Прејди на содржината

Павле Трајанов

Проверена
Од Википедија — слободната енциклопедија
Павле Трајанов
Министер за внатрешни работи
На должноста
30 ноември 1998 – 27 декември 1999
Претседател Љубчо Георгиевски
Претходник Томислав Чокревски
Наследник Доста Димовска
Лични податоци
Роден(а) 25 декември 1952(1952-12-25)(71 г.)
Долни Радеш, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонец
Вероисповед Православен христијанин

Павле Трајанов (роден во с.Долни Радеш, Радовишко на 25 декември 1952[1]) — македонски политичар и претседател на партијата Демократски сојуз.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Трајанов е дипломиран правник со положен правосуден испит. Зборува англиски и руски јазик.

По завршувањето на Правниот факултет, во 1977 година се вработува во МВР, каде извршува значајни работни должности и кариерата ја завршува како министер за внатрешни работи.

Бил аналитичар, началник на одделение, началник на сектор за анализирање и истражување на безбедносни појави, советник, потсекретар на Службата за јавна безбедност, помошник министер за оперативни работи и министер за внатрешниработи (1998-1999 година).

Бил активен во средношколската младина во гимназијата „Коста Сусинов“ во Радовиш, претседател на младината на Правниот факултет и претседател на младината во МВР.

Во 1989 година заедно со 7 мина припадници на МВР (т.н. „осумтемина“ од РСВР) ја најави демократската пролет во Македонија, залагајќи се за воведување на повеќе партиски систем и спротивставувајќи се Службата за државна безбедности натаму да биде ударна тупаница на Сојузот на Комунистите и инструмент за елиминирање на политичките противници. Павле Трајанов, како дел од осуммината во МВР активно се вклучува во надминување на деформациите на безбедносните служби, како и во реформирањето на МВР.

Павле Трајанов, како потсекретар за јавна безбедност има значаен придонес за осамостојувањето на Македонија (1991-1993 година), како и во борбата против криминалот, корупцијата, посебно во борбата против организираниот криминал.

Во периодот 1991-1993 година, заедно со раководството и припадниците на МВР, целокупниот безбедносен ситем го вклучува за поддршка на идеите за самостојна Македонија.

Павле Трајанов ја иницира, организира и спроведува најризичната и најзначајната операција (во август 1991 година) за одземање на воената евиденција за резервниот состав од Републичкиот секретаријат за одбрана, со што спречува десетици илјади млади резервисти да бидат упатени на фронтови во Југославија.

Павле Трајанов го подготвува Договорот за дислокација на ЈНА од Македонија, го организира обезбедувањето на границите од страна на полицијата и силно се спротивставува на идеите и плановите на ЈНА, за воен удар во Македонија.

Во 1994 година, прв изјавува дека во Македонија има организиран криминал, во кој се вклучени носители на јавни функции, како и министри од Владата на Република Македонија.

Во 1998-1999 година раководи со МВР (министер за внатрешни работи), при што се спротивставува на обидите за дестабилизација на Македонија и успешно се справува со безбедносната криза, екстремизамoт и тероризамот, врши темелна реорганизација на МВР, со воведување на антитерористички центар, оддел за борба против организираниот криминал, емиграционо биро и др.

Во текот на 1999 година, под негово раководство Македонија прифаќа над 500.000 бегалци од Косово, ја одржува стабилноста на државата и спречува конфликтот од Косово да се прелее во Македонија.

Во јануари 2000 година го иницира формирањето на нова политичка партија –Демократски сојуз.

На 19 март 2000 година, на Основачкото Собрание на Демократскиот сојуз е избран за претседател на ДС.

Од 2006-2016 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија.

Павле Трајанов е член на Светската академија на науките за комплексна безбедност, пишувал колумни во „Дневник“, дал над 280 интервјуа, учествувал во повеќе дебати, одржал над 320 прес конференции и др.

Меѓу другите проекти кои ги изготвил и доставил до Собранието на Република Македонија, се вбројуваат и проектите за декриминализација „ДЕКРИ“ со кој се објавува „војна против организираниот криминал“, како и Стратегијата за фазнорешавање на спорот наметнат од Република Грција околу името на нашата држава.

Павле Трајанов е наградуван и одликуван, посетувал голем број на семинари, курсеви и специјалистички обуки, меѓу кои и на семинар организиран од Европскиот Центар за безбедносни студии „ Џорџ Маршал“ во Германија и др.

Функции во Собраниски тела

[уреди | уреди извор]

Павле Трајанов бил член во следните Собраниски тела:

-Комисија за европски прашања, член

-Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење накомуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, заменик-член

-Комисија за одбрана и безбедност, член

-Комисија за уставни прашања, член

-Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус напридружна делегација (ПС НАТО), член

-Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ -Република Македонија), заменик-член

-Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Државата Израел, претседател

-Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член

-Анкетна комисија за утврдување на околностите за загинувањето на претседателот на Република Македонијиа Борис Трајковски, член

-Комисија за надворешна политика, член

-Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член

-Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка соПарламентот на Швајцарската Конфедерација, член

Политички функции

[уреди | уреди извор]
  • Од 1998 до 1999 година бил министер за внатрешни работи.
  • Претседател е на партијата Демократски сојуз.
  • Пратеник бил во Собранието на Македонија во периодот 2006-2008, 2008-2011, 2011-2014, 2014-2016 г.
  • Од 2017 година во Владата на Република Македонија е именуван за Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Македонија.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
Политички функции
Претходник
Томислав Чокревски
Министер за внатрешни работи на Македонија
1998–1999
Наследник
Доста Димовска