Прејди на содржината

Прв триумвират

Од Википедија — слободната енциклопедија

Првиот триумвират бил политичка алијанса помеѓу Гај Јулиј Цезар, Марк Лициниј Крас и Гнеј Помпеј.[1] За разлика од вториот триумвират, првиот немал официјален статус и неговата моќ во римската република била многу влијателана. Формиран е во 59 г. п.н.е и траел сè до смртта на Крас во 53 г. п.н.е.

Историја

[уреди | уреди извор]

Крас и Помпеј бил колеги при конзуларство во 70 г. п.н.е. Во тоа време двајцата уживале значителна антипатија помеѓу себе и секој посебно се обидувал да го оттргне другиот за да си ја зголеми својата репутација во Рим.

Цезар успеал да ги помири, а потоа ја искористил нивната моќ, како и својата, за да биде избран за конзул во 59 г. п.н.е. Тој и Крас веќе биле пријатели, а за да го зацврсне триумвиратот, на Помпеј му ја дал својата ќерка Јулија. Триумвиратот ги искомбинирал огромната популарност кај народот на Цезар и големото влијание на Крас во плутократијата, а исто така и со воената репутација на Помпеј.

Триумвиратот бил чувај во тајна сè додека сенатот забранил предлог законот на Цезар за основање на колонии на Римски граѓани и дистрибуција на делови од јавното земјиште. При говор, законот му бил претставен на народниот совет кој бил напраднат од страна на Крас и Помпеј, откривајќи ја нивната алијанса. И покрај противењата, законот на Цезар бил одобрен. Потоа триумвиратите се обиделе да постават нивни луѓе на функцијата народен трибун во што успеале оттргнуваќи ги нивните најголеми противници Марк Тилиј Цицерон и Като Помладиот.

Триумвиратот продолжил да прави понатамошни промени во своја корист. Цезар станал проконзул и на двете Галии, односно Трансалпска Галија и Кисалпска Галија, а на нив бил додаден и Илирик со команда над четири легии, на пет години. Помпеј и Крас повторно делеле конзуларство во 55 г. п.н.е. По завршувањето на мандатот на Цезар, Помпеј и Крас истиот му го продолжиле за додатни пет години, а тие биле назначени за проконзули на Хиспанија и Сирија во пет годишен мандат.

Алијансата им дозволила на триумвиратите целосно да доминираат врз римската политика, но тоа не можело да трае многу долго токму поради амбициите, егото и љубомората на тројцата триумвирати. Помпеј, како и од порано, повторно почнал да му се спротивставува на Крас, а најмногу му завидувал на Цезар за неговите енормни успеси во Галија.

Смртта на Крас и Помпеј

[уреди | уреди извор]

Смртта на Јулија при пораѓањето и катастрофалната загуба и смрт на Крас во Битката кај Каре во 53 г. п.н.е имале огромно влијание врз распаѓањето на триумвиратот. Помпеј останал во Рим управувајќи ги своите Шпански провинции преку своите генерали. Во 52 г. п.н.е Помпеј бил избран за конзул без колега и силно учествувал во политиката на Рим што довело до тоа Цезар да ја помине реката Рубикон и да ја започне граѓанската војна. Помпеј бил назначен за командант на војската во Рим од страна на сенатот и бил поразен од неговиот поранешен пријател, Цезар, во Битката кај Фарсал. Иако Помпеј останал жил, тој бил убиен во Египет по наредба на египетскиот фараон оставајќи го Цезар сам владее во Рим.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. "First Triumvirate".4 март, 2010.