1 | 1 | 1 | 1 | 2 | — | — |
Планински пласман | — | 36 | — | — | — | — | — | — | 28 | 80 | 26 | — | — |
Бодовен пласман | — | 7 | 4 | 2 | 1 | 3 | 4 | 2 | 1 | 3 | 5 | — | — |
Џиро | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНФ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНФ | ДНЕ |
Освоени етапи | — | — | — | — | — | — | 1 | — | — | — | — | — | — |
Планински пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — | — |
Вуелта | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНФ | 82 | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ | ДНФ | ДНЕ | ДНЕ | ДНЕ |
Освоени етапи | — | — | — | — | 1 | 1 | — | — | — | 1 | — | — | — |
Планински пласман | — | — | — | — | — | 26 | — | — | — | — | — | — | — |
Бодовен пласман | — | — | — | — | — | 1 | — | — | — | — | — | — | — |
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Галерија: Кариерата на Тор Хушовд во слики“. Cyclingnews.com. Future plc. 20 септември 2014. Посетено на 20 септември 2014.
- ↑ NBC athlete profile
- ↑ Hushovd frustrert over Contador-avgjørelse
- ↑ Hushovd flytter til Monaco
- ↑ Ќерка за Хушовд
- ↑ Susanne Hushovd har alltid akseptert at syklingen er førsteprioritet for ektemannen.
- ↑ Хушовд среќен по победата на Тур де Франс, Афтенпостен 7 јули 2008
- ↑ „Тор Хушовд потпиша со новиот Сервело ТестТим“ (9 септември 2008) VeloNews.com[мртва врска]. Retrieved 10-3-2010
- ↑ „Посрамениот Кевендиш се извинува за изливот“. ББС Спорт. 24 јули 2009. Посетено на 25 јули 2009.
- ↑ Грегор Браун (23 јули 2009). „Хушовд нападна сам за зелената маичка“. Сајклинг Њус. Посетено на 26 јули 2009.
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на 2011-07-17.
- ↑ „Тур де Франс: Хушовд победи, но Томас е втор“. BBC Sport. BBC © 2012. 6 јули 2010. Посетено на 28 ноември 2012.
- ↑ „Тор Хушовд стана првак во светското друмско првенство“ (3 октомври 2010) VeloNews.com Архивирано на 8 септември 2011 г.. Retrieved 10-3-2010
- ↑ CyclingNews.com
- ↑ „Тор Хушовд ја освои виножито-маичката за Норвешка“. Сајклинг Викли. 2010-10-03. Посетено на 4 октомври. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Олимписки игри Лондон 2012: Тор Хушовд надвор од Игрите“. Daily Telegraph. 16 јули 2012. Посетено на 21 јули 2012.
- ↑ „BMC doc blames virus, muscle inflammation for Hushovd's poor season“. Velo News. 2012 Competitor Group, Inc. 7 септември 2012. Архивирано од изворникот на 2012-12-26. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ „Хушовд мотивиран за иднината по изгубената сезона 2012“. Cycling News. Future Publishing Limited. 17 октомври 2012. Посетено на 17 октомври 2012.
- ↑ „Hushovd wins Tour du Haut Var opener“. Cyclingnews. Future Publishing Limited. 16 февруари 2013. Посетено на 17 февруари 2013.
- ↑ „Хушовд, победник на 10 етапи на Тур де Франс, се повлекува“. Yahoo! Sports. 27 јуни 2014. Архивирано од изворникот на 2014-07-15. Посетено на 30 јуни 2014.
- ↑ „Хушовд ќе се повлече на крајот на сезоната“. http://velonews.competitor.com/. Velo News. Архивирано од изворникот на 2014-06-30. Посетено на 27 јуни 2014. Надворешна врска во
|website=
(help) - ↑ „Хушовд надвор од Светските“. Cyclingnews.com. Future plc. 30 август 2014. Посетено на 30 август 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Тор Хушовд“ на Ризницата ? |
- Матична страница
- Тор Хушовд на Твитер
- Тор Хушовд на Trap-Friis.dk
- Достигнувања на Cycling Base Архивирано на 8 јули 2011 г.
Награди | ||
---|---|---|
Претходник Петер Нортхуг |
Норвешки спортист на годината 2010 |
Наследник Александер Дале Оен |
|
|
- Родени во 1978 година
- Норвешки велосипедисти
- Норвешки етапни победници на Тур де Франс
- Победници на пролози на Тур де Франс
- Етапни победници на Шанзелизе на Тур де Франс
- Олимписки велосипедисти на Норвешка
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2000
- Велосипедисти на Летните олимписки игри 2004
- Етапни победници на Вуелта а Еспања
- Луѓе од Гримстад
- Норвешки етапни победници на Џиро д’Италија
- Светски прваци во велосипедизам
- Етапни победници на Тур де Свис