Прејди на содржината

Сува Планина

Од Википедија — слободната енциклопедија
Сува Планина
Поглед на Сува Планина
Највисока точка
Надм. вис.1964 м [1]
Географија
Сува Планина на карта

Карта

МестоМакедонија Македонија
Матичен венецМокра (Караџица-Јакупица)
Искачување
Најлесен патод с. Патишка Река.

Сува Планина — планина во средишниот дел на Македонија, која како северно продолжение на Караџица, претставува најсеверната и најсеверозападната крајна огранка на планинскиот масив Мокра (Јакупица). Се протега во меридијански правец во права линија од југ кон север, при што на исток е одделена со длабокиот дол на Патишка Река, а западната падина стрмно се извишува над Треска, при што таа претставува и вододелница помеѓу сливовите на Треска и Маркова Река.

Поглед на Сува Планина и Патишка Река

Започнува на југ од Караџица од пределот кај врвовите Остри Врв и Мирска Вода (2179 м.н.в.), по што нејзиното плоснато било на кое се наоѓаат месностите Пропаст, Зајачница, Кашкало, Добридолски Рупи како и Арамиска Пештера (Шпела Бозгуни) при што постепено се снижува кон север сè до селата Јаболци и Нова Брезница. Билото е целосно голо и покриено со трева, додека падините во јужниот дел се обраснати со борова шума, а крајниот северен дел со дабова и нискостеблеста и грмушеста растителност. На нејзините падини нема извори поради што таа и го носи името Сува Планина. Највисока издадена точка во вид на врв на средина од билото во северниот дел е котата 1964 метри надморска височина во пределот Кашкало, но на западниот раб над долот Треска на изразитиот карпест гребен има повеќе коти високи нешто над 2000 метри. Во северниот дел има три позабележливи издадени, но ниски врвови: Габрулица (1239 м.н.в.), Горни Покојник (1078 м.н.в.) и Остреш (1022 м.н.в.).

  1. Топографска карта: лист Скопје 2-4 (Умово), размер 1:25 000, Военогеографски институт, 1973