Прејди на содржината

Роберто Переира

Од Википедија — слободната енциклопедија
Роберто Переира
Лични податоци
Роден на 7 јануари 1991(1991-01-07)(33 г.)
Роден во Сан Мигел де Тукуман, Аргентина
Држава Аргентина Аргентина
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција среден ред
Клупски податоци
Сегашен клуб Удинезе Удинезе
Број 37
Младинска кариера
Ривер Плејт Ривер Плејт
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2009-2011 Ривер Плејт Ривер Плејт 45 (0)
2011-2014 Удинезе Удинезе 74 (8)
2014-2016 Јувентус Јувентус 48 (4)
2016-2020 Вотфорд Вотфорд 106 (16)
2020- Удинезе Удинезе 41 (7)
Репрезентација
2011 Аргентина Аргентина 20 4 (0)
2014- Аргентина Аргентина 19 (2)
* Ажурирано на: 17 јануари 2012
** Ажурирано на: 17 јануари 2012

Роберто Максимилијано Переира (роден на 7 јануари 1991) — аргентински фудбалер, играч од средниот ред на Вотфорд.

Технички одлики

[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што посилна нога му е десната, почесто е користен како лево крило. Примарна позиција му е плејмејкер.

Клупска кариера

[уреди | уреди извор]

Ривер Плејт

[уреди | уреди извор]

Перира дебитирал во аргентинската Примера Дивизион влегувајќи во игра за Ривер Плејт во 64-тата минута во поразот на неговиот тим со 4-0 од Уракан, на 16 мај 2009 во 14. коло од првенството.

Переира го напуштил Ривер и потпишал пет-годишен договор со екипата од Серија А, Удинезе неколку часа пред трансферниот прозорец да биде затворен на 31 август 2011 година. Своето деби во Серија А, го направил на 28 јануари 2012 кога влегол на местото на Маурисио Исла во 86-тата минута, во поразот на неговиот тим од Јувентус со 2-1 во Торино. Својот прв погодок во дресот на Удинезе, Переира го постигнал на 29 април 2012 со што го оформил конечниот резултат (2-0) против Лацио во 94-тата минута од натпреварот.

Јувентус

[уреди | уреди извор]
Переира во дресот на Јувентус во 2015 година.

На 24 јули 2014 потпишал договор со Јувентус, кој вклучува позајмица на една година за 1 милион евра со можност за целосен откуп за 14 милиони евра.[1] По негова желба му бил доделен дресот со број 37. Тој го направил своето деби за Јувентус на 30 август во Верона во натпревар од првото коло од сезоната во кој неговиот тим го совладал Кјево со 1-0, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Артуро Видал во 86-тата минута. Во следното коло при своето домашно деби го направил првиот старт за клубот во победата со 2-0 над неговиот поранешен тим Удинезе. Својот прв гол во дресот на Јуве го постигнал на 15 јануари 2015, во победата со 6-1 на домашен терен против Верона во Купот на Италија. Три дена подоцна против истиот противник го постигнал првиот гол за бјанконерите во Серија А, при победата со 4-0. На 4 април постигнал погодок во последните секунди од натпреварот на домашен терен против Емполи поставувајќи го конечниот резултат Јувентус 2 Емполи 0. На 2 мај го освоил своето прво скудето во кариерата, после победата на неговиот клуб над Сампдорија на гости со 0-1. Переира играл и во финалето на Лигата на шампионите во Берлин против Барселона, влегувајќи од клупата за резерви во второто полувреме на местото на чилеанецот Артуро Видал.

На 23 јуни 2015 е откупен за сума од 14 милиони евра која ќе се плаќа во три години, со максимални бонуси од 1,5 милиони евра во зависност од постигнувањата, потпишувајќи четиригодишен договор до 30 јуни 2019 година.[2] На 25 октомври 2015 година, во натпреварот на домашен терен против Аталанта, во кој Јувентус победил со 2-0, Переира заработил повреда на десното бедро, делумно поради рецидив, која го оддалечила од терените за повеќе од три месеци. Се вратил во акција на 7 февруари 2016, во победата на гости против Фрозиноне со 0-2, заменувајќи го Стефано Стураро во 66-тата минута.[3] Сезоната ја завршил со само 16 настапи во сите натпреварувања.

На 19 август 2016, англискиот Вотфорд го купил Переира за 13 милиони евра плус 2 милиони евра бонуси, потпишувајќи петгодишен договор со играчот.[4] Переира одбрал да го носи дресот со број 37 кој го носел и во Јувентус. На своето деби за Вотфорд на 27 август, Переира го постигнал својот прв гол за новиот клуб во поразот со 1–3 на домашен терен од Арсенал во Премиер лигата.[5]

Репрезентативна кариера

[уреди | уреди извор]

Переира бил повикан да ја претставува аргентинската репрезентација под 20 години на Светското првенство за играчи под 20 години 2011. Тој ги одиграл сите три натпревари од групната фаза, помагајќи и на Аргентина да ги порази Мексико и Северна Кореја и да одигра нерешено со Англија. Тој ја пропуштил победата над Египет во осминафиналето поради суспензија, но се вратил во почетната постава за четвртфиналниот судир против Португалија, во кои Аргентина загубила на пенали откако ниеден тим не постигнал гол за време на 120 минути игра.

Тој го направил своето деби за сениорската репрезентација на Аргентина на 11 октомври 2014 во пријателски натпревар против Бразил (0-2) одигран во Пекинг, откако бил повикан од страна на Херардо Мартино.

Хронологија на репрезентативните настапи

[уреди | уреди извор]
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Аргентина
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-10-2014 Пекинг Бразил Бразил 2 – 0 Аргентина Аргентина Пријателска - заменет 76'
14-10-2014 Хонгконг Хонгконг Хонгконг 0 – 7 Аргентина Аргентина Пријателска - влегол во игра 73'
Вкупно Настапи 2 Голови 0

Италија Јувентус

[уреди | уреди извор]
  1. Перира го засили Јувентус[мртва врска] Grid.mk
  2. UFFICIALE: Juventus, riscattato Pereyra dall'Udinese tuttomercatoweb.com
  3. Fabiana Della Valle (7 февруари 2016). „Frosinone-Juventus 0-2, Cuadrado e Dybala firmano la 14ª“. La Gazzetta dello Sport.
  4. „AGREEMENT WITH WATFORD FC FOR THE DEFINITIVE DISPOSAL OF THE PLAYER ROBERTO PEREYRA“ (PDF). Juventus F.C. 20 August 2016. Посетено на 20 August 2016.[мртва врска]
  5. Mike Parkin (28 August 2016). „Roberto Pereyra gives Watford hope in mixed display against Arsenal“. ESPN FC. Посетено на 15 September 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]