Религија во Лесото
Религијата во Лесото има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Доминантна религија во Лесото е христијанството[1], кое го почитуваат околу 90% од вкупното население и кое припаѓа на различни деноминации.[1][2]. Според CIA Factbook христијаните се околу 80%[3], а останати религии, но во мал процент се Традиционалните религии, исламот, јудаизмот и азиските религии[3].
Христијанство
[уреди | уреди извор]Протестантите зазимаат 45% од населението во Лесото (евангелисти 26%, додека англикански и други христијански групи зазимаат околу 19%)[1]. Римокатолиците зазимаат 45% од населението[1].
Христијанството пристигнало во Лесото од француските мисионери, на покана на кралот во 1830 година[4]. И покрај тоа што ги поканил христијанските мисионери, тој ја задржал својата традиционална религија и се развел од своите две жени кои го примиле христијанството[4]. Првичните извештаи на француските евангелиски мисионери го навеле канибализмот како дел од традиционалната религија во Лесото. Подоцнежните мисионери ги сметаат овие првични извештаи за неверодостојни и митски[5].
Традиционална религија
[уреди | уреди извор]Традиционалната религија може да се следи со археолошките докази од околу 10 век. Тие споделуваат теми со традиционалната религија Цвана. Според тоа, поглаварот на заедницата бил и нивни духовен водач.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 International Religious Freedom Report 2007: Lesotho. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
- ↑ Elias Kifon Bongmba (2015). Routledge Companion to Christianity in Africa. Routledge. стр. 393–394. ISBN 978-1-134-50577-7.
- ↑ 3,0 3,1 Lesotho Архивирано на 12 јуни 2007 г., CIA Factbook
- ↑ 4,0 4,1 Mark Juergensmeyer; Wade Clark Roof (2011). Encyclopedia of Global Religion. SAGE Publications. стр. 699. ISBN 978-1-4522-6656-5.
- ↑ David Chidester (1997). African Traditional Religion in South Africa: An Annotated Bibliography. ABC-CLIO. стр. 42. ISBN 978-0-313-30474-3.
|