Резонанца
Резонанца или резонанција ― тежнеење на системот да осцилира со поголема амплитуда на точно одредена честота. Ваквата честота, иако со мала сила, може да предизвика голема амплитуда на осцилирање на системот, бидејќи таа се поклопува со честотата на самиот систем, кој ја складира вибрационата енергија.[1] Во зависност од структурата на системот, при резонанција можно е истиот да се распадне, деформира или оштети. Резонанција се појавува кај сите видови вибрации и бранови. Постојат механичка резонанција, акустична резонанција, електромагнетна резонанција, јадрено-магнетна резонанција, резонанција на квантумските бранови, итн.
Пример за резонанција од секојдневниот живот е случајот на нишање лулашка. Туркањето на лулашка со иста сила во периоди на нејзината резонантна честота, ќе предизвика таа да оди погоре и погоре, додека обидот да осцилира побргу или побавно, ќе резултира со намалување на резонанцијата и висината до која ќе се искачува.
Друг пример е кога имаме вртење на оска. Кога честотата на вртење ќе се совпадне со честотата на оската (ќе се појави резонанција), доаѓа до нејзино искривување.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
-
Биење
-
Резонанција на математички нишала
-
Резонанција
-
Звучна резонанца на воздушен столб
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Katsuhiko Ogata (2004). System Dynamics (4th ed.). University of Minnesota. p. 617
|