Прејди на содржината

Сашо Гешовски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Сашо Гешовски (Кавадарци, 31 октомври 1971 - Сплит, Хрватска, 6 мај 1991) бил првата жртва од Македонија во воените конфликти кои избија во 1991 година во СФРЈ. Тој бил застрелан на 6 мај додека чувал стража во касарната во Сплит за време на демонстрациите на поддржувачите на независноста на Хрватска.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Завршил основно и средно училиште во Кавадарци, а потоа заминал на отслужување на воениот рок во ЈНА, СР Хрватска. На 6 мај 1991 година во него пука маскиран припадник на МУП на Република Хрватска и со четири куршуми смртно го погодил младиот кавадарчанец. Во критичниот момент Сашко бил на задача пред зградата на Воено поморската област во Сплит. Неговото загинување претставува првата жртва во жестокиот воен судир, кој го предизвика распаѓањето на Југославија во 1991 година.[3][4]

На 7 мај 1991 година во Кавадарци во негова чест се одржал протестен митинг на кој учествувало скоро целото население од градот и околните места, за да го искажат својот револт и тага за смртта на својот сограѓанин. Неговото тело со воен хеликоптер било пренесено во Кавадарци.[5] На неговиот погреб присуствувале повеќе од 20.000 граѓани, дојдени од сите краишта на Југославија, а во Кавадарци била прогласена и тридневна жалост.[4]

На 6 мај во 2011 година точно во 11 часот кога во Сплит 1991 година бил убиен Сашо Гешовски, во организација на кавадаречкиот градоначалник и фамилијата Гешовски на градските гробишта во Кавадарци била одбележана дваесетгодишнината од трагичниот настан. Почит кон Гешовски и кон жртвите од распадот на СФРЈ оддал и претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. Во конфликтите кои започнаа во СФРЈ загинаа четириесетина македонски војници кои се најдоа во редовите на некогашната ЈНА.[6]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Киро Глигоров, Македонија е сѐ што имаме, Три, 2001, 190.
  2. Demonstracije u Splitu 1991 ispred komande JNA
  3. „Програма за одбележување на годишнини на значајни настани и личности во општина Кавадарци во 2023 година“ (PDF). kavadarci.gov.mk. 22 декември 2022.
  4. 4,0 4,1 „28 години од убиството на Сашко Гешовски“. www.ktv.mk. Посетено на 2024-07-02.
  5. „Триесет и две години од загинувањето на Сашко Гешовски, припадник на ЈНА и прва жртва при распадот на Југославија“. Независен Весник. 2023-05-06. Посетено на 2024-07-02.
  6. ОДБЕЛЕЖАНИ 20 ГОДИНИ ОД УБИСТВОТО НА САШКО ГЕШОВСКИ, [1]