Северна небесна полутопка
Северна небесна полутопка или северно небо — северната полутопка на небесната сфера, односнo подрачјето кое лежи северно од небесниот екватор. За оваа произволна сфера велиме дека се врти во западен правец околу поларната оска поради вртењето на Земјата.
Целото северно небо е видливо од географскиот Северен Пол во секое време, и станува помалку видливо како што набљудувачот оди појужно. Јужниот истоветник на оваа полутопка е јужната небесна полутопка.
Астрономија
[уреди | уреди извор]Во контекст на астрономските расправи во врска со небесната картографија, оваа небесна полутопка се нарекува просто „северна полутопка“.
При изработка на ѕвездени карти, астрономите го поимуваат небото во сфера поделена на две по линијата на небесниот екватор. Северното небо (северната полутопка) е онаа половина од небесната сфера која лежи северно од небесниот екватор.
Дури и ако геоцентричниот систем е идеална проекција на земскиот екватор врз замислена небесна сфера, северната и јужната небесна полутопка не треба да се мешаат со полутопките на самата Земја.
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|