Прејди на содржината

Тастатура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Македонска тастатура
Стандарден распоред на македонската (и англиска) тастатура

Тастатура или стисница — најзастапениот влезен уред кај личните сметачи. Таа служи за внесување на податоци во системот и распоредот на тастерите потсетува на машина за пишување. При притискање на еден тастер, тастатурата праќа кодиран влезен сигнал до компјутерот што се прикажува на мониторот како визуелизиран симбол. Со настанување на сметачите воопшто се јавила неопходна потреба за проектирање на влезен периферен уред за внесување на податоци. Оваа машинска опрема служи за рачно внесување на азбучни и бројчени знаци, и истиот има вградено компоненти којшто овие знаци ги претвора во бинарни податоци. Една од најчесто користените единици без која било кој, личен сметач би бил само куп машинска опрема. Според начинот на прик-лучување тастатурите ги делиме на: -DIN-ПРИКЛУЧОК (deuche industy norme) германска индустриска норма. -PS2-приклучок (peripherial serial 2) периферно сериски модел 2 -USB-приклучок (universal serial bus) универзален сериски приклучок (магистрала) Според класата на изработка тастатурите можеме да ги поделиме на :

-SOFT (меки копчиња) -HALF (полутврди копчиња) -HARD (тврди копчиња)

Секоја од овој тип може да биде и со вграден клик (звучен сигнал) вообичаено со клик го користат дактилографите. Според кодната страна ( codepages) тастатурите можат да бидат означени за земјата или регионот во кој се продаваат, а во некој случај сретнуваме и ознаки на две кодни страни. Во последно време кај овој периферен влезен уред сретнуваме физички подобру-вања како што се ергономските тастатури, мултимедијални таста-тури (интегрирани додатни копчиња), тастатури со вградени читачи на магнетни картици, тастатури со вграден тракбол, тастатури со вграден тачпат итн.

Тракболот е топче вградено на тастатурата, тачпатот е вгра-дена плочка со која одиме со прстот на неа наместо на глушец. Од комбинираните тастатури погоре споменати,постојат и специјални изведби на тастатури кој се користат на таканаречените ПОС-терминали (овие тастатури се сретнуваат во продажните центри на наплатните каси).

Во поново време со напредокот на техниката сретнуваме и безжични тастатури (wireless keyboard) Овие тастатури имаат вгра-дено контроли за безжично поврзување. Во тастатурата е вграден примо-предавател кој испраќа сигнали кон ист таков примо-преда-вател поврзан на USB conector) на персоналниот сметач. Овој тип на тастатури се дели на: -Примопредавање по пат на звук на кој дометот им е многу поголем. -Примопредавател по пат на светлина на кој дометот им е ограничен.

Постојат поинакви тастатури:

Азбучнобројчена тастатура (AT) е вид тастатура со 84 тастери која има идентичен распоред со машините за пишување.

Бројчена тастатура (англиски: numeric keyboard) претставува група бројчени тастери сместени во десниот дел на компјутерската тастатура.