Ромбоид
Изглед
Ромбоид | |
---|---|
Ромбоид е паралелограм кој не ниту ромб ниту правоаголник | |
Вид | Четириаголник |
Рабови и темиња | 4 |
Група на симетрија | C2 |
Плоштина | h·a |
Обем | 2a+2b |
Својства | испакнат |
Во геометријата, ромбоид е четириаголник кој има два пара паралелни страни (т.е. е паралелограм), но соседните страни не се исти (т.е. не е ромб) и нема внатрешен агол од 90° (т.е. не е правоаголник).[1] Од друга страна, поимот паралелограм вклучува и ромбоиди, ромбови, правоаголници и квадрати.
- Ромбоид е паралелограм кој не е ромб, ниту правоаголник, ниту квадрат.
Формули и особини на ромбоид
[уреди | уреди извор]Види и паралелограм.
- Ромбоид е паралелограм
- Спротивните страни се складни (со иста должина).
- Спротивните (внатрешните) агли се складни (со иста големина).
- Соседните агли се суплементни (збирот им е 180°).
- Ромбоид не е ромб.
- Соседните страни на ромбоид не се складни.
- Дијагоналите на ромбоид не ги преполовуваат внатрешните агли.
- Ромбоид не е правоаголник.
- Соседните агли на ромбоид не се складни. (Бидејќи ромбоидот е паралелограм, збирот на соседните агли е 180°. Доколку беа складни би биле по 90° и фигурата би била правоаголник.)
- Дијагоналите на ромбоид не се складни.
Симетрија
[уреди | уреди извор]- Ромбоидот нема осна симетрија.
- Ромбоидот како паралелограм има вртежна симетрија од 2-ри ред.
Впишана и опишана кружница
[уреди | уреди извор]- Ромбоидот нема ниту впишана, ниту опишана кружница, т.е. не е ниту тангентен четириаголник ниту тетивен четириаголник.[2][3]
Поврзани теми
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Weisstein, Eric W. (2013). „Ромбоид“ (англиски). Math World- A Wolfram Web Resource. Посетено на 1 септември 2013.
- ↑ Andreescu, Titu; Enescu, Bogdan (2006). Mathematical Olympiad Treasures. Birkhäuser. стр. 64–68. ISBN 978-0817682521..
- ↑ Usiskin, Zalman; Griffin, Jennifer; Witonsky, David; Willmore, Edwin (2008). „10. Cyclic quadrilaterals“. The Classification of Quadrilaterals: A Study of Definition. Research in mathematics education. IAP. стр. 63–65. ISBN 978-1-59311-695-8.