Прејди на содржината

Разговор со корисник:Guc zc

Содржината на страницата не е поддржана на други јазици.
Од Википедија — слободната енциклопедија

Добре дојде!

Здраво, Guc zc, и добре дојде на Википедија! Благодарам за Вашите придонеси. Се надевам дека Ви се допадна проектов и дека одлучивте да останете. Еве неколку страници кои можеби ќе Ви се најдат како корисни:

Се надевам дека ќе уживате во уредувањето овде и во тоа што сте Википедијанец! Ве молам потпишувајте ги Вашите пораки на разговорните страници со внесување на четири тилди (~~~~); ова автоматски ќе го внесе Вашето корисничко име и датумот. Ако Ви треба помош, видете ја страницата Википедија:Прашања, прашајте ме мене на мојата страница за разговор, или поставете го прашањето на оваа страница, а потоа ставете {{помош}} пред прашањето. Уште еднаш, добре дојде! --Kolega2357-Bot (разговор) 13:38, 15 март 2013 (CET)[одговори]

Златна тегла ајвар за Вас!

[уреди извор]
ajvar Bojanstojmirov (разговор) 12:20, 26 март 2013 (CET)[одговори]

Маче за Вас!

[уреди извор]

Ч)

Buzho (разговор) 12:22, 26 март 2013 (CET)[одговори]

Маче за Вас!

[уреди извор]

Ч)

Buzho (разговор) 12:22, 26 март 2013 (CET)[одговори]

Вики проект

[уреди извор]

Здраво, кога ќе креираме вики проект, слично на ППЃП или ОХВП? --brest (разговор) 01:28, 2 април 2013 (CEST)[одговори]

Креиран е проект СКЗЦ, по урнек на горните два.--brest (разговор) 16:08, 8 април 2013 (CEST)[одговори]

Меѓувики

[уреди извор]

Здраво. Ја гледам одличната работа и баш ми е драго што има кој да се зафати за птиците во Македонија. Сакав да напоменам за врските до други википедии. Сега имаме нов систем, па би сакал да посочам како се прави. Кога преведуваш од англиската верзија, ќе забележиш под списокот на расположиви јазици во алатникот најдолу-лево „Edit links“. Кога ќе стиснеш на него, ќе те одведе на страница на Википодатоци (Wikidata) и на самото дно на страницата, под сите наслови на други јазици, ќе стиснеш на нова ставка („add/додај“), во левото поле ќе почнеш да пишуваш (на кирилица) „м...“ или „ма..“ и ќе ти испадне јазикот во списоче и ќе го стиснеш на него, а во десното името на статијата (или категоријата, шаблонот). и потоа на „save/зачувај“ (ставам два збора бидејќи не знам на кој јазик ќе ти се покаже). Еве пример, за да видиш како изгледа. Не ги гледај тие полиња горе со јазиците, тоа не користи тука. Оди право најдолу и додај јазик. Ако веќе постои, но статијата е преименувана и сл., тогаш подолу ќе го видиш македонскиот наслов во списокот и стискаш на „edit/уреди“, го внесуваш новиот (ако веќе е преименувана, т.е. преместена страницата на нашето вики), па на „save/зачувај“. Ако англиската статија (категорија, шаблон и сл.) најдолу нема „Edit links“, што е грешка што знае да се јавува, тогаш оди на германската или француската, и би требало таму да има (секако под локално име). Поздрав и секоја чест за работата --Б. Јанкулоски (разговор) 00:17, 19 април 2013 (CEST)[одговори]

Пред да правам пренасочувања, како и секогаш, проверувам во што е можно повеќе прирачни материјали, и не видов „р“ во името на птицата во литературен материјал како речник, правопис или научен труд за птици (вид. ова наспроти ова, и ова [посебен речник, иако на иста страница], а особено ова). Меѓутоа, доколку сето ова е впрочем неисправно и ако поимот „чучурлига“ навистина се користи во стручната јавност, тогаш ќе вратиме сè по старо, тоа е најмал проблем.

А тука на Википедија не сум „надлежен“ туку надлежен.

  • Кога се пишуваат работите, обично секој ќе ги прочита на свој начин, секогаш ќе се најде директно погоден, иако тој што пишувал немал таква намера. Со моите зборови немав никаква намера некого да навредам или омаловажам. Напротив, ви се восхитувам на работата и посветеноста на Википедија. Нова сум тука и навистина не знам како одат работите, наводниците на надлежен не беа ставени за да бидам иронична. Ако те погодија, ти се извинувам. Читанката, пак, од второ одделение ја спомнав бидејќи таму има песничка за чучулига и од таму ни е влезено во уво. И јас пред да ги напишам имињата на птиците проверував, чучурлига го има во Речникот на македонскиот јазик, па и во дигиталната форма [[1]]. Искрено, и мене не ми се допадна посебно, ама сакав да го испочитувам професорот на катедрата по биологија. Нема врска, може да биде и чучулига во насловите, ама никако да се спојува статијата со предложената. Таа треба да се избрише, бидејќи се однесува на Цуцул чучурлига, а не општо на чучурлигите, односно фамилијата. Поздрав Guc zc (разговор) 10:50, 25 април 2013 (CEST)[одговори]

Шаблон СКЗЦ

[уреди извор]

Шаблонот СКЗЦ се поставува на страницата за разговор на статиите не на самата статија. Не вака [2], туку вака [3]. Поздрав. --brest (разговор) 15:56, 24 април 2013 (CEST)[одговори]


Оф, добро, извини што те мачам да одиш по мене и да поправаш. Коооонечно сфатив. Јас тоа страницата за разговор никако да го укапирам. Арно што реагираше, како тргнав систематски, по двапати на сите статии ќе им ставев точка! Ама тоа е, уште не сум доволно искусна и вешта, плус и немам поим каде да ти одговорам, тука или на твојата страница за разговор, ај поздрав. Guc zc (разговор) 16:17, 24 април 2013 (CEST)[одговори]

ОК, на грешките се учиме. Обично се одговара таму каде што е поставено прашањето. Во нашиов случај на твојата корисничка страница. Доколку сакаш да добијам нотификација дека ми имаш одговорено може одговорот да го направиш и на мојата страница за разговор, но тогаш потешко се следи текот на дискусијата, доколку се разврзе подолг муабет. Поздрав. --brest (разговор) 16:26, 24 април 2013 (CEST)[одговори]

Пренасочување

[уреди извор]

Повеќе информации за пренасочување може да најдете овде. Но доколку статијата е веќе креирана под некое друго име, како во случајот со European Bee-eater, тогаш постојат два начина да се направи „преименување/преместување“ на статијата. Едниот начин е да се создаде нова статија Пчеларка и таму да се копира содржината од European Bee-eater, а во содржината на статијата European Bee-eater да се вметне #redirect [[Пчеларка]]. Другиот начин е многу подобар, секој корисник во своето мени: Читај, Уреди, Историја, ... има и опција за „преместување“ на статијата под ново име. На тој начин автоматски се копира содржината на European Bee-eater во Пчеларка, а во European Bee-eater се вметнува #redirect [[Пчеларка]]. Поздрав. --brest (разговор) 09:37, 1 мај 2013 (CEST)[одговори]

Наградени сте!

[уреди извор]
Награда за трудољубивост
Секоја чест за трудољубивоста и досегашниот придонес! Kiril Simeonovski (разговор) 18:45, 2 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Благодарам за наградата :)

Guc zc (разговор) 01:20, 4 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Птиците

[уреди извор]

Пред темелно да ги проучам сите достапни литератури (како наши, така и странски) ми се случуваше да заглавам со слични проблеми. Сепак, мислам дека нема простор за вознемиреност. Работејќи биолошки статии со години, заклучив дека дефинитивно постои правило со наставките за ранг, а исклучоците се помали. Има многу нешта за кои не постои превод во ниедна литература, а преводот е напати очигледен. Како правило, јас и Boyan, кој е професионален еколог, се водиме според логиката на останатите јазици каде систематиката е поразработена и според самата логика на научната класификација. Пример: доколку Charadriidae се фамилијата пескари, тогаш Charadriiformes би биле „пескаровидни“. Бугарското „бекасови“ не изгледа на исправно, бидејќи кај нас бекасината е од родот Gallinago. Затоа, слободно види как гласи родот, па така изведи ја и фамилијата, па ако е исто, и редот. Сепак ќе мора да биде „пескаровидни“.

Наставките -видни и множината за родови е сосема соодветен систем. Исклучок се некои, што имаат само „-ни“ како „дождосвирни“. Трет случај пак, се оние што ги опишувам во текстов, каде имаат јасно поинакво име во обична множина, што поимовно ги опфаќа сите. Јас го сметав „барски птици“ за ваков случај, па затоа не земав да го менувам.

Мал совет: можеби досега забележа дека создавам категории за фамилии (и сл.) што ги немаме како статии. Целта ми е не само благовремено обезбедување на категории, туку и да имаме по што да се водиме при пишувањето на истите. На пр. Scolopacidae е оставено така (дури денес успеав да направам наша категорија за фамилијата) но ако ја погледаш англиската Category:Scolopacidae, и видиш во јазичните како гласи нашата варијанта што јас сум ја ставил, и нема да го имаш проблемот (во случајов е „Категорија:Шлуки“). Така проверувај ги секогаш (јас самиот своите така ги проверувам, што ги имам поодамна направено) за да бидеме доследни во поимите. Секако, не можам тоа да го обезбедам за сите родови наеднаш, но вреди да се прави колку што имам време и сили. Тука да вметнам мала дигресивна забелешка: „шлуки“ наместо шљуки, тоа е точно. Но „луња“ е луња, не е луна. Како таква ја знам уште од дете. Да не ја тегавам работава, сакав да речам дека можеш кога сакаш да ми се обратиш со некаков список на фамилии, родови или што и да е, и јас да ти ги откријам исправните називи што треба да се користат, а воедно ќе ги направам и како категории.

Исклучоците од овој систем на наставки се само во извесни воопштени називи, каде, јазично гледано, систематиката престанува да игра било каква улога поради тоа што имаат имаат збирен назив според некое својство. Така, имаме на пр. „ноеви“, но научниот назив се однесува на нивната безлетност и има наставка -formes. Ова е случај кај другите јазици што користат номенклатура на матичен јазик (барем 2/3 од јазиците). Твојот пример со барски птици е токму таков, но во случајов ми делува на преслободен превод (затоа предлагам „пескаровидни“), бидејќи постојат други птици што живеат во мочуришта и плитаци а не влегуваат тука (најочигледен пример се, секако, патките). Во еден просечен случај на недоумица, се гледаат другите словенски јазици, па германските и романските (секако и англискиот, но знае да не биде описен, туку чисто народен, што често не помага), а како втора мерка, доколку не е јасно, да се преведе латинскиот/старогрчки назив (во некои случаи се совпаѓа, но има доста кајшто немаат врска). По правило, што повисок е рангот, тоа поверојатно е дека научното и народното би се совпаѓале. Латинскиот ми е солиден, ама старогрчкиот ќе треба да почека подобри времиња (можеби и попријателски кон нас), па затоа се користам со ова помагало за толкување на научните називи. Нема сè, и често се случува да потрошам доста време пребарувајќи етимологии, но се исплати. Мислам дека со птициве нема да биде толкав проблем. Покрај немањето на некои називи, забележав и извесни називи во мојов најнов список од Макед. екол. друштво (а и од твојот, во случајов) кајшто името е едноставна транскрипција: крекс (Crex crex), меѓутоа јас знам дека таа птица се вика „прдавец“, а гледам и сите други јазици имаат свој назив (што не е случај онаму кајшто навистина треба да стои, како со ибексот). Затоа, не би го земал списокот како стопроцентно меродавен, туку како нешто што е во голема мера меродавно, но не е идеално (се случуваат грешки и кај стручните лица).

Како што добро забележа, родовите знаат понекогаш да се во еднина, а понекогаш да имаат множински облик. Ова е повеќе јазично отколку стручно прашање, но треба да се внимава на него. Во еднина треба да стои кога е потфамилија со исто име како фамилијата (латинскиот секако, има поинакви наставки, но тоа не се одразува во македонскиот) — тогаш врската ќе биде „X (потфамилија)“, ако фамилијата е попозната, која нема да има загради за појаснување. Друг позастапен пример е кога даден вид е многу познат во неговата еднина, па затоа останува со едно име (на пр. Лештарка), но родот може да биде „Лештарка (род)“ или „Лештарки“. Дали тука ќе е еднина или множина зависи од тоа дали има виш ранг со такво име. Најчесто фамилијата е таа што добива множина (по ова се разликуваме од бугарскиот и рускиот, кајшто добива придавка како кај нас редот, па затоа не се води по нив), а родовите можат да седат во множина само ако се поинаку именувани, во спротивно постои варијанта родот да биде „вистински Х“ или да стои „X (род)“. Во највеќето случаи се претпочита второто, освен ако првото не е многу застапено. Во примеров пак, имам некоја комбинирана варијанта, кајшто подредот е многу познат како таксономска категорија, но истото име го носи и родот, кој исто така е познат. Фамилијата пак, иако сум можел да ја дадам како „Х (фамилија)“, е најпозната како „вистински Х“, па така и стои. Го посочувам примеров со надеж дека нема да те збунам, туку да дадам нагледен пример за што повеќе ставки.

Начелната недоследност пак, се должи на тоа што народната и научната систематика не се совпаѓаат наполно, и како што самата сигурно имаш забележано, се јавуваат видови од различни родови кои на македонски се именувани како да се од ист род (на пр. трскарите). Од тие причини не треба строго да се водиме ни по англиските еквиваленти, бидејќи и тие знаат да го прават истото, но не секогаш складно со македонските. Тоа може да се должи на визуелната сличност, која за народот била единствен аршин, и поради синонимијата, која опстојува и покрај прераспоредувањето на видовите според новите генетски сознанија. Сето ова не е проблем бидејќи е нормална појава, па затоа и даваме латински називи.

Како посебна работа да ги споменам авторите на таксоните. Мислам дека веќе знаеш, ама јас би спомнал за секој случај дека името треба да се преведува само во првиот дел лево за внатрешна врска, но фактички мора да стои на латиница бидејќи е во својство на стручна ознака (затоа никаде ги нема преведено имињата на научниците ни во наши трудови, дури ни на луѓе како Караман). Но мислам дека веќе тоа го знаеш, бидејќи на доста статии имам видено дека стои исправно.

Големите букви јас ќе ги средам со алатка за да испаѓаат мали. Гледам дека има повеќе пропусти во самата обука (проблем со долгогодишна историја). На пример, категоризацијата мора да биде многу спастрена и сосредоточена, а организаторот не ви кажал да не ги заведувате сите поединечни видови птици под категоријата „Птици“. Правилото е видовите да се категоризираат само до фамилија, со извесни исклучоци кајшто треба ред поради монотипност или ако фамилијата е неважна (тоа можеш да го видиш по тоа колку врски има нејзиниот еквивалент на англиската, на пр. Ако има над 5, да речеме, тогаш може да се создаде). Се надевам дека се снајде со меѓујазичните врски, кои многу е важно да се стават веднаш, бидејќи во спротивно некој треба да оди и да бара која наша статија одговара на која англиска (или друг јазик), што не е секогаш јасно. Олеснителна околност во биолошкиве статии е што имаме меѓународни научни називи.

Да не заборавам уште две работи. Во инфокутијата десно, таксоните се внесуваат без закосеност и/или задебеленост сè до најпоследната ставка за биномниот назив на видот. Единствено кога ќе се дојде до вид (ставка species=), името треба да е задебелено, а единствено косо останува биномното под него (ставка binomial =). Може да се види во истиот пример од погоре.

Другата работа што сакав да ја спомнам е пожелноста да се користи долуприкажаното копче ({{науч|}}), кој на научниот назив веднаш по македонскиот на почетокот на статијата му додава зборче дека е научен (со врска) и го закосува, воедно ставајќи го во загради (затоа треба да се внимава да не испаднат двојни, или можам да ги тргнам од него ако така претпочиташ).

Се надевам дека со овој мој ферман не предизвикав преголем замор кај тебе. Едноставно морав да се искажам за сите нешта што треба да се имаат предвид, и секако, подготвен сум поединечно да образлагам за сè што ти се чини нејасно напишано или двосмислено. Инаку имав на ум уште поодамна да кажам дека неизмерно ја ценам ваквата посветеност, систематичност и трудољубивост, но истовремено и внимание за исправност во форматирањето, јазикот и научната доследност. Ова е нешто што нажалост гледаме ретко и доста од проектите направија хаос и се создадоа многу страници што сега се чудам како ќе ги средуваме — баш поради несоодветната обука што им се пружа (се разбира дека многу ценам сечиј труд како таков, затоа примедбите не се упатени кон самите учесници туку организирањето). Релативно скоро ќе имам прилика јас лично да учествувам во сето ова „на терен“ и се надевам дека тогаш ваквите потфати ќе имаат поквалитетен исход. Би сакал уште еднаш да нагласам дека ми е задоволство да видам исправно користење на јазикот. Многу пострадавме од тоа, но јазикот вон нас страда уште повеќе. Затоа наша задача е да го одржуваме и подновуваме со соодветни изрази. Оправданието од типот „така се изразуваат луѓето“ (досега чуен од значаен член) е смешен бидејќи ова е енциклопедија и има задача да кажува како треба, а не како е. Поздрав и прости за маратонскиов текст. --Б. Јанкулоски (разговор) 04:39, 5 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Мостра

[уреди извор]

Во ова дополнување би сакал да ти посочам една мостра, што илустрира добар дел од горенапишаното. Ако ги проследиш исправките на статијава, некои од нештата се јасни, но сега ќе образложам што сум направил со таксономијата. Освен што сум ставил „хордови“, како помакедонска постоечка варијанта на хордати, редот е сменет на „пескаровидни“ (за Charadriiformes) како изведенка од фамилијата Charadriidae (пескари). Тука доаѓаме до тоа што го кажав погоре, дека не секогаш народната таксономија е складна со научната. Кои сè птици ќе влегуваат во фамилијата со македонски назив „пескари“ а кои не, е просто да се одреди. Едноставно гледам дека има низа птици што се нарекуваат пескари и се од таа иста латинска фамилија, па затоа тие ќе бидат баш пескари (има други блатарчиња, ама не гласат charad...). Во случајов, птицата е од родот Limosa, за кој, по извесно истражување, разбрав дека треба да се нарекува „крајбрежни пескари“ (секако, тоа што има „крајбрежни“ не мора да значи дека се поткласа на пескарите {Charadriidae}, бидејќи, пак ќе речам, ова се заснова на народна таксономија). Фамилијата е Scolopacidae, па затоа гласи „Шлуки“. Ја ставив и „Категорија:Шлуки“ наместо досегашната „Птици“ бидејќи е преопшта и прави само метеж во вишите категории. Истото важи и за досегашната категорија „Барски птици“ (која сега ја заменив со „Пескаровидни“). И таа ќе треба да се испразни од конкретни видови, и истите да си имаат категории што оди до фамилија, грубо речено, според она што го објаснував горе. Останатото е јасно — ги вратив научниците во изворно писмо и го вметнав шаблончето за научно име на почетокот од статијата. Се надевам дека ова подобро го илустрира она што го расправам погоре на долго и широко, иако мислам дека не ќе беше исто ако немав и подробно образложение во прилог на ова. --Б. Јанкулоски (разговор) 05:37, 5 јуни 2013 (CEST)[одговори]

П.С. Сето време кога велам „пескари“ и „пескаровидни“, поаѓам од тоа дека Charadrii се „пескари“ (што го одредив на гореспоменатиот начин), но гледам дека ти го имаш напишано како овде како „блатарки“. Дали ова е произволно, или точно според литература? Гледам на списокот на птици на Македонија дека фамилијата Charadridae содржи четири вида од родот Charadrius, од кои само еден е наречен со поимот „блатарче“, а другите се водат како ваков или онаков „пескар“. Доколку имаш стручна литература што изрично вели дека Charadrii се „блатарки“, тогаш ќе се водиме по тоа. Инаку, гледам во „Македонска енциклопедија“ стои дека редот Charadriiformes се „бекасиновидни птици“ (секако, тамошните статии се повикуваат исто така на стручна литература), што би било добро решение, но има мала забуна. Имено, на мојов список (најнов) имам бекасини, но на овој на статијава што ги наведува има само едно споменување, и тоа во описно својство. Доколку твоите извори се померодавни, тогаш можеме да заклучиме дека „бекасини“ се застарени во полза на шлуки (т.е. дека тие по најново се прекласификувани во шлуки). Треба да се провери, бидејќи иако е најнов, авторот на мојот список кажува на почетокот дека е свесен за направени пропусти (не кажува кои). Може да се провери со професорот дали била направена ваква прекласификација или не. --Б. Јанкулоски (разговор) 06:18, 5 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Бекасови

[уреди извор]

Да,се согласувам да се водиме според енциклопедијата. Нека биде „бекасови” (,„птици” се чини непотребна додавка; оже така да гласи на почетокот од статијата,а им да има пренасочување. „Лештарка” можеш слободнно да ја менуваш,гледај секаде единиците за димензии.,тежина им тн. да биде со наши кратенки- кг,гр,см и слично. Б. Јанкулоски (разговор) 17:17, 5 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Мали забелешки

[уреди извор]

Здраво-живо. Мало потсетување за форматите во статиите. Направив некои исправки на „Голема пиштарка“, па не би било лошо да ги погледаш за да не ги објаснувам на долго со зборови. Она што можеби не се забележува толку лесно е видот во кутијата, кој треба да биде незакосен (впрочем сите македонски називи во кутијата, само научниот двоимен назив на крај треба да е закосен и синонимите или поттаксоните под него). Исто така илјадарките треба да се одделени со точка или со празно место (тука претпочитаме точка), а да не стојат со децимална запирка како во Насловот на звучната снимка исто така треба да се преведе (по „title=“, на пр. Огласување на..) За друго не знам што да кажам освен одлична работа иа се надевам дека ти и уште кој работи, ќе земете учество и во другите работи што ги планираме, а што треба да се уште позабавни. Секако, тоа е до вас. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 03:20, 12 јуни 2013 (CEST)[одговори]

Маче за Вас!

[уреди извор]

За трудот и статиите. Поз

Никола Стоіаноски 16:31, 9 јули 2013 (CEST)[одговори]

Конкурс за фотографија

[уреди извор]

Здраво, дали ќе сакаш да пишеш свое мислење (ти се чини корисно или не) околу конкурсот за фотографија на споменици во Македонија. На селска чешма ја отворив темата - линк. Поздрав --Виолетова (разговор) 15:41, 2 август 2013 (CEST)[одговори]

Здраво Билјана, им пишав да кажат мислење на активните корисници, па така и тебе. Не е проблем ако немаш мислење, или е негативно во моментов. Знам, многу статии кои треба да се обемни ни фалат или се само никулци. Чекор по чекор, сè ќе биде еден ден. За проектот за фотографии, овој проект е смислен од фондацијата и веќе го спроведувале останатите Википедии низ светот, па решивме да се приклучиме и ние. Проекти за пополнување статии ќе следат, се разбира. Посебно ме заинтересира мене проект кој е исто така на фондацијата, а се однесува на статии за жени, и би требало да се спроведе околу 8 март. Можеби ќе успееме и во тоа да се вклучиме. Поздрав --Виолетова (разговор) 18:52, 5 август 2013 (CEST)[одговори]
Одлично! Можеме и кафе да пиеме ако си за дружба. Мојот мејл за контакт: 777.zana@gmail.com Ти немаш оставено ништо за контакт на твојата страница? --Виолетова (разговор) 19:31, 5 август 2013 (CEST)[одговори]

Најактивен професор

[уреди извор]

Комисијата за избор додели прва награда за вашата активност во категоријата „најактивен професор“ во текот на учебната 2012/2013 година. Повеќе информации Википедија:Во вашето училиште#Избор на најактивни.--brest (разговор) 14:59, 23 август 2013 (CEST)[одговори]

Здраво

[уреди извор]

За секој случај видете тука. Позз--Р ашо 13:19, 25 август 2013 (CEST) Р.Ѕ. Најдобро е сликите да се подигнуваат на ризницата, а не тука локално на википедија.[одговори]

  • Не знам да ги подигнам таму. Што треба да направам за да влезат во ризницата?
Исто е како и тука. Еве директен линк (врска 1 или (врска 2)). Најважно е да има опис и соодветна лиценца. Позз и пријатно уредување--Р ашо 22:13, 25 август 2013 (CEST)[одговори]

Природонаучник

[уреди извор]

Јас со ова темпо работам со години и, искрено, таквото темпо мора да се одржува за да мотивираме нови учесници преку содржините (и секако, првенствено поради создавање на содржини што веројатно досега не постојат на македонски, што е од огромна важност). Името на природонаучникот му го сменив насекаде, сега е во ред — не знам како сум го направил тој превид. Добро е што ми посочи. Набргу ќе ти се приклучам на орнитолошките теми. Поздрав --Б. Јанкулоски (разговор) 01:27, 6 септември 2013 (CEST)[одговори]

За придонеси кон орнитолошките сознанија за Македонија

[уреди извор]
Птичарска награда
Ова е мала благодарница од мене, како знак на внимание и почит за макотрпната, систематска и посветена работа на статии за птиците на Македонија. Овие статии за прв пат на интернет ја воведуваат македонската јавност во богатството на нејзината авифауна на општоенциклопедиски, но сепак опсежен начин, достапен веднаш, при првото пребарување. Б. Јанкулоски (разговор) 14:11, 13 септември 2013 (CEST)[одговори]
  • Многу благодарам за наградата, иако малку ме изнасмеа, зашто и во околинава почнаа да ме викаат „птичарката“, а сега се закитив и со „птичарска награда“, па сум целосно комплетирана. Не, сериозно, фала, баш ми значи. Guc zc (разговор) 14:39, 13 септември 2013 (CEST)[одговори]

Класификации и сл.

[уреди извор]

Пишав, па се надевам дека ќе ја средиме работата. --Б. Јанкулоски (разговор) 00:12, 4 октомври 2013 (CEST)[одговори]

Уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“

[уреди извор]

Во тек е спроведувањето на меѓународниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2017“, кој учествуваат мноштво земји од Средна и Источна Европа, за чии земји недостигаат бројни статии на Википедија на македонски јазик. Помогни и приклучи се во спроведувањето на овој уредувачки натпревар со пишување на дел од предложените статии од самите организатори, со што значително би се подобрил квалитетот на самата Википедија. За натпреварот се обезбедени награди. Прочитајте ја самата проектна страница, а за сите прашања стојам на располагање. Поздрав, Ehrlich91

Помогнете да се зголеми квалитетот на нашата Википедија

[уреди извор]

Здраво, од 25 септември (утре) започнува нов уредувачки натпревар насочен кон зголемување на општиот квалитет на нашата Википедија преку подобрување и средување на сите можни статии кои се обележани со посебни шаблони за средување. Помогнете да го зголемиме квалитетот на нашата Википедија. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија подобрена во текот на натпреварот, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 15:52, 24 септември 2017 (CEST)[одговори]

Уредувачки натпревар за вулкани

[уреди извор]

Здраво, во текот на целиот декември се одржува уредувачки натпревар насочен кон пишување статии за вулкани од сите земји во светот, со што би се зголемил опфатот на нашата Википедија на оваа тема. За најдобрите тројца уредници, како и за најдобрата статија и за оној кој ќе напише најмногу статии за вулкани од различни земји, обезбедени се награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. --MediaWiki message delivery (разговор) 18:11, 4 декември 2017 (CET)[одговори]

1000 статии што секоја Википедија мора да ги има

[уреди извор]

Здраво, во текот на од 5 февруари до 4 март ќе се уредувачки натпревар со цел создавање и подобрување на статии на тема „1000 статии што секоја Википедија мора да ги има“. Според овој критериум, македонската Википедија се наоѓа на 37. место и целта на натпреварот е да го подигнеме квалитетот на нашата Википедија, создавајќи и подобрувајќи статии кои се оценети како неопходни од целокупната заедница. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:54, 31 јануари 2018 (CET)[одговори]

Почеток на регионалниот натпревар СИЕ Пролет 2018

[уреди извор]

Здраво, во текот од 21 март до 31 мај ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2018“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 22:14, 19 март 2018 (CET)[одговори]

Земете учество во натпреварот за средување на статии на нашата Википедија

[уреди извор]

Здраво, еден месец со почеток од 1 септември ќе трае уредувачкиот натпревар „Временски периоди“, чија цел е да се средат илјадниците постоечки статии поврзани со години, векови, години во области и слично. За натпреварот се обезбедени и награди. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 21:00, 2 септември 2018 (CEST)[одговори]

Регионален натпревар СИЕ Пролет 2019

[уреди извор]

Здраво, во периодот од 21 март до 20 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2019“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.

Да ги средиме статиите за државите во светот

[уреди извор]

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Држави во светот“ и да ги подобриме статиите за државите во светот во периодот од 1 до 31 јули, со кој сакаме да ги подобриме статиите за државите во светот на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија. --MediaWiki message delivery (разговор) 16:44, 29 јуни 2019 (CEST)[одговори]

Нов уредувачки натпревар

[уреди извор]

Здраво, те повикувам да се приклучиш на натпреварот „Автомобили“ и да создадеме повеќе статии за автомобилските модели во периодот од 20 септември до 19 октомври, со кој сакаме да создадеме нови содржини за оваа тема на нашата Википедија. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 22:35, 17 септември 2019 (CEST)[одговори]

Ракомет

[уреди извор]

Здраво, како што во Македонија е особено популарен ракометот, а темата на Википедија е доста слабо покриено, дојдовме до идеја да организираме уредувачки натпревар на тема „Ракомет“, со цел да ги подобриме постоечките статии, но и да создадеме нови. Натпреварот ќе се одржува цел декември. Има обезбедено награди за учество во натпреварот. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земи учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.--MediaWiki message delivery (разговор) 12:23, 30 ноември 2019 (CET)[одговори]

Translation request

[уреди извор]

Hello.

Can you translate and upload the article en:List of birds of Azerbaijan in Macedonian Wikipedia?

Yours sincerely, Karalainza (разговор) 20:38, 21 април 2020 (CEST)[одговори]

Земи учество во СИЕ Пролет 2021

[уреди извор]

Здраво, во периодот од 1 до 30 април ќе се одржува регионалниот уредувачки натпревар „СИЕ Пролет 2021“, во кој учествуваат заедници од цела Средна и Источна Европа, со цел создавање и подобрување на статии од сите тие заедници по однапред предложени списоци. Се разбира, дозволено е и пишување статии надвор од предложените списоци на заедниците. Обезбедени се награди за најдобрите тројца, како и за други категории. Прочитајте ја проектната страница за натпреварот и земете учество. Вклучи се и заедно да ја подобриме македонската Википедија.MediaWiki message delivery (разговор) 21:03, 3 април 2021 (CEST)[одговори]