Прејди на содржината

Рослински параклис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Голгота

Рослинскиот параклис ( англ.: Rosslyn Chapel) е црква од 15 век во местото Рослин (Roslin), Шкотска, кој во почетокот бил нарекуван “Параклис на Свети Матеј" (Collegiate Chapel of St. Matthew). Црквата била проектирана од страна на Вилијам Синклер од фамилијата Сенклер, шкотски благородници, кои произлегувале од норманадски рицари и, според легендата, биле сврзани со орденот на Тампларите. Црквата започнала да се гради во текот на 1440 година а официјално била завршена во 1486 година.

Некои исследователи параклисот го сметаат за едно од возможните места, каде е скриен Светиот Грал. Тоа е напишано и во романот на Ден БраунКодот на Да Винчи“.