Томас Харди
Томас Харди | |
---|---|
Занимање | писател, поет, раскажувач |
Книжевно движење | натурализам |
Сопруг/а | Ема Лавинија Гифорд (1874–1912) Флоренс Даџдејл (1914–28) |
Потпис |
Томас Харди (2 јуни 1840 - 11 јануари 1928), англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време - „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го затапуваат трагично - фаталистичкиот поглед на светот.
Живот
[уреди | уреди извор]Таткото на Томас (умрел 1892 г.) работел како каменорезец и локален градител, а неговата мајка (умрела 1904 г.) била добро образована и го воспитувала Томас пред тој да тргне во школо на возраст од осум години. Уште на почеток од своето школување, Томас покажал академски потенцијал.[1] Сепак поради тешката финансиска состојба во која се наоѓале неговите родители, тој го завршил школувањето на возраст од 16 години, и почнал да работи со локалниот архитект. Во 1862 година тој се преселил во Лондон, и се запишал на колеџ. Томас Харди се интересирал за социјална реформа, и се запознал со делата на Џон Стјуарт Мил и Чарлс Фурие. Пет години подоцна, се вратил во Дорсет од здравствени причини и решил да се посвети на пишување.
Харди се разболел во декември 1927 година. На претсмртна постела ја диктирал својата последна поема на својата сопруга. Умрел на 11 јануари 1928 година, а погребан е на 16 јануари.
Неговите дела се ценети од многумина писатели вклучувајќи ги Д. Х. Лоренс и Вирџинија Вулф.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Claire Tomalin, Thomas Hardy: the Time-torn Man(Penguin, 2007) pp.30,36.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Викиизвор има оригинални дела од или за: Томас Харди |
- Томас Харди на Ризницата
- Дела од или за Томас Харди во разни библиотеки (каталог WorldCat) (англиски)
- Дела од Thomas Hardy на проектот „Гутенберг“
- Дела за Томас Харди на Семрежниот архив
- Works by Thomas Hardy in audio format from LibriVox
- Poems by Thomas Hardy Архивирано на 10 јули 2010 г. at Poetry Foundation
- Poems by Thomas Hardy at PoemHunter.com
- "The Dead Man Walking" (1909) Архивирано на 14 август 2020 г. and other Hardy poems at poetry-archive.com
- Thomas Hardy's Wessex Research site, including maps, by Dr Birgit Plietzsch
- The Thomas Hardy Society
- The Thomas Hardy Association Архивирано на 8 февруари 2021 г. (TTHA)
- Works by Thomas Hardy in e-book version
- Thomas Hardy's ashes at Westminster Abbey
- Pictures of Thomas Hardy visiting Marie Stopes at her lighthouse home on Portland, Dorset Архивирано на 8 февруари 2007 г.
- The Life and Death of Thomas Hardy @ Ward's Book of Days
- Hardy Collection Архивирано на 5 јуни 2010 г. at the Harry Ransom Center at the University of Texas at Austin
Оваа статија поврзана со англиски писател, автор или драматург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |