Роберт Трухиљо
Роберт Трухиљо | |
---|---|
Трухиљо на концерт во 2008 | |
Животописни податоци | |
Родено име | Роберт Агустин Трухиљо |
Роден(а) | 23 октомври 1964 Санта Моника, Калифорнија, САД |
Жанрови | хеви метал, треш метал, фанк метал, хардкор панк, хард рок |
Занимања | Музичар, текстописец |
Инструменти | Бас, гитара, вокал |
Период на активност | 1978–денес |
Издавачи | Ворнер Брос, Електра, Мегафорс |
Соработници | Металика, Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Mass Mental, Black Label Society, Ози Озборн, Medication, Џери Кантрел, Глен Типтон, Химата Кумарасихе, Трухиљо Трио |
Мреж. место | www.metallica.com |
Значајни инструменти | |
Fernandes пет-жичена Music Man Stingray 5-жичена Warwick бас гитара Fender Precision Bass Rickenbacker 4001 |
Роберт Трухиљо (анг. Robert Trujillo) е американски бас гитарист кој во моментов е член на Металика. Освен за Металика, Трухиљо има настапувано и за бендовите Suicidal Tendencies, Infectious Grooves, Black Label Society, а има соработувано и со музичарите Ози Озборн, Џери Кантрел и Глен Типтон.[1] Трухиљо има мексиканско потекло, а роден е во Санта Моника, на 23 октомври 1964 г.
Музичка кариера
[уреди | уреди извор]Првото искуство на музичката сцена го здобил како член на бендот на Ози Озборн, во доцните 90-ти.[2] Додека соработувал со Озборн, му се случила една непријатна афера. Имено, на ре-изданијата од албумите Blizzard of Ozz и Diary of a Madman, Трухиљо ги преснимил мелодиите на бас гитара, кои биле во авторство на неговиот претходник Боб Дејзли.[3] Дејзли бил многу незадоволен и својот револт од таквата постапка го искажал преку медиумите. Освен со Озборн, Роберт имал активности и со неформалната супер-група Mass Mental, чиј музички стил бил мешавина на реге, панк и метал. Со нив издал само еден албум, исклучиво наменет за јапонскиот музички пазар, и еден видео албум од нивниот концерт во Токио. Кратко бил член и во бендот Black Label Society, каде по поканата од неговиот колега Зек Вајлд, приредиле неколку свирки.
На Металика им се придружил на 23 февруари 2003 г. Освен него, во бендот се и Џејмс Хетфилд, Ларс Улрих и Кирк Хамет како членови со подолг стаж во групата.[4] Со нив првпат се запознал во 1993 г. кога неговиот тогашен бенд Suicidal Tendencies настапувал како предгрупа на Металика за време на нивната светска турнеја Nowhere Else to Roam. И наредната (1994) година настапувал во придружба на Металика, и тоа на турнејата Shit Hits the Sheds.[5] Аудуцијата за нов басист на Металика и неговиот избор биле документирани во филмот Some Kind of Monster. Добил еден милион долари како парична награда за неговото примање од страна на бендот. Како моментален басист на Металика, на 4 април 2009 г. бил примен во Rock and Roll Куќата на славните, заедно со неговиот претходник Џејсон Њустед (кој во 2001 заминал од Металика) и покојниот Клиф Бартон.
Глумечка кариера
[уреди | уреди извор]Трухиљо се има појавено во повеќе филмски улоги, од кои позначајни му се настапите во играниот филм „Куќен повик“ (1978) и комедијата „Калифорниски човек“ (1992). Исто така има добиено помала ролја во ТВ серијата „Чипс“, како и во мини серијата „Честа на разузнавачот“.
Приватен живот
[уреди | уреди извор]Роберт е оженет и има добиено син и ќерка, кои се викаат Тај и Лула. Неговата девојка, сегашна сопруга, Клои, има насликано пирографска слика од ацтечкиот календар на неговата бас гитара.[6] Неколку години по овој настан, кога Роберт слушнал дека Клои се преселила во Лос Анџелес, тој ѝ телефонирал од говорница, со намера повторно да стапат во љубовна врска. Заедно се веќе седум години, а од неодамна и се брачни другари. Неговата сопруга има сопствено мрежно место со име „Клои во уметноста“.
Дискографија
[уреди | уреди извор]Џери Кантрел
[уреди | уреди извор]- Degradation Trip (2002)
- Degradation Trip Volumes 1 & 2 (2002)
Black Label Society
[уреди | уреди извор]- 1919 Eternal (2002)
Infectious Grooves
[уреди | уреди извор]- The Plague That Makes Your Booty Move...It's the Infectious Grooves (1991)
- Encino Man Soundtrack (1992)
- Sarsippius' Ark (1993)
- Groove Family Cyco (1994)
- Mas Borracho (1999)
- Years Of Cycos (2008)
- Funk It Up - Live In France 1995 (2010)
- Mad Mad Muir Musical Tour (2011)
Suicidal Tendencies
[уреди | уреди извор]- Controlled by Hatred/Feel Like Shit...Déjà Vu (1989)
- Lights...Camera...Revolution! (1990)
- The Art of Rebellion (1992)
- Still Cyco After All These Years (1993)
- Suicidal for Life (1994)
- Year of the Cycos (2008)
- Mad Mad Muir Musical Tour (2011)
Глен Типтон
[уреди | уреди извор]- Baptizm of Fire (1997)
Mass Mental
[уреди | уреди извор]- How To Write Love Songs (1999)
- Live in Tokyo (2001)
Ози Озборн
[уреди | уреди извор]- Down to Earth (2001)
- Blizzard of Ozz (ре-издание) (2002)
- Diary of a Madman (reissue) (2002)
- Live at Budokan (2002)
Металика
[уреди | уреди извор]- St. Anger (2003)
- Some Kind of Monster (2004)
- Death Magnetic (2008)
- Orgullo, Pasión y Gloria: Tres Noches en la Ciudad de México (2009)
- Six Feet Down Under (2010)
- The Big 4 Live from Sofia, Bulgaria (2010)
- Six Feet Down Under (втор дел) (2010)
- Live at Grimey's (2010)
- Lulu (2011)
- Beyond Magnetic (2011)
- Quebec Magnetic (2012)
Со други музичари
[уреди | уреди извор]- The Blackest Box (2002)
- A Song for Chi (2009)
Филмографија
[уреди | уреди извор]- St. Anger со бонус ДВД (2003)
- Some Kind of Monster - документарец за Металика
- The Videos: 1989-2004 - збирка видео изданија
- Français Pour Une Nuit - албум во живо од концертот во Ним
- Orgullo, Pasión Y Gloria - Tres Noches En La Ciudad De México - ДВД издание од концертот во Град Мексико
- Големата четворка на трешот - ДВД издание од настапот во Софија, Бугарија
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Биографија за Роберт Трухиљо
- ↑ „Куса биографија за Роб“. Архивирано од изворникот на 2013-01-23. Посетено на 2013-01-08.
- ↑ „Кус преглед на кариерата“. Архивирано од изворникот на 2011-11-15. Посетено на 2013-01-08.
- ↑ Извадок од англиската Википедија
- ↑ „Негов профил на официјалното мрежно место на Металика“. Архивирано од изворникот на 2013-07-22. Посетено на 2013-01-08.
- ↑ Лични податоци за Трухиљо
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Роберт Трухиљо на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
Претходник Џејсон Њустед |
Басист на Металика 2003-денес |
Наследник / |
Поврзано
[уреди | уреди извор]
|